Излезе OpenSUSE 11
Од тимот кој се грижи за проектот OpenSUSE информираат дека пуштена е верзијата 11 од оваа линукс дистрибуција.
Без разлика дали користите GNOME или KDE, десктопот на OpenSUSE 11 е прекрасно искуство. Корисниците можат да одберат помеѓу GNOME 2.22, KDE 4, KDE 3.5, Xfce и уште повеќе!
GNOME 2.22
На корисниците на GNOME ќе им се допадне многу изгледот на OpenSUSE 11.0.
GNOME 2.22 во OpenSUSE 11.0 содржи GNOME Virtual File Sѕстем (GVFS) со подобрена поддршка за мрежните фајл системи, PulseAudio за подобро менаџирање со звук, подобрувања во Evolution и Tomboy, и
повеќе.
KDE 4.0
OpenSUSE 11.0 е првата објава на OpenSUSE која содржи стабилна дистрибуција на KDE 4.0.
Оваа верзија содржи големи промени во KDE десктопите и ја претставува наредната генерација на KDE. Оваа верзија содржи нов десктоп шел, нарежен Plasma, нов изглед и чуство, наречен Oxygen, и многу нови подобрувања на интерфејсот и искористеноста.
КControl е заменет со Systemsettings, кој ја прави конфигурацијата на системот многу полесна.
Менаџерот на прозорци на KDE, KWin, сега поддржува 3D ефекти на десктопот.
KDE 4.0 не вклучува KDEPIM апликации, па тимот на OpenSUSE вметна бета верзија на KDEPIM пакетот (KMail, KOrganizer, Akregator, итн.) од KDE 4.1 кој во моментов е во развиток и е закажан за објава во Јули.
Забелешка: KDE 3.5 е сеуште достапен од OpenSUSE DVD-to за корисници на KDE кои сеуште не се спремни за скок до верзијата 4 на KDE.
Compiz Fusion
Десктопот на OpenSUSE не е само прекрасен зелен видик кој одзима здив, исто така е достапен во 3D! Compiz Fusion сега е дифолт во OpenSuse 11.0. Можете да најдете неколку интересни плагини за него, исто така лесна конфигурација со Simple CompizConfig Settings Manager (CCSM) и уште подеталниот CompizConfig Setting Manager што дозволува детална конфигурација на Compiz.
Firefox 3.0
Firefox е еден од најпопуларните апликации од отворен код на планетата, а десктопот на OpenSUSE не би бил комплетен без неа.
Верзијата 3.0 има неколку нови подобрувања што ќе го направи пребарувањето на веб по удобен и сигурен, вклучува подобра идентификација на сајтот, поедноставена инсталација на додавките и менаџирање со нив, детекција на "фишинг" веб страните, можноста да ги зачуваш отворените табови при затварање на бровсерот, подобар менаџер за превземања, и нова карактеристика за зумирање на фотографиите и текстот на веб страните.
Забелешка: OpenSUSE 11.0 е спакуван со Firefox 3.0 beta 5, и апдејтите до финалната верзија 3.0 можете да ги направите со онлајн апдејт по инсталирање на OpenSUSE.