Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Позади головите 100 денари, на јужна и северна 150 до 300-400 денари... за сите мечеви, без разлика против кој.
Голема работа, сме играле против Белгија, глеам на играчиве на Белгија вратот им тежи од медаљи... Упс, во последниве 30 години само еднаш играле на ЕП, и тоа домаќини биле. На СП немаат пласман повеќе од 10 години.
Плус одам за Македонија, не одам за Белгија... а за Македонија картата не треба да биде повеќе од 300-400 денари, а не како што планираат најниските 300, најскапите 600.
 
Кога ќе видим некој што очигледно си лапа добра пара, дека не му биле проблем 300-400 денари за карта, ми се сере! Да, точно. Не ви се проблем тие пари, ако земате добра плата и стадионот ви е на 500м од дома. Прашај ме мене, или па некој од подалечните градови дали му се малку тие пари. Под 1.000 не си, а тоа не е мала сума. Репрезентативните настапи не се само за тие со длабок џеб, туку за сите и треба да се бара некоја нормална цена за наши услови.
А и гледам, тешки патриотишта сте. Белгија играла, преку к*р ако била Белгија. Добро пиша дечково над мене, неможат Белгија глава да кренат од медали и учества по СП и ЕП, па вреди за нив и 1.000че да се даде. А и од толку многу патриоти, гледам секоја утакмица има по 35.000 на стадион. Кај сте вие истите да идете на некоја пријателска против Словенија и слични? Ама да, важно за големи утакмице вие сте најголемите патриоти и би дале и по 1.000 денари.

Незнам само што се филмате, 150 ден. за Исток и Запад, а 250 до 350 за Југ и Север е најреално и за ниедна утакмица не би требало да бидат поскапи картете.
 
Ми се чини додека беше претходната управа во ФФМ билетите за натпреварите беа поскапи за разлика од сегашниве.
Искрено мое мислење е дека секој може да си дозволи да оди на натпревар на репрезентација. Знаеме во каква држава живееме и какви ви се примањата на сите низ Македонијава, ама реално ако гледаме сите одат во обложувалници макар по 3 пати во неделата и се трошат минимум 300 денари.
Е па наместо таму да се фрлаат парите, ќе заштедат 150 денари и ете им билет за на Исток или Запад колку што чини моментално.
 
Мое мислење е дека дури мислиме за атмосфера а не за пари нема да имаме успех.
 
А и на федерацијата им е поисплатливо да бидат пониски цените. Пониски цени=полн стадион.
Место 5-6000 навивачи кои би платиле по 500 денари(тоа се околу 250 до 300 милиони денари), на секој натпревар на репрезентацијата ќе одат повеќе од 15000 навивачи, ако просечната карта биде околу 200-250 ден. и со тоа федерацијата од влезници ќе заработува по повеќе од 400 милиони денари од натпревар.
Стандардот во нашата ни држава не е баш на некое си високо ниво, а мислам дека националната арена е направена за македонскиот народ да може да гледа фудбал, а не само дечките во костуми и вратоврски од Владата и Министерствата и некои бизнисмени. ;)
 
1. Цените мора да се менуваат оти за жал 90% од народот не иде да ја гледам Македонија него тимот против кој игра Македонија. Такви сме, затоа мора и цените да се прилагодуваат во зависност од секој меч.

2. Доста кукање на тие надвор од Скопје. Ако ви е скапо гледајте на ТВ. Цел месец имате помал трошок од лугето во Скопје, еден ден ако потршите 500 денари повеќе не треба да е проблем, ако е тогаш подобро заштедете си ги и тие 300-400 денари за карта очигледно ви требаат.

3. Ако сакаме успех мора да сватиме дека за тоа некој треба да плати. Сакаме јака репрезентација, јаки контролки, успех во младински селекции се тоа си кошта. Крајно време е да се погледенеме и да сватиме дека за 3 утакмици годишно треба да издвоиме некој денар повеќе. Доста веќе со кретенски математики за 50-100 денари поевтина карта за никој тоа не преставува многу, 1 -2 пива. За репрезентацијата тоа се екстра 50-60 000е или чартер летот до норвешка, неколку турнири во странство на младите итн итн. Сакај ја Македонија на дело не само на збор.
 
Не треси зелени !
Прво да кажам јас на репрезентација имам одено преку дваесетина пати а од 98 познатите натпревари со ирска потоа со србија хрватска со холандија англија итн.. се до пред некоја година на пријателскиот натпревар со шпанија кој ми е последен(кога целиот крем беше само за да се сликасо шпанците) и ќе остане така се додека репрезентацијата било која не одигра натпревар во Битола дали у-19 или у-21 па може и а-селекцијата не е важно нема да одам на стадион во скопје да ги гледам !

1.Не е вистина дека 90% одат за противниците а не посебно сега во слуајот за белгија оти не се толку познати како што ги правите работата е шо се први во групата и имааат добра генерација а не дека се енкоај велесила сакав да кажам дека порано се одеше само за нашата репрезентација кога се бореаа и играа со срце псоел малку хари со нивните играчи ја смена сликата но сега сигурен сум тиа што ќе одат барем 90% ќе одат за нашите да ги бодрат оти почнаа нашите да играат како што треба !додека за цената нема врска реков погоре не играме со некоај велесила па и да играме со било кој треба цената да биде иста оти ова не пријателск натпревар па да имаат гостите други услови туку е натпревар од квалификации што значи ффм ќе ги кошта истот колку и гостувањата на другите репрезентации што значи не тоа оправдување ффм да се збогатува со парите на гледачите за повеќе пари ќе треба да бара од тв правата

2.Море дијаспорец шо математики правиш како ни имаме по мали трошоци кога платите се по мали надовр од скопје или основните трошоци за исхрана и сметки се на цела територија еднакви само платите што се мали или просек е 10000-12000 за мажи а 7000-9000 за жени иако скорор сите мои пријатели земаат по малку од просекот што го кажав значи не држи и оваа твоја глупава теза што се тие казнети па да не можат и не смеаат да ја гледаат репрезентацијата поради виските трошоци инаку и најминимално да трошиш ќе те фати над твоите 1000 денари со воз чинам дека картата е 650 денари а со автобус поскапа 750 денари кога ќе додадеш карта две три пива и нешто за јадење ја надиминува твојата смешна сума

3.Кој да плати бе пак народот оти да плати што ффм немаат пари па тие се најбогатат федерација и секоја година се со плус на салдото зошто се бореја да го сменат хари шо мислиш ти да не ги интересираа резулататите или наместените натпревари се знае дека се беше за пари многу глупости кажа што сакаш да кажеш дека со тие 50-100 денари што ќе ги плати народот ќе има нешто подобро ?Ај да нема пари ффм да дадеш и повеќе но не проблем парите оти ффм ги има и од донации од уефа и фифа треба работа и поставување на здрави темели а не да се богата на грбот на народот поради две три победи
Ние ја сакаме Македонија но не е некое дела ако платиш 12000 денари и повеќе за да ја гледаш репрезентацијата оти ние се жртвуваме за Македонија но за жал таа(државата=власта) ништо не дава за нас и само гледа да те искористи

ps.погоре скоро сите споменаа дека поголем ќар ффм финасиски и а трибини ќе има ако цената е по мала со тоа што ќе има повеќе гледачи но сепак нив не му толку важно дали ќе има гледачи и навивачи а не посебно на овај натпревар кога ќе дојди платини оти тоа е меч со две острици ΦΦΜ=УЕФА=ФИФА=Мафија !
 
Сакам Белгија да падне! Но нема да падне само од себе, потребна е работа и ангажман на сите спортски работници. По тој повод напишав и писмо до Факултет за физичка култура и уметност, до ФФМ и до Министерството за млади и спорт. Можеби на некого ќе му изгледа смешно, но јас не измислувам топла вода. Сето ова го прават другите, и многу повеќе од тоа. Ако некој се прашува како слабата Герминија ја победи Македонија во ракомет, можеби овде ќе го најде одговорот.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------Почитувани Дами и Господа,
почитувани Професори,

инспириран од работата на еден германски факултет за физичка култура и уметност, кој активно е вклучен во анализа и обработка на сите противнички репрезентации кои играат против Германија, решив да ве замолам за помош. Имено германските студенти потикнати од своите професори, подготвуваат детална документација и анализа со цел победа на сопствената репрезентација. Најголем успех на овие студенти е еден квалификационен натпревар кога Германија ја совлада Англија со 5:1, тогаш излезе информацијата во јавноста дека за оваа победа најголема заслуга имаат германските студенти, кои направиле детална анализа на англискиот фудбал.

Ве замолувам доколку тоа го дозволуваат вашите можности, да ги ангажирате вашите студенти да изработат семинарска работа,проект или слично со анализа и препораки со една единствена цел, победа на македонската фудбалска репрезентација на следниот квалификациски натпревар против Белгија во март оваа година. Ваквата работа, се надевам, не е во спротивност со наставниот план на вашиот факултет, впрочем вие ги образувате идните тренери, селектори, директори и други спортски работници. За наша среќа или несреќа има многу работа во македонскиот спорт на физички, психолошки и технички план. Исто така сум сигурен дека вашата работа ќе најде подршка и поздравување кај сите релевантни фактори како министерството за млади и спорт, за образование и фудбалска федерација на Македонија. Во ниеден случај не би можел да замислам дека помошта кои ја пружаат германсите факултети на своите спортски федерации е погрешна.

Од се срце ви благодарам за вашиот ангажман па дури и тоа да е само еден краток одговор на моето писмо.

Со почит

ХХХХХХХХХХХХ

п.с. На македонскиот фудбал итно му е потребна стратегија за подигнување на нивота на игра во второто полувреме. Исто така потребна е психолошка работа со секој фудбалер поединечно. Потребна е мотивација и подигнување на самодовербата и концентацијата на играчите.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Потреба е продуктивна работа, ако си вистински патриот и ја сакаш Македонија фати се за работа. Има многу работа, за почеток треба голманот на МК да се наполни со информации:
Кој шутира пенали за Белгија? Со која нога ги шутира? Во кој агол шутира? Има ли некој начин тоа да се предвиди? Кој изведува слободни удари? Како ги изведува? Што е со корнери?
Секој од нашите фудбалери треба да го знае својот играч како буквар.

п.с. За писмото не се секирајте, тоа ќе биде сигурно одговорено.
 
1. Цените мора да се менуваат оти за жал 90% од народот не иде да ја гледам Македонија него тимот против кој игра Македонија. Такви сме, затоа мора и цените да се прилагодуваат во зависност од секој меч.

2. Доста кукање на тие надвор од Скопје. Ако ви е скапо гледајте на ТВ. Цел месец имате помал трошок од лугето во Скопје, еден ден ако потршите 500 денари повеќе не треба да е проблем, ако е тогаш подобро заштедете си ги и тие 300-400 денари за карта очигледно ви требаат.

3. Ако сакаме успех мора да сватиме дека за тоа некој треба да плати. Сакаме јака репрезентација, јаки контролки, успех во младински селекции се тоа си кошта. Крајно време е да се погледенеме и да сватиме дека за 3 утакмици годишно треба да издвоиме некој денар повеќе. Доста веќе со кретенски математики за 50-100 денари поевтина карта за никој тоа не преставува многу, 1 -2 пива. За репрезентацијата тоа се екстра 50-60 000е или чартер летот до норвешка, неколку турнири во странство на младите итн итн. Сакај ја Македонија на дело не само на збор.
Лесно ти е да дробиш од странство. Клај се на наше место и кажи дали ти се исплаќа картата да биди 500 денари најевтината. Ама вие сте од метрополата, тие од провинција кој ги еба, ќе платат 4 пати поќе од вас ако сакат да гледат една утакмица на репрезентацијата а платите му се минимум 4 пати пониски од вашите.
Оти никој од Скопје не дојде да ја гледа репрезентацијата против Албанија ко се играше во Прилеп? Оти на пријателската шо се играше пред таа со Данска (мислам со Словенија беше) не го наполнивте стадионот туку имаше преку сила 1000 гледачи? На тие утакмици картата не беше ни 300 денари, а да не збораме за тие минимум 500 ти шо ги кажваш.
Ако е по 500 денари (сите карти по 500, не најефтината) ќе има околу 2 500 гледачи максимум. То ти се 1 250 000 денари или во евра околу 20 000.
Ако се по 150 - 200 денари (ќе земам 150) ќе има сигурно 15 000 гледачи минимум, а то се 2 250 000 денари или околу 36 500 евра.
Овде не прајме муабет дека ќе има карти и по 800 денари(кои ретко ќе се продат) и карти кои ќе бидат по 250-300 денари кои лесно ќе бидат продаени.

Нормално сега следи коментар „Ама јас живеам на ХХ ХХХ километри од Скопје и не одам на репрезентација “ . Заради то шо живејш на толку километри од Скопје нема шо да кажваш колку да бидат картите и дали се малку за нас шо не сме од Скопје 1 200 денари да ги потрошиме во еден ден.
Земи ги во предвид тие шо земат по 200-300 евра плата и одделват пари и за студирање (пример јас). Останват пари за утакмица или тие не се луѓе и неќат да ја гледат репрезентацијата?
 
Диши длабоко и прочитај уште еднаш што сум напишал. Значи карта 300-400 не 500. 500 ден повеќе максимум трошок, значи други работи. Реков и картите да се наплаќаат спрема противникот односно маркетибилноста на противникот. За пријателски друга тарифа, за малата друга, за белгија друга за бразил друга. Таков народ сме. Јас живеам подалеку од Скопје него ти. Не сум редовен ама кога сум во можност одам и дома и на гости и секогаш на мој трошок. Само авионската карта мене ме кошта колку што ти заработуваш за неколку месеци па ником ништа
 
Јаховиќ пак не бил стартер за Цирих во денешниот натпревар против Луцерн (1:1). Во 60-та минута влегол во игра.
 
сигурно ќе има над 10.000 публика доколку времето е како што треба..како прво од Белгија навивачите најавиле околу 500 така да од тука ќе има доста..не е скапа картата многу,многу ако се знае кога се играше со Англија кога беа по 1000 па и повеќе на црно се даваа..има еуфорија годинава за фудбалот после победите па и со Данска победава дојде добро и ја мислам ќе има доста.Под 5 евра карта за каков дуел нема никаде во Европа па и со Луксенбург кога играат некој имаат повеќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom