Знаеш за плаќање данок од наследство како иде?
Кога го пишав тоа што ти си ме цитирал, мислев на тоа дека нема негативна страна лично за тој што го има пасошот, барем јас немам видено да има. А ова во случајот што ме прашуваш е вклучен и некој друг. И имам налетано на видео на јутуб кај што човек објаснуваше баш за тоа, за данок на наследство ако имаш германски пасош. Има данок, да, само не знам како е и колку се плаќа. Мислам дека е од 7 до 30 проценти, во зависност од вредноста на наследството и кој е вклучен во наследството освен тебе нормално, дали е фамилија, родители, деца, брачен другар, па роднини, пријатели итн. За фамилија мислам дека е најмал данокот. Мислам дека има и олеснување тука, до одредена наследена сума или имот не се плаќа данок. А како е процесот ако наследиш нешто во друга држава, тоа не знам како е.
Јас искрено се интересирам за данок на приход. Пример ако имам германски пасош и работам во друга држава и работам и плаќам данок некаде неповрзано со Германија. Во тој случај не плаќам данок во Германија, нешто како двојно одданочување. Такво нешто мислам има за САД и Британија.
Јас на пример имам тука работа на 40 саати, плаќам данок за неа нормално, пријатено, легално, плус имам мини џоб за што не плаќам данок, нели брутото е нето и плус заработувам на интернет - пари што ги вадам во Мк на сметка на друго лице дека не сакам да пријавувам прилив на пари во друга држава додека ми трае процедурата за државјанство. Тоа знам дека морам да го пријавам ако го имам и може да ги усложни работите, да ја искомплицира цела процедура.
А и искрен да бидам, мене многу ме чуди тоа што Германија премногу го олеснува давањето на пасоши. Нагла промена ама и многу е паднат критериумот за пасоши. Сигурно нешто спремаат ама тоа ние не го знаеме. Не би ме чудело да им дадат пасоши на неколку милиони мигранти во наредни 2-3 години и после сите да ги мобилизираат задолжително за во војна. Ама кој знае...