Тренерот. Зарем Обрван и сите странски и искусни селектори не ги знаат тактикиве?? Лесно е да се каже вака, ама тоа треба да се примени. Савески, Темелковски, Шундовски, Магдинчев, Доне, да не се подобри од Обрван?? Тогаш да не владеела некоја искреност, како што ми збори тука Стевче?? Не тогаш нашиве селектори немале никаков авторитет. Е во тоа е разликата, а не во некоја си искреност. Обрван не е мало бебе, па со него да се зафркаваат. Си ја знае работата, има тежок карактер, има и солиден успех направено со Загреб каде што влегоа мислам во 8 најдобри со слаб тим. Значи не е тука проблемот во федерацијата која им има створено секакви услови за овие квалификации или во Обрван, проблемот е во нашите ракометари. Јас грешка гледам во тоа што слабо ги ротираше Манасков и Борко, иако многу ротираше на другите позиции. Изгледа преголеми се егата на Кире, Наумче, Борко, Димовски, Ангеловски, па најдобро ќе ни одговарал само македонски селектор. Патем, што не се пријави Стефановски како кандидат за селектор? Или што не води некој клуб? Има знаење, а најверојатно и некој авторитет, ама мислам дека човекот си има некој бизнис. Муабетот за Шундо ми е дека во анализите за минатите натпреварувања, со игра послаба од оваа, а со подобри играчи, Стефановски ниту еднаш не кажа дека играта ни била катастрофа. Плус он самиот кажуваше тогаш дека се слушал со Шундовски. Може не сум у право, ама тоа ми е останато во сеќавање.
И што е со натурализирањето на играчите?? Интересно е што и Стефановски, како и Кире ги имаат оправдувано натурализирањата на Вугринец и Прибак, пред да почне првенството и пред Мојсо да се повреди. И сега Обрван и федерацијата и за тоа што го смениле мислењето им се криви?? Сите се согласуваме дека веќе ако се натурализира играч, тоа требаше на лев бек. Лично јас сум и против натурализирање, ама сеа не го коментираме тоа. И што е сеа поентава со квалитетот на Вугринец и Прибак? Епа не може никој да ми каже дека Прибак и особено Вугринец не се во најмала рака на нивото на поранешните натурализирани играчи што сме ги имале. Ако е поентата да се форсираат млади играчи, и тогаш можело да се форсираат такви место натурализираните. Кога сме кај тоа, Кире уште од тогаш се бунел за нив, така да не му е ништо ново, ама сега има многу поголем авторитет од порано.
Ќе ти реплицирам за овај дел од постот,за останатиот горе долу се солгласувам...
Не ја оспорувам стручноста на Обрван,напротив,дечкото има резиме зад себе,освои куп на ЕХФ со Метаковиќ,низ негови раце поминале добар дел од сегашните репрезентативци на Хрватска...
Но тој резултатите ги постигна во Хрватска....во тоа е предноста на еден тренер,години ги следи случувањата во една земја,ги знае играчите,менталитетот,работата во клубовите...
Овде е многу кратко,неполна година....
Којзнае ако остане можеби ќе има некој успех,под услов ако клубовите за него завршат работа,да извадат нови играчи,да се прошири тој ростер..
Како одат работите тешко засега,освен ако за брзо време тие деца од Металург не добијат шанса од Лино,Вардар тешко да извади некое дете барем не за брзо време...можеби за некоја година,период шо ние како репрезентација го немаме...
Да видиме Пелистер и Струмица шо ќе направат,можеби ќе излезат некои нови дечишта...
Па кога би имал со шо работи,со помлади играчи,со нов калибар на играчи можеби ќе личиме на нешто...
Шундо беше втурнат на фотељата,да не се повторуваме како,зошто,се знае....
Имаше некоја среќа,освои 5то место....
Темелковски,Савевски не ги споредувам овде,зошто овие го немаа ни одалеку она шо требаше да се задржат подолго време на клупата....(подршка од РФМ,толеранција од главните играчи)посебно ова се однесува на Савевски...
Тоа е,не дека се толку лоши нашите,на пример Темелковски ги познава грото од овие играчи,им беше тренер уште од најмали нозе...но нема авторитет,цел живот се шета во партал екипи како Пролет и тоа е...
Стефановски уште од почеток на кариерата стана селектор,не се прослави многу на СП во Египет,но и немавме некоја шанса против Германија,Југославија итн....
Малку си е препотентен човекот,самобендисан,не трпи недисциплина,имаше и некои бунтови на играчите кога беше тренер на Пелистер,таков си е...
Можеби и таков треба,ама да има одврзани раце од РФМ да воведе ред во селекцијата...
Но шо би било кога би било,Стефановски е директор на катастарот..
И на крај околу натурализираните играчи на времето..
Пази,не дека немаше квалитетни играчи..
Еве на пример Новокмет,класа десен бек,од најдобрите денови на Пелистер...
Ходик,врвен голман,имаше одлични партии за репрезентацијата,победата над олимпискиот првак Хрватска во 97 ма во Кале беше на негов грб...и цели квафиликации за ЕП во Италија 98 ма,посебно на одлучувачката утакмица со Португалија имаше преку 30 одбрани....
Зарков,класа пикер,можеби покрај Котевски најдобар пикер кој сме го имале....
Ова се играчи кои го задолжиле многу нашиот ракомет...
Е сега Николиќ,Мандиќ можеби не беа нешто посебно,ама бркаа работа,посебно Николиќ во одбрана..
Никој не негира дека Прибак и Вугринец се класа играчи,ама во моментов непотребно беше,ај за Прибак со повредата на Мојсо се отвори вратата,ама за Вугринец...
Посебно познавајќи го Кире каков нарцис е...а и Вугринец не бил некој шо преќутува,барем така кажуваат некои од играчите во Металург...
Како и да е,настрана дали ги сакале иле не,добро ќе беше да ги имавме,ама ете така испадна...
Тоа е,ќе мора нешто да се менува,да се подмладува...
Да видиме шо ќе ни донеси ждрепката денес,ако имаме среќа да добиеме некој послесен противник и да го задржиме континуитетот,ако го испуштиме Катар потешко ќе оди...