Македонец на чекор до соработка со Бијонсе!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
И Аднан Куртов е влезен во најтесниот избор.


Аднан Куртов ќе продуцира за Бијонсе

Аднан Куртов има можност да работи со Бијонсе. Пред да го издаде новиот албум "4", пејачката одлучила да им даде шанса на младите и талентирани продуценти од светот, да изработат ремикс за синглот "End of Time". Македонскиот хип-хоп и р'н'б' продуцент влезен е во најтесниот круг на изборот, според продуцентите на Бијонсе, кои дале позитивни коментари за ремиксот на Аднан.

На Аднан, како единствен македонски претставник кој освен што сам се докажа и успеа со своето дело да го привлече вниманието на врвните музичари кои долги години работат со Бијонсе, сега му е потребна и домашна поддршка. Тимот на пејачката избра неколку ремикси од кои обожавателите по пат на гласање треба да го изберат најдобриот. За трудот и претставувањето на татковината, човекот кој е на чекор до светската слава, заслужува да добие глас, кој можете да го дадете на endoftime.beyonceonline.com.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=60ACB0ACDEE9CB40AFCA4CF6498A76D6

Тука може да гласате:
http://endoftime.beyonceonline.com/tracks/825

Мене овој повеќе ми се допаѓа.
 
Ремиксот на Скит ми е на repeat веќе 2 дена :) Јак е ептен ^^
 
Скоро 90% од хитовите моментално што се вртат низ радија се во стил како ремиксот на Скит. Мене повеќе ми се свиѓа ремиксот на Аднан затоа што ритамот ми е некако поигрив и поинтересен. Мада не би имал ништо и Скит да победи, им посакувам успех и на двајцата.
 
На Скит е подобар ,овој од Аднан е некако премногу ист со оргиналната песна на Бијонсе
 
Не се сомневам дека Скит ќе биде прв, додека Аднан втор во трката....за кликање ни нема рамни во светот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom