Lyoness

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.260
Поени од реакции
2.271
Сте приметиле дека сите од лајонес го фураат истиот филм? Монако, Полска, Италија, па нешто сакоа, саати, коли, јахти? Скоцкани дотерани како бизнисмени, а за леб немаат.

Се пали ли некој воопшто на тоа?

На страна што е Лајонес, еве и обична работа да е, се пали ли некој на таков "стил" кој се гледа дека е вештачки?
Овие VWP иста шема таераат, а горе долу не се нешто и поразлични од сектата на Лајонес .

Е сега мене ме интересира врз кој основ се вршат уплатите? Дали на сметка во МК? Ова сега со акциите е ново? Акција од која компанија се купваат?

На кој основ се продаваа тие облачината? Едно време се одеше по разни градови во Европа, го мантраа Тони Робинс, па се купуваа карти на големо, па после се препродаваа карти на други овци за поскапо и што ли уште не.

Сепак, приказните ги знам, и ги имам слушнато мене ме интересира правниот основ. Што купуваат луѓето? Ако се излажани, а излажани се, зошто не тужат? Едно време се фактурираа и нешто како едукативни, финансиски семинари? Дали се продава една работа, а се фактурира нешто сосема друго?

Исто со тие форекс пирамидите, имаше нешто чудни основи на книжење.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
559
Овие VWP иста шема таераат, а горе долу не се нешто и поразлични од сектата на Лајонес .
Ај објасни за WVP (дали се мисли на инвестициските фондови?) како иста шема тераат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom