Log Horizon

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Log Horizon е серија на јапонски романи напишани од Mamare Touno. Сега веќе адаптирано во аниме верзија со истото име.

Играта Elder Tale(виртуелен MMORPG) има глобален успех, со единаесетото продолжение 30 000 јапонски гејмери кои за време на упдејтот се логирани, се заробени во во играта без можност да се одлогираат. Сите аватари во играта се заменети со изгледот на личностите од реалниот живот.

Главниот лик Shiroe е доста специфичен бидејќи и покрај сите успеси никогаш не бил член на guild(ова е веќе RPG жаргон објаснување на крај).

Пред апокалипсата ( моментот кога сите се заробени во виртуелниот свет ) главниот лик е член и главен стратег на Tea Debauchery Party група на поединци кои никогаш не формирале guild, а имаат голема репутација(благо кажано) во играта поради нивните успеси во завршување на quest - ови кои и многу побројни guild - ови не успеале.

Shiroe припаѓа на класата Enchanter, која поради специфичноста многу малку луѓе во играта ја избираат. Enchanter - от е класа која сама по себе нема сила, но во комбинација(combo moves) со други класи е крајно смртоносна. Исто така за искористување на потенцијалот на оваа класа потребна е висока интелегенција што е уште една причина за малата застапеност на играчите кои припаѓаат на оваа класа.

На почеток изгледа дека тоа е истата игра која сите ја играле, но после извесен период највеќе поради увидот на главниот лик играчите сфаќаат дека можеби не е се така како што изгледа.

Иако ако умреш во играта повторно се враќаш во живот подоцна повторно по заслуга на Shiroe испаѓа дека треба одредена сума да се плати. Има и ред други работи кои може да се спомнат тука, но не би сакал спојлери да кажувам.

Друг прекар на главниот лик е (The Villain in glasses), тука сторијата е подолга и повторно не би сакал да делам спојлери.

Иако сторијата се центрира околу играта има примеси на економија и политика.

Најблиски личности на главниот лик се Naotsugu(tank) и Akatsuki(assasin). Подоцна се приклучуваат и други за кои сега за сега не би коментирал.

И за крај би додал дека првите десет епизоди се нешто како вовед па тек од оваа точка почнува приказната да се развива.

Дополнително објаснување

Доколку никогаш не сте играле RPG игри и покрај тоа што има обид во серијата за објаснување можно е да имате проблем да сфатите некои концепти.

Ќе дадам тука вовед само за класите на главниот лик и неговите пријатели. За останатите подоцна по потреба.

За Enchanter - от веќе дадов делумно објаснување тоа е класа која е лоша во соло игра. Припаѓа на intelligence класите и има најголем мана базен(MANA енергија потребна за магии).

Тенк(Не се работи за класа) е назив за класи со специфични способности и висок HP(health points т.е колку удари може да прими пред да умре) кои овозможуваат тенкот да се гледа како најголема закана во борбата и нападите да се упатат кон него наместо кон послабите соиграчи. Најпретставителна класа тука е заштитникот(guardian).

Guardian(Naotsugu) , заштитникот е тенк, класа која има низа способности кои овозможуваат контрола и претрпување на висока штета на сметка на тоа соиграчите да останат не чепнати.

Assasin(Akatsuki) т.е убиец е DPS(damage per second), оваа класа напаѓа од сенките и вообичаено прави огромна штета со првиот удар ги таргетира послабите support класи со што потоа лесно се добива битката.

Support Класи(тука може да се рече дека припаѓа и главниот лик) како што кажува и самото име ова се класи кои им помагаат на другите на пример преку додатна штета или преку лекување на рани.(читај healer)

Guild во некој слободен превод би било нешто како група на играчи кои се групираат за да исполнат некоја виша цел.

Quest се задачи зададени од NPC(non playable character).

П.С Доста испишав можно е да пропуштив нешто ќе додадам/корегирам подоцна :D
П.С2 https://www.baka-tsuki.org/project/index.php?title=Log_Horizon на следниот линк ги имате новелите на англиски.

П.С3 Воведната песна се вика Database :cuc:

In the Database Database
I'm struggling in the Database Wow Wow
It doesn't even matter if there is no hope
As the madness of the system grows


П.С4 Би требало да биде доста занимливо на сите кои некогаш играле RPG игрици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom