Mашина за перење во кујна

За или против машината за перење да биде во кујна.

  • Мислам дека нема проблем машината за перење да биде во кујната.

    Гласови: 7 18,4%
  • Не би ја ставил во никој случај машината за перење во кујна.

    Гласови: 32 84,2%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
По куќиве во странските држави имам видено машини за перење како се ставаат и во кујна и доле во оставата, подрумот, бидејќи повеќечлените семејства имаат и по 2 машини за перење.
Мене ми е се исто, и во дневна ако сака некој нека ја стави, само бучавата ќе е проблем.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.223
Поени од реакции
952
Некако не ми се вклопува во ентериерот наменет за кујна...
Не дека не може ама цел живот сум навикнат во кујна да гледам шпорет, фрижидер, мијалник..., па некако машината за перење алишта би ми делувала невкусно како додаток :)

Е сега, може некако ако се има преголем простор па некако да се вклопи, макар што мислам дека местото и е сепак во тоалетот :) Имам гледано по филмови машини за перење во кујната и во подрумот ама сепак мислам дека не прилега.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
има луѓе што им е складно да ја чуваат машината за перење у кујна, меѓутоа тоа е како да ставиш шпорет у вц.
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Хмммм, изгледа малце ова не е добро баш. Машината за перење во кујна е прилично добро нешто. ЗОШТО? Затоа што во кујната се ствара најмалце влага, за разлика од купатилото во кое луѓето се бањаат и се ствара пареа која страшно и штети на машината. Тоа на почетокот нема одма да се покаже ама после 10-15години убаво ќе се гледа изедениот дел од машината....кај мене машината беше во кујна ама прибидејќи мораше да се стави и машина за садови мораше да се дислоцира во купатилото
Па добро де, ако е веќе лошо за машината да стои во купатило, ќе ја ставам на друго место, ама во кујна?!? :nesvest:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Jaс сум против. Секако, денес со машина за перење оди и машина за сушење. И сето тоа во кујна? Нема шанси, се руши секаква естетика. Кујната служи за готвење на за валкани алишта.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Жена ми запнала да ставиме и машина за перење во кујната, јас не сакам оти некако да смрди на прашак за перење кај шо јадам не ми е баш ... ама многу сакам да видам и другите овде шо мислат и кај се вашите машини за перење.
Мојата е во купатило затоа што кујната ми е мала. Инаку, не би имало проблем да стои било каде, само да биде на плочки, а не на паркет (затоа што знае да испушти вода во одредени ситуации). И да, да биде подалеку од спалната пошто јас обично ја пуштам ноќе.

Инаку, мој совет е да си ја слушаш жена ти, а не некои си форумџии и форумџики, оти тие нема машината да ти ја ракуваат, а богами ни ручек да ти зготват. За во кревет ич да не праиме муабет :)
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.411
Поени од реакции
597
А бе , Амерички филмови гледате многу :tv:
Никако во кујна , не е машина за перење алишта за во кујна !
За мене најприкладно место за машината за садови е во шпајз или слична мала просторија , во која треба (нормално) да има довод и одвод на вода ! И до нејзе нормално да има машина за сушење на алишта . Само , тогаш нема да можам да ги гледам тангите и прслуците на комшиките кои се сушат закачени на жица:toe:
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.411
Поени од реакции
597
А бе , Амерички филмови гледате многу :tv:
Никако во кујна , не е машина за перење алишта за во кујна !
За мене најприкладно место за машината за садови е во шпајз или слична мала просторија , во која треба (нормално) да има довод и одвод на вода ! И до нејзе нормално да има машина за сушење на алишта . Само , тогаш нема да можам да ги гледам тангите и прслуците на комшиките кои се сушат закачени на жица:toe:
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Машината за перење кај нас дома е во кујна..(не е меѓу шпоретот и фрижидерот)малку понастрана има како вдлабнатина направена во ѕидот, одма до вратата спрема терасата..таму стои од причина што купатилото ми е премало, а кујната е голема(во должина)а башка тоа дека има одвод(ако можам така да го наречам) специјално направен за машина за перење.
Такада изјавата на жена ти не ми е толку чудна:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom