Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 17.013
- Поени од реакции
- 23.392
Ти земјо наша Македонијо
Ти земјо наша Македонијо,ти си убавица на Балканот,
гробови правиш на тирани.
Тој што те сака да те има
коски остава под твојте ридови,
само да те има земјо мила.
Зарем ти не раѓаш синои херои
за да те бранат од душмани?
Крв ќе лееме старо и младо,
тиран да гази, не даваме.
Крв ќе лееме Македонијо
за твојто име, земјо мила.
Вардар и Пирин, Македонијо
и Бело Море земјо мила,
тебе ми те прават, Македонијо,
убавице жална на Балканот.
Тебе ми те прават, Македонијо,
убавице мачна на Балканот.
Пирин и Егеј, Македонијо,
две чеда твои разделени,
за мајка плачат, земјо мила,
за својта мајка, Македонија.
За мајка плачат, земјо мила,
за својта мајка Македонија.
Гоце и Јане, Македонијо,
ти си ги родила, земјо мила,
крв пролеаа, Македонијо,
за вечно име, земјо мила.
Крв пролеаа многу синои,
за твојто име, земјо мила.
--
ЗА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА
Ајде пушки пукат, оган горит,
ајде, оган горит од Јордана.
Море, од Јордана Пиперката,
море, од Јордана капидана.
Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2
Ајде, на Јордана бели бечви,
море, бели бечви, бел џамадан.
Јордан ми одит на високо,
пушка ми држи на широко.
Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2
Море, кај што пукнит, се погодит,
ајде, до кај оди душман бегат.
Море најпоеќе спахиине,
море, спахиине, Солунјанине
Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2
Ајде, каде одат аскер водат,
море, од страови Јорданови.
Ајде од Јордана оган гори,
море од Јордана срце боли.
Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2
Јонче Христовски
---
Кичевјани, московјани
Кичевјани, море, московјани,дал' видовте, море, кој помина,
кој помина, море, кој замина?
- Поминаја, аго, заминаја,
комитите, аго, од кичевско,
од кичевско, аго, од дебарско.
Први беше, аго, што врвеше,
кара Павле, аго, Лазоровчев,
кара Павле, аго, Лазоровчев.
Втори беше, аго, што врвеше,
русо Наќе, аго, Лавчанчето,
русо Наќе, аго, Лавчанчето.
Трети беше, аго, што врвеше,
калеш Пејчин, аго, Галичанец,
калеш Пејчин, аго, Галичанец.
Вечераа, аго, рудо јагне,
и пред зори заминаа,
заминаја аго за Смилево.
Заминаа аго, за Смилево,
од Смилево, аго, за Крушево,
од Смилево, аго за Крушево.
Ќе ми дигат, аго, востание,
востание, аго, Илинденско,
востанание, аго, македонско.
---
Во Крушево оган гори
Во Крушево оган гори,во Крушево густа магла,
во Крушево густа магла,
Мечкин Камен крв се лее.
Мечкин Камен крв се лее,
там' се бијат три војводи,
там' се бијат три војводи,
турска војска три илјади.
Прв војвода Даме Груев,
втор војвода Питу Гули,
втор војвода Питу Гули,
а третиот Алабакот.
---