Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
Дали губи од убавина со преводот, што е случај со доста книги или вреди, или ако не да чекам англиски, од нет порачани?
Да губи ептен. Преводот во глобала не е толку очаен (иако имаш моменти како "орците") но јазикот ни е малку штур кога станува збор за преводи на жарнот фантазија. Едноставно колку и да е солиден преведувачот не може да ја долови атмосферата и тонот кој го смислил Толкен. Башка што Толкен има интересен стил на пишување, во The Hobbit е по едноставен но понатаму во Lord of the Rings а исклучиво во The Silmarillion користи доста архаичен англиски и сосем ја губи убавината кога ќе се преведе.

Најубаво на англиски ако имаш можност. Еве ти случаен цитат изваден да ти доловам колку несериозно делуваат некои од напнатите сцени кога ги читаш на сопствен јазик. "Леле! Леле!" почна да лелека Леголас. "Балрог! Дојде еден Балрог!". Или пак "Не може да поминеш" оваа епик реплика на Гандалф звучи смешно кога е преведена.

Субјективно е, јас лично преферирам да ги читам во оригинал. Мое мислење најди PDF и прочитај неколку реда и види како ќе ти се допадне па одлучи.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Забавеноста на снимката мене пак ми ја доловија енормноста на карпиве.
Инаку незнам како е во книгите описотт, ама визуелно борбата во планината, и целата околина апла ископирани. Dark Souls, област Blightown. Youtube it ако ве интересира.

Што се книгите тиче, темата во литература неможам да ја најдам, малку ќе забегам, ама да прашам. После Хобитот морам да ги прочитам, е сега англиски неможам да ги најдам, а принтање од пдф иде преку 350 од книга. А морам од хартија да читам. Во меѓувреме ја земав првиот дел на македонски од библиотека, дали е добар преводот, на почеток воопшто не е лош. Дали губи од убавина со преводот, што е случај со доста книги или вреди, или ако не да чекам англиски, од нет порачани?

Сабазиј Tegla
nemoj da se zaebes na makedonski...ja gi iam hobitot lotr,the unfinished tales sve na angliski i me fatija okolu 2 iljadarki ali vredi za u kolekcija ova :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Не може да поминеш :icon_lol:

Се знае дека книгите на македонски го губат шмекот ама тоа е. Ги имам 3те ЛОТР книги на македонски преведени ама иако не е тоа тоа сепак се живее некако и со таков превод :)

Инаку Хобитот на Англиски колку пари е?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.225

Ја ја купив 600ден мислам дека од Икона во Рамстор што е. Али мислам дека ја имаат и во Икона во ГТЦ исто така. :)
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Да губи ептен. Преводот во глобала не е толку очаен (иако имаш моменти како "орците") но јазикот ни е малку штур кога станува збор за преводи на жарнот фантазија. Едноставно колку и да е солиден преведувачот не може да ја долови атмосферата и тонот кој го смислил Толкен. Башка што Толкен има интересен стил на пишување, во The Hobbit е по едноставен но понатаму во Lord of the Rings а исклучиво во The Silmarillion користи доста архаичен англиски и сосем ја губи убавината кога ќе се преведе.

Најубаво на англиски ако имаш можност. Еве ти случаен цитат изваден да ти доловам колку несериозно делуваат некои од напнатите сцени кога ги читаш на сопствен јазик. "Леле! Леле!" почна да лелека Леголас. "Балрог! Дојде еден Балрог!". Или пак "Не може да поминеш" оваа епик реплика на Гандалф звучи смешно кога е преведена.

Субјективно е, јас лично преферирам да ги читам во оригинал. Мое мислење најди PDF и прочитај неколку реда и види како ќе ти се допадне па одлучи.
10 страни се мислев кој е Шаер. :D

Се шегувам, јас прочитав 50+ страни онака да видам како иде, и бара свикнување малку и троа познавање на муабетот. Пробав со пдф формат, ама неможам да читам така подолго, никогаш не сум можел. Засега варијанта ми е да ја дочитам на македонски а у меѓувреме да се дочепам до оригиналите, или утре да ја испринтам од пдф.

Фала до сите.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
И јас неможам на PDF да читам. Хартија си е хартија.

Јас нови книги нарачувам од amazon.com а користени од аbebooks.com (исто сајт на Амазон). Има многу едиции, со тврди и меки корици, кој какви преферира.
 
rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
Пред некој ден собрав храброст и ја изгледав LOTR трилогијата, екстендед вержн. Што да кажам, убавини. Хобит уште не сум го гледал, али се надевам у блиска иднина, секако у кино.
Да ви се надоврзам со муабетот за книгите, избегнувам да читам книги од англиски автори на македонски. Како што веќе спомнаа неколку, толку се губи атмосферата на книгата што на моменти е и смешно. Моја препорака и спас овде е abebooks.com. Имате изобилие книги настаро за џабе цени, а на некои изданиа нудат и фри шипинг. Најефтина книга што имам купено е $4.50 мислам, заедно со достава. Секако, ако сакате позачувана ќе си платите некое доларче повеќе.
EDIT: бре, тегла пишал пред мене за abebooks :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Конечно го изгледав и најискрено ми се исполнија сите очекувања кои ги имав. Секако дека не си дадов некои преголеми очекувања затоа што отприлика знаев што и како ќе ни понуди Хобитот кој сепак е книга за млади и никако не може во тежина да се спореди со ГнП. Многу од сцените ги сеќавав затоа што Хобитот го читав одамна. И откако го изгледав филмов ја извадив книгава и ја пролистав страна по страна. И се е тука... сите поважни цитати (т.е. можеби буквално сите цитати) и настани се опфатени тука. Од 300 страни книга и околу 6 глави за првиот дел, плус некои сцени надвор од тоа, резултатот е како што кажав погоре - очекувано добар.

Многу ми се свиѓаше сцената со троловите во шумата. Џексон се позанимавал малку со анимација и си зел поголема слобода да си игра со cgi ефектите, кои сигурно ќе ги искористи во изобилство подоцна за Смог.
Најмногу ми се свиѓаше тоа што за улогата на Билбо беше одбран Мартин Фриман. Човекот е прекрасен актер и ја заслужува целата слава и сите добри критики. Ликот на Гандалф одличен како што го знаеме, а Торин... Торин е најинтересен лик од сите џуџиња, но никако не го замислував толку поразличен од другите. Мислам поразличен - на изглед. Се гледа колку другите џуџиња се преработени во фаците, а колку Торин Дабоштит е оставен да личи "човечки".

Прв пат се сретнав со ликот на Радагаст Темниот и не ме воодушеви нешто посебно. Но сепак изигра важна улога околу развивање на "споредната" приказна која сигурно ќе биде мнооогу интересна во наредните делови. Сцената со Саруман и сите сцени во Ривендел беа прекрасни. Убаво е повторно да ги видиме местата кои сме ги виделе во ГнР. :) А Голум е како кец на десетка. Внесува свежина во Хобитот.

Питер Џексон е добар раскажувач и визионер, па цела магија од Господарот на прстените ја доживуваме овде... И баш поради тоа сакав филмот да трае повеќе. Никогаш нема да ми биде доста. Следно е да ги чекаме екстендед верзиите па да уживаме во нив.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.225
А чекај сигурни сте дека ќе има extended верзии за Хобитот?
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
А чекај сигурни сте дека ќе има extended верзии за Хобитот?
Да. Верзијата за кино излегува утре на DVD, а продолжената верзија се очекува некаде во ноември или декември, пред Нова година. Така беше и со Господарот на прстените.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
А чекај сигурни сте дека ќе има extended верзии за Хобитот?
Па, со оглед на тоа како се заработува:
1. Премиера во кино - пари од кино влезиници
2. Двд издание после 3 месеци од киното
3. Двд издание со интервјуа и специјални додатоци после 5 месеци
4. Двд издание со исечени сцени, т.е. екстендед верзијата после 10тина месеци
5. Двд издание со специјални 10 минути кои човештвото досега не ги видело.
6. Профит. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Па, со оглед на тоа како се заработува:
1. Премиера во кино - пари од кино влезиници
2. Двд издание после 3 месеци од киното
3. Двд издание со интервјуа и специјални додатоци после 5 месеци
4. Двд издание со исечени сцени, т.е. екстендед верзијата после 10тина месеци
5. Двд издание со специјални 10 минути кои човештвото досега не ги видело.
6. Профит. :D
7. Двд со документарец за тоа како филмот бил успешен и направил профит.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
8. Повтори го ова истово со следните два дела.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
И секако заборавате дека сите 3 дела искачаат на :

ДВД

Блу Реј

ДВД+Блу Реј

ДВД+Блу Реј+Ултра Violet

ДВД+Блу Реј+Ultra Violet steelbook version

ДВД+Блу Реј+Ultra Violet steelbook version со фигури од ликовите

ДВД+Блу Реј+Ultra Violet од Амазон со посебни special features

ДВД+Блу Реј+Ultra Violet steelbook version од Walmart со посебни behind the scenes

ДВД+Блу Реј+Ultra Violet steelbook version од Best Buy со посебна опаковка.

И плус кога ќе излезе третиот дел после неколку месеца и сите 3 заедно спешл едишн со истиве овие опции.

Rinse and repeat.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Yea.. ептен педери. *startuva torentot*
 
Kajgana Shop

На врв Bottom