Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе навистина немам намера да трошам време гледајќи ја нашата репрезентација!
Ова го пишувам со тешко срце, ама ова навистина е срамно!
Почнувајќи од федерација па се до последен таму треба да стане да си оди. И, одново од нула да се почне.
Ги гледавте? Имаше жар и желба за победа? Јас такво нешто не видов.
 
Сите се убите (ФФМ (елитна селачката задруга))!!!
Гори сте и од денешниота управата на Хајдук!!!

п.с. Хајдук има навивачи, нема некои резултати и пари, а ми немаме навивачи, резултати и пари!!!
 
Сите фактори заеднички влијаат, прво политички одбрана федерација, неспособни клубови со исто така политички управи, никаква инфраструктура, циркузант селектор и се делува на тоа да се нема произведено ниту еден играч веќе 10 години.
 
Б-Тимови треба да се направат во пониските лиги, затоа немаме успех.:D
 
Подобро парите што ги инвестираа во Арената Филип Втори Македонски да ги инвестираа во некоја супер модерна сала за кошарка и ракомет. Барем во тие спортови имаме колку толку успех. На фудбалот сега за сега му нема спас со оглед на тоа што и младите селекции кој како стигне ги победува. Јас ја подржав идеајата и уште стојам на тоа дека професионалниот фудбал во Македонија треба барем за 5 години да се укине. А во тие 5 години целосно да се посветиме на инфраструктура и младите категории. Јас друг излез не гледам моментално сме 108 во светот а на добар пат сме да продолжиме да паѓаме. Прашање е дали воопшто сме во моментов на ниво на Луксембург.
И што си направил ако го укинеш репрезентативниот фудбал? :icon_lol:

Дај бе Џоница не треси, не е ова Белгија па со три реченици да кажеш, посветување на младински категории и успех ќе имаме за десет години. И сам знаеш дека проблемот е во исполитизираноста и корумпираноста кај нас само не ти се збори за тоа, џабе и 150 стадиони и 250 комплекси да направиме.
 
Не е до Бошко бе луѓе .
Толку ни е силата а и можностите.
Кој сака нека дојди , нема ништо да се подобри .
Мора да се работи да се подигни квалитетот на домашното првенство , оти допрва ќе тониме.

Потпис за ова. Видете само каков кадар имаме и каде ни играт фудбалерите. Сите заедно чина 18 милиони евра. Нели гледате дека немат кондиција издишаа во второто полувреме. Онаа што може да му се забележи на тренерот е тоа што тактиката му е над можностите на фудбалерите. Со други зборови прави тактика каде што треба многу да се трча и каде што му требат технички јаки фудбалери. Ние тоа го немаме. Ако е според можностите на нашите фудбалери ние треба да играме тактика „паркиран автобус пред гол„ исто како што игра Луксембург, Сан Марино, Андора и другите репрезентации од наш калибар. Ние имаме еден огромен проблем што си ги преценуваме можностите па очекуваме чуда. За жал тоа ни е квалитетот во Македонија и мислам дека 5 место во групата ќе биде одличен успех а за четврто место во групата мислам дека треба да им приредиме дочек на фудбалерите како да освоиле светско првенство.
 
Еден нема што отскокнува еј. Еден нема што се интересира да ја промени ситуацијата. Посед не се ни трудиме да земеме, прими ја топката, рокај нанапред, нафрлај во шеснаесетник, флипери тактика, ќе се одбие, ќе ја фати некој ќе шутне. Па и ги гледам пред секоја домашна утакмица на репрезентацијава, во Енрико господава седнати на крканлук со парите од повик, и во хотел кога се сигурно плејстејшн играат цело време. И оној Ѓуровски зел тефтерите демек запишува нешто, мислиш хибрид од Ван Гал и Мурињо е. Од прв поглед се гледа дека има изглед на локален кооперација пиљар а не на селектор.

Ѓуровски едино личи на Инспектор Клузо со тој капутот..

што се однесува до поседот, не е до трудењето, едноставно не знаат нашиве одбрандбени да почнат напад, да задржат топка, ладнокрвност нема.. затоа коа пробуваа да почнат напад се завршуеше со рогање на Пачовски...

Ја мислам дека начинот на игра треба да ни биде според (не)можностите, значи не сме ние за посед и напаѓачки фудбал, ни треба грчка тактика, бункер, многу души во одбрана со многу трчање, и чекање контри зашо ако ништо барем иаме неколку тркачи и крила..
 
Тотална селачката репрезентација!!!
 
Sleden natprevar vo ponedelnik Makedonija-Avstralija :vozbud:
 

@grande-juve
Јасно ама за таква игра ни треба дисциплина и многу мозок, високо ниво на концентрација. Грција тоа го постигна со германски тренер но со играчи желни за учење. Погледни ги само фаците на нашите фудбалери кои фатија кандида на готувањето во Португалија и ќе видиш колку се спремни за такво нешто :)
 
Кога беше Чедо Јаневски тренер, тогаш игравме многу добар фудбал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom