Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.416
- Поени од реакции
- 6.141
ќе може некој да ми раскаже за што се зборува во исти очи?
За близнаци што се разделени и при сплет на околности се среќаваат и на крај ја дознаваат вистината.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ќе може некој да ми раскаже за што се зборува во исти очи?
Бајо,Бобо Гудето,браќата Мандиќ кои се соврешни ликови,Дуле и секако каде без нивниот непријател Смрдло,весникот Крекало,Зора и ,,Црната Книга'' со црниот крај~!Дефинитивно,најубавата книга од детските денови!Сите тие настани едноставно беа совршеноство тогаш!Излив на тага,љубов,радост споени со комични моменти(најчесто оние со браќата Мандиќ)!Прекрасно дело.Да имам можност пак би ја прочитала!
Заткарпатска повест исто ми беше фаворит. Белото циганче мислам дека е книга што најмалку ја имам читано од него, еднаш-двапати максимум
Од лектирите - Возот в снег дефинитивно омилена. Исто имаше и една книга што после ми се изгуби некаде и многу ми е криво - се викаше Патување во Таџетакомо, не знам кој беше автор,ама мислам дека беше македонски. Авантуристичка книга, јака беше 
) и на врвот од листата Алеита од Aлексеј Николаевич Толстој која ми ја всади љубовта кон science fiction четивата.
Во едната рака Зоки стега два денари, а со другата ја држи Лидија.
- Што сакаш да ти купам, Лиде. Имам многу пари, вели тој. Сè би направил за својата пријателка.
- Сакам панделка, вели Лидија, и црвена, и бела, и жолта, и зелена, и сина, и...
- Нема таква панделка, вели Зоки.
- Има.
- Нема. Јас знам повеќе од тебе.
- Ти ништо не знаеш, вели Лидија, а и не сакаш да ми купиш.
- Посакај друго, вели Зоки, веднаш ќе ти купам!
- Сакам гума. И црвена и жолта и бела и зелена.
- Ех,ех, нема ни таква гума.
- Има.
- Нема. Посакај друго!
- Сакам јајце зелено, и црвено...
- Пак и зелено и црвено и сино? Нема! Друго, друго!
Лидија веќе се лути, но пак вели:
- Сакам зелено, сино, бело, жолто... Тоа сакам.
- Тоа не може да се купи, вели Зоки. Што сакаш ти поправо?
- Сакам сè, вели Лидија. Сè, сè зелено, сино, бело, жолто... И веќе сака да плаче.
- Како сè, сè? Сè што лета, сè што оди, сè што има? Сиот свет?
- Да, вели Лидија, сиот свет зелен, црвен, жолт, син...
Зоки најпосле се досетува.
Одат во еден колонијален дуќан. Зоки ги подава двата денари и вели:
- Чичко, сакам да го купам сиот свет. За Лидија.
- Како? – прашува продавачот.
- Сиот свет жолт, син, зелен, црвен... вели Лидија.
- Ќе плаче ако не ѝ купам, објаснува Зоки.
- Добро, вели продавачот и им завиткува нешто во една хартија. Еве!
Децата излегуваат надвор.
Во хартијата има две шарени бонбони. Лидија ни најмалку не е изненадена. Веднаш го грабнува едното бонбонче и го става в уста. Другото го зема Зоки.
Децата сега шлапкаат со устите, лижејќи ги бонбончињата.
Најпосле Лидија вели:
-Леле, Зоки, ама е сладок сиот свет! Да го изгризам ли?

