Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Море ако влезеше ова...
Автоматски споено мислење:

Хахаа, Мрме пак бара крај кај судијата..

Можам да замислам на ЕП како ќе замара :D
 
Последен пораз на репрезентацијата беше на 16 Ноември 2019 кога изгубивме 2-1 во Австрија

Честитки, 365 дена без пораз!! :D

Во тие 365 денови ова е нашиот скор:

5 победи против Израел, Ерменија, Косово и Естонија дома, а против Грузија на гости (да, оваа победа против Грузија во финалето ни беше прва победа на гости во последнава година)

3 реми средби против Грузија дома и Естонија и Грузија на гости

Гол разлика:

13 дадени погодоци
8 примени погодоци
 
Елмас со надворешниве ко Лукас Васкез :pos:
 
Ова испадна како смо се надали, добро смо се удали. Можеа и бајаги подобро. Бејтулаи денес солиден. Стојановски мора да почне прв против Ерменија. И со Австрија во второ имаше такво добро полувреме и им лупна гол. Мислам дека и бод со Ерменија би било успех ако играме без бајаги од играчиве. Шишковски ми е и натаму хаотичен, страв ме фаќа дури (он може да се прави фраер со децата од Работнички и да изиграва хаос-пичке лудило кога и да пројде покрај Дежа Ву/Капитол) кога топката иде накај него.
Селекторов ќе треба да викне некој дополнително во средина. Добро е што Алиоски ќе игра на крило таа утакмица, а Ристовски до тогаш отрезнет ќе биде.
3 бода се 3 бода, ама реално на овие 5 требаше да им се даде и без Пандев.
 
Иако изедов гомна у прво, денес мора да му се оддаде почит на Тричковски. Одлична партија, трчаше напред назад цел меч, буквално капитенски одигра, плус и гол даде.

Втор што ќе го издвојам е Бејтулаи, дечкото денес ИСССССССКИНА, изигра на врвно ниво. Нестор и Трајковски очај, али ај небитно е тоа, битно е што победивме. И ова детево Стојановски што влезе, топ играч е, се глеа дека разбира фудбал.

Ќе ги упропастиме Ерменија, мртва екипа се.
 
Ги убивме во поим, комбинација од Баерн и Ливерпул второво полувреме. Слободно може и следното коло да играме со овие, да не се мачат да доаѓаат Ерменците :busi:
 
Тричковски одигра исто сосема солидно после долго време и за репрезентација.

Последнава со Ерменија очекувам он да ја реши, пошто се игра кај него на "домашен" терен у Кипар :)
 
Море ако влезеше ова...
Автоматски споено мислење:

Хахаа, Мрме пак бара крај кај судијата..

Можам да замислам на ЕП како ќе замара :D

И тоа бараше на 2,30 поминато од 4 продужение што ги даде, две минути унапред сакаше крај да свири :pos:
 
Сега најдобро Ерменија да тепа со Грузија па ние во последно коло и со нерешено сме први. Ако ги тепа Грузија двеве и ние со Ерменија може да се случи на гол разлика тие да одат. А колку се очај Естонија може и да ги наполнат во последно коло.
 
Стојановски има најголем потенцијал од напаѓачиве со оглед на тоа што има одлично движење без топка. Баш на многу наврати правеше втрчување во празно, но за жал не доби пас. Кога треба да напаѓаме мислам дека треба да биде пред Несторовски затоа што има подобар осет за гол, но кога ќе ни треба трпелива игра со напаѓач кој треба да спушти и загради топка како против Грузија тогаш Несторовски е многу корисен.

Инаку, некоја страна наназад гледам @SK-92 имаше добра анализа кои играчи би оделе на ЕП. Тие 21 што се стандардни и сигурно да ги чува здравјето до тогаш. Искрено Хасани и Велковски веќе не се на ниво за да ги земаме на ЕП. Плус во форот со Пандев, Несторовски, Стојановски, Тричко, Трајковски сме добро покриени. Нас ни фали уште еден играч како бекап кој ќе делува по лева страна дефанзивно и ќе биде замена за Алиоски. Знам дека Жута беше изгубен германец кога играше за репрезетнацијата, ама од тогаш се поминати неколку години, а има сериозен прогрес во кариерата и игра редовно во Серија Б за Лече. Сепак мора да имаме бекап на секоја позиција практично. За 23-тиот нека биде некој од младинците кој во иднина треба да биде прекомандован во сениорската репрезентација. Имаме добри потенцијали во Атанасов, Чурлинов...
 
Ерменциве ќе бидат мотивирани против Грузија поради конфликтот во Ерменија. Не знам некој дали примети по коментариве на УЕФА фејсбук страниците, Азербејџанците ги тешеа Грузијциве. Ерменциве па навиваа за нас. Да се чудиш. Во секој случај, поодморени ќе бидеме ние за разлика од Ерменците за некој саат. Мислам дека двете ќе се потрошат, а Грузија веќе е емотивно истрошена после поразот со нас. Небитно, убаво е да тепаме на Кипар, ама нема да е лесно без среден ред. Башка што Ерменија игра дивјачки пресинг фудбал кој не ни одговара.
 
Сега најдобро Ерменија да тепа со Грузија па ние во последно коло и со нерешено сме први. Ако ги тепа Грузија двеве и ние со Ерменија може да се случи на гол разлика тие да одат. А колку се очај Естонија може и да ги наполнат во последно коло.
Грузијциве исто ко нас ќе бидат, со мешан тим, немаат ептен мотивација, ќе биде мачење и таа текма за двете екипи, а да не заборавиме дека Ерменија брка победа за да остане во борба за Лига Б така да..се е можно таму
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom