Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Да ама АБ АВ АЦ АД гиима 25 комбинации од една буква а
А1 А2 А3 А4 А5 ги има само десет комбинации од една буква,
10 комбинации од една буква, 25 букви (одприлика) ти се 250 комбинации. По 999 броеви, околу 200.000 таблички, што и не е некоја бројка за потценување.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Од кај да почнеме :P

Таблици кои се користат за странски возила кои што преминале на македонски таблици:

Град - 4цифрена ознака - буква и број - месеци (одозгора) и година (одоздола) за до кога важи регистрацијата

Таблици кои се користат со градот Скопје (4 цифри):

М иако треба МК ја пишав М бидејки земав таблица од Малта. Град - 4 цифрена ознака - 2 букви

Таблици кои се користат со градот Скопје (4 цифри)

Верзија 2 без болд и место за емблем.

Таблици кои се користат за Полиција верзија 1

На местото на --- ке стои емблемот на МВР

Таблици кои се користат за Полиција верзија 2

На почеток стои знакчето на МВР па после идат бројките

Таблици за Влада. Во овој случај претседател


Таблици кои се користат за тест возила или со изгубени таблици

Со текст на назив на ден на регистрација и завршеток на регистрација. Тие датуми се лупнати без везе.

Само заменете М со МК и крај :P
прво браво за креативноста на таблиците - секоја чест пријатно сум изненаден.
ај сеа малку дискусија -

не ми е јасно целото она таблици кои се користеле на странски возила а преминале на македонски таблици? - сакаше да кажеш ако некој донесе кола од странство додека дојде на асални македонски таблици ваква ознака да имаат или па сакаше да кажеш ако некој сака да купи кола од македонија за да ја носи во странство такви привремени таблици да има?

оние таблици кои се за полиција - исто така паметна идеа и треба да се разликуваат прво и основно по бојата во позадина.. и не само за полиција.. прво пред се за брза помош потоа за полиција пожарна војска и слично. и јас би ги направил за полиција пример зелени ( светла плава за да може навечер да бидат уште по приметливи ) за брза помош црвена за пожарна помаранџеста и војска зелена... боиве вака по некоја логика ми текнаа може и поасални ако веќе се дава предлог.

таблици за влада си пишал МК-01 - за претседател во случајот.. тоа 01 би требало да означува нешто како врв на држава демек се знае тоа е само за председател или општо владини возила? - ако е само за претседател 01 па незнам за премиер 02 и така натака идеата е тапа.. ако мислиш за владини возила океј само јас би направил да бидат 2 бројки ПЛУС буква!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Има две вакви теми, едната е во Право. Нека ги спои некој модератор
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=4795C0CADFB70847B718708DD87E77BD

И две побитни работи:

По барање на сопственикот, на предната табличка може да се испише натпис по желба, составен од три до девет црни букви и броеви. Може да се стави и тире наместо една буква или бројка. Натписот не може да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Македонија, предвидува Правилникот.
Иако се најавуваше воведување нови ознаки за неколку града, списокот на ознаки е непроменет и содржи ознаки за 17 регистрациони подрачја.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487


По шест месеци се проширува листата на автомобилски регистрации
Од денес влегува во сила правилникот за новата форма и содржина на регистерските таблички на сите моторни возила, чија практична примена ќе почне по шест месеци од утрешниот ден.
Според него, ќе се менуваат табличките на целата територија на Република Македонија. Табличките ќе се издаваат по барање на граѓаните, а задолжително при првата регистрација на моторно и приклучно возило, при промена на регистрационо подрачје и при замена на изгубена регистерска табличка. Промената ќе важи и за пробните таблички.

Под моторни возила спаѓаат автомобилите, камионите, тракторите, мопеди, мотоцикли, трицикли, приклучни возила... Нови таблички ќе имаат и работните машини и мотокултиваторите, како и езерските пловила.
Со новите таблички се воведуваат и седум нови, таканаречени регистрациони подрачја. Тоа значи дека нови регистерски таблички за возилата се воведуваат на име на седум градови: Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.


Тоа подразбира дека нововедените региони ќе имаат задолжителни нови регистерски таблички.
Старите регистрации беа (и остануваат) на Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Тетово и Штип. Од поголемите места без сопствени таблички остануваат Ресен, Дебар, Делчево, Кратово, Свети Николе.
Новите таблички нема да бидат трајни како досегашните. Тие ќе се менуваат на секои седум години.

Новиот правилник предвидува воведување регистррска табличка со ознака или име по желба на самиот сопственик, како што има практика во многу земји. Таа табличка ќе се прицврстува исклучиво на предниот дел на возилото, а на задниот ќе има нормална. Таквата предна табличка ќе може да биде испишана со најмалку три, а со најмногу десет букви или бројки во црна боја. Натписот на таквата регистерска табличка не ќе може да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Република Македонија.

Цената на промена на нови таблички не е утврдена, но се претпоставува дека таа операција, сопствениците на возилата ќе ги чини околу 50 евра.
извор

Табличките со имиња за возачите со подлабок џеб

Искуството во Хрватска и во Србија покажува дека треба да се плати сума што е недостапна за многу граѓани со повисок стандард од просечниот. Ваквото промовирање низ хрватските улици и патишта чини околу илјада евра, а кај нашиот северен сосед треба да се плати меѓу 900 и илјада евра за ставање препознатлив назив на регистарските таблички

Во Македонија возачите на силни машини (не)можеа да избираат таблички
Истакнувањето на својот статус во општеството или личен карактер преку ставање на своето име, прекар или некој друг збор на новите регистарски таблички на автомобилите ќе биде привилегија само за македонските возачи што се подготвени за тоа задоволство да платат неколку стотици евра. Иако кај нас многу работи се непознати за начинот на издавање и за плаќањето, досегашното искуство во Хрватска и во Србија од воведувањето на европските таблички со препознатлив поим, наместо здодевните бројки, покажува дека треба да се плати сума што е недостапна за многу граѓани со повисок стандард од просечниот. Ваквото промовирање низ хрватските улици и патишта чини околу илјада евра, а кај нашиот северен сосед треба да се плати меѓу 900 и илјада евра за ставање препознатлив назив на регистарските таблички.

Досега во Македонија не постоеше можност да се носат вакви сообраќајни ознаки на возилата. Но сепак јавна тајна е дека оние со силни машини ја имаа привилегијата да изберат табличка по сопствен избор, се разбира без да платат за карактеристичните броеви. На булеварите и на улиците во Скопје и во другите градови вниманието го привлекуваат возила со нумерички таблички, како типот „666“, „777“, „111 - ИИ“ или џејмсбондовска комбинација „007 ЈВ“.

Неформалните муабети велат и дека некои фирми инсистирале последните две букви од регистарските таблички да се совпаѓаат со првите букви од името на фирмата или да бидат како иницијали ако станува збор за компанија чие име содржи два збора.
Од МВР ги негираат приказните што се вртат меѓу граѓаните дека ваквите комбинации од бројки и букви исто така се можни кај нас и по желба на возачите. Но можност за избирање табличка сепак имало, но од готовите таблички што ќе им ги понуделе во полициските станици по регистрацијата на новото возило.

- Досега во ниту еден правилник не било дозволено да се избираат бројките на табличките по желба на сопствениците на возилата. Се случувало да има да речеме дваесетина пара готови таблички, па на возачот да му се дозволи да си избере која ја сака, а не е дозволено самиот да избира кои бројки или последни букви ги сака. Тоа што има возила со такви ознаки е случајност - објаснуваат од МВР.

Во некои од земјите од регионот, покрај пишувањето лични имиња на табличките, е можна и комбинацијата од бројки и букви. Таков е случајот во Хрватска. Интересно е што на интернет-страницата на хрватското МВР во делот „совети“, едно од најпоставуваните прашања е токму дали може на своите возила да им „залепат“ вакви ознаки.

Кога станува збор за табличките со имиња или комбинации по желба еве што им одговарале надлежните од хрватското МВР на граѓаните што сакаат да се пофалат со некласични регистрации: „Цената на регистарските ознаки изработени со однапред зададени броеви и букви (по нарачка) изнесува 378 куни (околу пестотини евра), што е секако повисока од регуларната цена за обичните таблички. Цената на регистарските таблички по избор е 6.720 куни, или деветстотини евра, а натписот може да содржи од три до седум бројки или букви или комбинација на букви или бројки (на пример ИВАН, ИВАН -1 и сл.)“.

И во Србија, која пред една година ги воведе новите таблички по европски терк, се нуди можност од комбинации на букви и бројки. Но постои и еден услов што го налага тамошниот правилник, а тоа е значењето на знаците да не биде провокативно, неморално или во спротивност со правниот поредок.
Ако српските возачи сакаат вакви таблички да закачат на своите автомобили плаќаат надомест од 80.000 динари (околу 800 евра). Обичната табличка за моторни возила во Србија чини 2.000 динари односно 20 евра.

Македонските возачи чекаат да излезе правилникот во „Службен весник“, па да бидат запознаени со сите детали за новите одредби што треба да ги донесат европските регистарски ознаки. За штосните таблички, секако најинтересно е колку ќе чинат.

Како што веќе информираа од МВР, тоа ќе биде познато наредниве месеци, а ќе зависи од понудата што ќе биде избрана на тендер, кој допрва ќе се распишува. Сепак, новите европски таблички нема да ги оптоварат граѓаните, зашто сегашните ознаки ќе се менуваат доколку сака сопственикот на возилото.
извор
 
Член од
3 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
26
прво браво за креативноста на таблиците - секоја чест пријатно сум изненаден.
ај сеа малку дискусија -

не ми е јасно целото она таблици кои се користеле на странски возила а преминале на македонски таблици? - сакаше да кажеш ако некој донесе кола од странство додека дојде на асални македонски таблици ваква ознака да имаат или па сакаше да кажеш ако некој сака да купи кола од македонија за да ја носи во странство такви привремени таблици да има?

оние таблици кои се за полиција - исто така паметна идеа и треба да се разликуваат прво и основно по бојата во позадина.. и не само за полиција.. прво пред се за брза помош потоа за полиција пожарна војска и слично. и јас би ги направил за полиција пример зелени ( светла плава за да може навечер да бидат уште по приметливи ) за брза помош црвена за пожарна помаранџеста и војска зелена... боиве вака по некоја логика ми текнаа може и поасални ако веќе се дава предлог.

таблици за влада си пишал МК-01 - за претседател во случајот.. тоа 01 би требало да означува нешто како врв на држава демек се знае тоа е само за председател или општо владини возила? - ако е само за претседател 01 па незнам за премиер 02 и така натака идеата е тапа.. ако мислиш за владини возила океј само јас би направил да бидат 2 бројки ПЛУС буква!
Фала
Инаку за странските возила како што е во Германија, купени коли од Германија имаат Германски таблици а коли кои влегле во Германија а не се купени во германија ке возат со такви таблици без преминување на германски таблици.

Исто и за владини возила МК-1 може да биде и премиер и било што па МК-2 за претседател до МК-10 за сите министри... А за 2 бројки + буква ке има многу комбинацииии АА1 АБ1 и ке бидат многу. Тоа може да биде за возила само од Скопје, бидејки ги има многу.

А за полициски возила, армија, пожарна и прва помош треба да имаат таблици во боја за да се гледаат вечерно. А за алфи да немора бидејки тие ко цивили идат.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Фала
Инаку за странските возила како што е во Германија, купени коли од Германија имаат Германски таблици а коли кои влегле во Германија а не се купени во германија ке возат со такви таблици без преминување на германски таблици.

Исто и за владини возила МК-1 може да биде и премиер и било што па МК-2 за претседател до МК-10 за сите министри... А за 2 бројки + буква ке има многу комбинацииии АА1 АБ1 и ке бидат многу. Тоа може да биде за возила само од Скопје, бидејки ги има многу.

А за полициски возила, армија, пожарна и прва помош треба да имаат таблици во боја за да се гледаат вечерно. А за алфи да немора бидејки тие ко цивили идат.
според мене добра ти е замислата само не ми се допаѓа она околу владините возила на кој начин мислиш да се реализира тоа МК-1 за претседател и слично пошо тоа му доаѓа како подредување кој се побитни функционери во државава а секој е битен на свој начин така да сите владини возила нека бидат пеример МК-001 до МК-999 ( ваљда владава нема повеќе од 1000 т.е 999 возила )

инаку околу она со додавање на 3 до 9 букви мислам дека е апсолутна најголема глупост! ако тоа го дозволат ке има на таблициве ознаки од типот Кобра незнам Тигар Манга и некои си локални надимаци ПЛУС каде ке бидат броевите? или само ке има букви по желба а броеви немора од напред... според мене многу попаметно би било на преимер да се доплати екстра како за златен број да речеме ако јас сакам да имам регистрација SK - 9999 - KT или SK - 6666 - OP отколку да си го пишам прекарот и уште нешто што ми текна во моментов. пошто многу фирми кај нас во македонија имаат повеќе возила би можело да им се даде опција да речеме колите да им бидат со регистрација СК - 1010 - АА, СК-1011-АА, СК-1012-АА или пак комбинација да се направи со последните букви да речеме SК-1010-АА, SК-1010-АB, SК-1010-АC
 
П

Пепси_

Гостин
Нема врска тоа со буквите т.е. имиња од 3-9 букви е само на ПРЕДНИТЕ таблички,на задните ќе ти бидат тие што ќе ти ги дадат.

Ова што го изјавил овој моронот демек немало местење на табличките нека се лаже самиот себе си.! Зошто не видам некоја застава со 999 или 666,туку вчера излевам во град и глеам БMW со таблички 007. Со самото ова го делат народот да им се плукнам у тоа само кој знае колку пари имаат окркано за таквите работи.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Тоа дека сите манги ќе возат коли со такви таблички, по цена од 500 евра или повеќе, штознам... ама ќе има многу home made верзии :D и може да стане каша-попара со табличките.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13
378 куни (околу пестотини евра), што е секако повисока од регуларната цена за обичните таблички. Цената на регистарските таблички по избор е 6.720 куни, или деветстотини евра,​
Убаво ова со новиве таблички, ама на нашиве новинари слабо им иде матетматика или логика ?! :)
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
Smells like homemade таблички...

Иначе у Америка, во Аризона, државата бара само позади да имаш табличка, од напред можеш што сакаш да си стаиш. Ама нашиве мора да те репнат, не бива ако не ти земат некој денар поише. Тука се доплаќа ако сакаш некоја фигура/бројка/знак + на задната табличка. Предната си е твој избор.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Од сите сојузни држави, мислам дека само во Тексас е задолжително да е поставена и предната табличка. Инаку, цените за таблички по избор се движат од 20 долари годишно до околу 190-200 (пак во Тексас :D ) што значи нормално е таквите да бидат поскапи од обичните. Она што е интересно е што старите возила можат да имаат таблички какви што имале и пред неколку децении, само што тоа кај нас пак би се искомплицирало затоа што немаме никаков закон за олдтајмери,



Нели темава е за кај нас, па ме интересира што е со табличките за машини, земјоделска механизација и специјалните возила кои веќе некој погоре ги спомна.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
ако се вакви...па тоа се екстра идиотски

го задржуваат она идиотско црвено стикерче со СКАА
плус ги немаат сите градови......би било добро на местото на стикерчето да го постават грбот на општината
и би било добро секој град да добие буквена ознака.....
Да ама АБ АВ АЦ АД гиима 25 комбинации од една буква а
А1 А2 А3 А4 А5 ги има само десет комбинации од една буква,
25 комбинации? овие букви се користат на сегашниве таблици
A B C D E F G H I J K L M N O P R S T U и V
изброј ги....
22 се...не се 25
--- надополнето: Aug 20, 2011 11:22 AM ---
Нека не го ставаат државниот грб, којзнае до кога ќе биде сегашниот. Треба да се внимава на такви детаљи за да не менуваме на секои 2-3 години.
не е државен грб туку амблем.....нема потреба од државен грб.....место државен грб треба да биде грб на општината...

A шо се запнаа толку, ко можат и бројки да турат во буквите на крај?
Пример SK-001-T6

Има уште еден куп комбинации со бројки на крај.

сегашна таблица од типот SK-001-A9 е возило на странски државјанин
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
ејјјјјј ја. браво. ми се допаѓаат :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
и кога ќе мора да ги менувам табличките?
или не мора?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom