MAKE UP (Шминка)?

Член од
29 октомври 2012
Мислења
55
Поени од реакции
10
Да, севентин е супер козметика посебно за млада кожа, преубава и квалитетна. За сенки би ти ги препорачала на Флормар, имаат прекрасна и квалитетна козметика.
Еве ги сенките на Флормар, (трајни се многу и лесно се нанесуваат)
http://www.henaenterprises.com/flormar/index.php?route=product/product&product_id=76
Еве и од нивните сјајчиња нијанси

А еве и од seventeen сјајчиња, исто има убави нијанси
http://www.seventeencosmetics.com/en/colour/lips/wet_lips_lip_gloss.html
Ќе си идеш најубаво на лице место и ќе си видиш може ќе си бендисаш нешто друго :)
Ме обезбедивте со скоро цела козметика , само јас почнав некако со обратен ред да купувам, кај ми е пудрата ? :P :oops:
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Ме обезбедивте со скоро цела козметика , само јас почнав некако со обратен ред да купувам, кај ми е пудрата ? :P :oops:
Еве ти ја и пудрата без нервози :pos:

имаш на располагање.....бирај :D
 
B

babsyy

Гостин
Порано користев подискретна шминка, најчесто за изедначување на тенот ама сега ми е потсменета рутината. :) Кога немам потреба од голема покривност, користам ББ крема на Гош, а ја фиксирам со минералната пудра на Артдеко (спас за регулирање маснотии). За други прилики Ревлон Колорстеј и Дермабленд. Првава ми е супер за летен период, препорачлива за помасна кожа, еспешли т-зона. Друга фина ми е 123 перфекшн на Буржоа. Руменила имам безброј, а користам само две. Омилени Rosa Pesca и Артдеко бр. 19. Крем коректорот на Артдеко спас за темни подочници. Ајлајнер - Гош, моливиња за очи Колорстеј, не се размачкуваат уопште. Сенки за очи Артдеко, и некои Bella oggi, што ги купив на попуст ради реда, али вршат работа. Сјајеви Лореал и Буржоа, и сите ми се горе-доле ептен слична нијанса. Кармини имав само нјуд и беби пинк нијанси, додека не го пробав црвениот на Римел, and i'm lovin it..:love:
@tami. Направи си апдејт на блогот во потпис, кој патем редовно го следам, и пофалби за одличната шминка. :)
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Сеа си барам некое лесно коректорче а да си покрива таман.
Инаку за преку ден пудра, малце моливче на веѓите туш и маскара. Имам пробано со вештачки трепки, али ептен е фејк изгледот а и онака имам ептен долги трепки така да не ми треба.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Го гледав туторијалот на tami. и не ми е јасно зошто стави толку многу пудра!?!
На такво џам лице, толку слоја сваштарии!?

За да има шминката ефект, треба да го истакнете она што ви е убаво, а да го покриете или ублажите она што не ви е.
Правило во шминкањето е: се истакнуваат или очите или усните! Никако со исти интензитет двете.
А да почнете да возите точак или да се занимавате со некој друг спорт, шминка ќе ви треба минимално. Ниедна шминка не може да ви го светне лицето како спортот.
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Ајде жени да ја оживееме темава малку. :D
Каде можам да си најдам primer (она што се става пред течна пудра) и зелен коректор за црвенилата на лицето. (прочитав дека зелениот највеќе покривал црвенила) :pipi:
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816

Секаде можеш да најдеш primer. Лореал, Мејбилин, Гош, Алверде, Есенс, Аура, Катрис, сите имаат прајмери, да не речам подлоги за пудра. И зелен коректор би требало да имаат сите, најевтин е веројатно од Алверде во ДМ.
 
А отприлика знаеш колку им се движат цените? Претпоставувам од Алверде се најефтини
Фала :)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
А да почнете да возите точак или да се занимавате со некој друг спорт, шминка ќе ви треба минимално. Ниедна шминка не може да ви го светне лицето како спортот.
Знам јас една активност што го надминува и спортот.... :love:
Шала на страна, и течности природни сокови даваат убава боја на лицето.
Ме фаќаат периоди кога се шминкам, сега во моментов не баш... Инаку не користам многу скапи шминки ама секогаш проверен производител и секогаш тазе. Не можам без коректор за подочници под пудрата. :pipi:
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Предлог за течна пудра? До кај 500 денара би дала. Повеќе јок!
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Предлог за течна пудра? До кај 500 денара би дала. Повеќе јок!
Оваа за комбинирана кожа

и оваа за мрсна

Немој да се зезнете со оваа

џабе фрлени пари. После 1-2 саата се прават ко флеки по лице т.е ко да не сте ја размачкале убаво и многу ја суши кожата (n)

А за коректор со одлична покривност и долготрајност ви го препорачувам ова :pipi:
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
А отприлика знаеш колку им се движат цените? Претпоставувам од Алверде се најефтини
Фала :)
Од подлогите најевтината од Алверде би требало да е максимум 270 денари, а најскапата Лореал Луми околу 800, иако може да се најде и за 500 ако ја начекаш на попуст. Есенс е околу 300-400, а на Гош околу 600-700.
За коректорите зелениот на Алверде е исто најмногу 250 денари.
Јас имав корективна зелена подлога од Radiant, па место да купуваш и зелен коректор и подлога, можеш да си ја купиш оваа, ако ја најдеш. Јас одамна не сум видела некаде да продаваат козметика од Radiant. Може има во Космо, не знам.

Предлог за течна пудра? До кај 500 денара би дала. Повеќе јок!
За каква кожа?
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Предлог за течна пудра? До кај 500 денара би дала. Повеќе јок!
Од поефтиниве пудри што сум ги користела и ми служеле била Classics, 200 ден максимум од Голден Роуз едно време ја купував. Не е толку тешка како Импалата, за тие пари е сосема океј, ама зависи и од кожата. Ја моментално користам Ревлон пудра

не ми е земена од тука, неам појма колку е кај нас. Ја препорачувам, ептен е добра, покривна и долготрајна (y)
Иначе од поефтини коректори би го препорачала на She. Околу 150ден мислам дека беше и ми врши работа :D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
А за коректор со одлична покривност и долготрајност ви го препорачувам ова :pipi:
Каде да го најдам ова?

За каква кожа?
Комбинирана накај сува.

Иначе од поефтини коректори би го препорачала на She. Околу 150ден мислам дека беше и ми врши работа :D
Каде го има?

Моментално имам ова за подочњаци, ама не сум нешто задоволна. Онака колку да не бидат ептен модри подочњаците.

Од пудра имам ова. Но многу ми е воденеста некако. Покрива, ама повеќе на раце ми останува него ли на лице.

Со што нанесувате течна пудра?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom