Maine Coon Cat

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Една од поубавите раси за мене...се надевам дека ќе уживате.

Стандардот за неа:
Општи карактеристики:
Оваа раса на мачки е цврста, робусна и е најстарата природно долговлакнеста раса на Американскиот континент. Типот не смее да биде жртвуван за големината, како и обратно, при што оптимум е голема, типска мачка. Женките се нешто помали од мажјаците и притоа треба да се даде време за мачката целосна да созрее(касно стасна мачка).

Глава:
Средна во должина и жирина, со квадратичност во муцката. Дозволени се нешто пошироки муцки кај мажјаците. Јагодичните коски се високо поставени. Носот е средно долг, со агол, Конкавно заоблување без прекин. Образите се нежни и во линија со горната усна и носот.

Очи:
Големи, широко поставени, делумно заоблено всадени. Бојата може да биде од сенки на зелена, златна или бакарна, со тоа што белите мачки може да имаат сини очи. НЕ постои поврзаност помеѓу бојата на крзното и бојата на очите. Чистината на бојата се преферира.

Уши:
Големи, широки на базата, средно шпицести и добро оддлакани. Високо поставени, на оддалеченост како должината на самото уво. Се преферира Lunx тип на врвот.

Тело:
Мускулно, средно до големо, широко во градите. Телоно е долго, со сите делови во пропорција, создавајки правоаголен иззглед. Шепите се големи,заоблени, добро оддлакани(пет прсти напред, четири назад).

Опаш:
Долг, еднаков како должината на телото, широк на базата. КРзното е полно, долко и слободно.

Крзно:
На рамената е кратко, постепено зголемувајќи ја должината према грбот и страните, завршувајќи долго крзно на стомакот. МЕко е, слободно паѓа и прилепено е до телото. Постои и подкрзно. Не се очекува набраност но може да постои напред почнувајќи од базата на ушите.

Боја на крзното:
Признаени се сите бои. Бели делови околу вратот и усните се дозволени само кај јако обоени мачки.

Дисквалификации:
Точки, шари, подеднакво исто крзно, кратко тело, лошо всадени уши, завиена опашка, неправилен број на прсти.

1959269_10201304583329013_802795472_n.jpg
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Знае некој во македонија каде може да се најде расаава?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom