Devilish Angel
Лошотија по потреба
- Член од
- 7 мај 2005
- Мислења
- 1.451
- Поени од реакции
- 18
Шминка
Брзото темпо на живот ни остава малку време кое би го посветиле на секојдневното шминкање и разубавување. Но, без разлика на сето тоа постојат неколку “златни” правила за квлалитетно нанесување на шминка. Еве неколку совети за правилно нанесување на шминката во секоја ситуација.
Основата на секоја шминка е подлогата, односно крем пудрата. Таа мора совршено да одговара на бојата на вашата кожа. Важно е подлогата да ви биде добро нанесена во тенок слој, доколку сакате да избегнете лицето да ви изгледа како маска.
Доколку сакате посветол, нежен сјај на кожата, измешајте неколку капки лосион ли крем во подлогата. За драматичен ефект, нагласете одредени делови од лицето со сјајни трошки во златен прав нанесувајќи ги со прсти на јагодиците и линијата на носот.
При нанесувањето на пудра, користете пудра во прав и што поголема четка. Многу е важно да не нанесете премногу пудра. Обратете внимание на квалитетот на пудрата, дали одговара на вашата кожа или па е видлива на површината.
Доколку имате проблем со подочњаците, кои околу вашите очи ствараат црни кругови, тој проблем многу лесно може да се реши. Постои широка палета од производи на пазарот во различни тонови и нијанси за прикривање на подочњаците.
Коректорот би требало да е само за нијанса посветол од вашата природна боја на кожата бидејќи во спротивно ќе се постигне несакан резултат, подочњаците уште повеќе ке се познаваат.
Не нанесувајте премногу шминка. Освен что ке се познава дека на лицето имате премногу шминка, на тој начин им правите штета и на деликатните подрачја на кожата околу очите. Запомнете дека вашата намера е да ја сокриете темната боја на подочњаците а не да се маскирате.
Руменило нанесете само на јагодичните коски и слоевите нанесувајте ги споро. После тоа руменилото размачкајте го за да делува поприродно. Запомнете дека сакате да ја нагласите линијата на лицето. Колку и да се трудиме, неможеме со шминка да направиме фантастични јагодични коски, а ако претераме со руменилото може да изгледа многу смешно и грдо.
Ако погрешите и нанесете премногу руменило, без паника – не треба да ја повторувате постапката. Само навлажнете парче памук и нежно поминете преку образите.
По нанесувањето на подлогата и руменилото, следуваат очите. Започнете со веѓите, користете остро моливче за дефинирање на очите, тенка линија за поприроден изглед. Потоа нанесете црна или смеѓа маскара, маскарата нанесувајте ја слој по слој. После тоа нанесете тенка линија туш за очи на коренот од трепките.
Преку тушот нанесете многу тенок слој сенка за очи, оваа ситница на вашите очи ке им даде магнетски сјај.
За да го постигнете саканиот ефект користете контрастни тонови, комбинирајќи ги на горниот и долниот дел од капакот, исто така нанесете тенок слој од сенката и на долниот дел од окото.
Дефинирајте ги усните користејќи меко моливче за усни во боја која одговара со бојата на карминот, после тоа нанесете кармин. За усните да изгледаат меко и привлечно, на крај нанесете сјај за усни.
За да го избегнете бришењето на карминот од усните, доколку не користите од долготрајните кармини, пред да ставите кармин на усните нанесите малку пудра во прав. Карминот подобро ке се впие во усните и подолго ке остане на нив. Ако при купување на кармини сакате да проверите колку е траен карминот кој сте го бендисале, нанесете малку од карминот на вашата дланка и нежно протријте со прстите, доколку карминот одма избледи ни на вашите усни нема да трае долго.
Без разлика на тоа каков кармин користите, постои едно правило, пазете карминот да одговара на тонот на вашата кожа исто како и на бојата на вашата коса и очи.