Linux новости

P

Princ

Гостин
Објавен Ubuntu Jeos (Just Enough Operating System)

Од Ubuntu тимот информираат дека првата верзија на Ubuntu JeOS, Ubuntu JeOS 7.10 e објавен денес. Ubuntu JeOS (се изговара "џус") е ефикасна варијанта на Ubuntu, конфигуриран за виртуелни апликации (како VMware).

На топиков објавувајте само нови вести од ова поле. Коментари на претходните вести ќе бидат бришани без двоумење. Ако сакате да коментирате на одредена вест/проблематика, отворете нов топик.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221
Почнавме со Ubuntu, додуша и оправдано. Оваа недела припаѓа на Ubuntu. Светски најпоплуарната десктоп Линукс дистрибуција продолжува да си стои на зборот даден во 2004 - да обезбедува регуларни стабилни изданија секои шест месеци. Убунту 8,04, со кодно има "Hardy Heron" е втората верзија која го носи знакот LTS (Long Term Support) и, иако ЦД сликите (грд превод, но нема подобар :) ) ќе може да се симнат дури во четвртвок, официјалниот прес рилис веќе е издаден.
За оние коишто не се во можност да симнат ЦД слика или оние коишто преферираат официјална медиа, Убунтовиот ShipIt сервис почна со прифаќање на побарувања за Убунту 8.04 десктоп и сервер дискови. Веќе се организираат и журки по повод излегувањето на The Hardy Heron... па ако сте за жур... :)
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221
openSUSE 11.0

Иако моментално сите очи се вперени кон последното издание на Canonical, Ubuntu 8.04, несомнено е дека најамбициозното издане не очекува оваа четвртина од годинава во форма на openSUSE 11.0. Ова е така највеќе поради фактот дека развојниот тим на openSUSE отидоа најдалеку во имплементација на многу нови и експериментални функционалности во нивното следно издание. Втората бета, издадена претходнава недела, дава интересен преглед на што не очекува слениот месец (19 Јуни, конкретно). Прекрасен системски инсталер, радикално различен дефолт десктоп лук и кромид (look & feel де :) ) и, се разбира, разни подобрувања на веќе постоечките пакети.
Она што е интересно во целава приказна е додавањето на КДЕ3 во листата на расположливи околини во системскиот инсталер. Иако КДЕ4 останува преферираната КДЕ верзија (барем по редослед :) ) до некаде изненадувачки е тоа што во листата, покрај Гном и КДЕ4, се наоѓа и КДЕ3. Дали е ова резултат на загриженоста за стабилноста и квалитетот на надоаѓачкото КДЕ4.1, или едноставно се нуди поголем избор, што, секако не е лоша работа...
 
P

Princ

Гостин
Излезе OpenSUSE 11

Од тимот кој се грижи за проектот OpenSUSE информираат дека пуштена е верзијата 11 од оваа линукс дистрибуција.
Без разлика дали користите GNOME или KDE, десктопот на OpenSUSE 11 е прекрасно искуство. Корисниците можат да одберат помеѓу GNOME 2.22, KDE 4, KDE 3.5, Xfce и уште повеќе!

GNOME 2.22

На корисниците на GNOME ќе им се допадне многу изгледот на OpenSUSE 11.0.



GNOME 2.22 во OpenSUSE 11.0 содржи GNOME Virtual File Sѕстем (GVFS) со подобрена поддршка за мрежните фајл системи, PulseAudio за подобро менаџирање со звук, подобрувања во Evolution и Tomboy, и повеќе.

KDE 4.0
OpenSUSE 11.0 е првата објава на OpenSUSE која содржи стабилна дистрибуција на KDE 4.0.

Оваа верзија содржи големи промени во KDE десктопите и ја претставува наредната генерација на KDE. Оваа верзија содржи нов десктоп шел, нарежен Plasma, нов изглед и чуство, наречен Oxygen, и многу нови подобрувања на интерфејсот и искористеноста.
КControl е заменет со Systemsettings, кој ја прави конфигурацијата на системот многу полесна.
Менаџерот на прозорци на KDE, KWin, сега поддржува 3D ефекти на десктопот.
KDE 4.0 не вклучува KDEPIM апликации, па тимот на OpenSUSE вметна бета верзија на KDEPIM пакетот (KMail, KOrganizer, Akregator, итн.) од KDE 4.1 кој во моментов е во развиток и е закажан за објава во Јули.

Забелешка: KDE 3.5 е сеуште достапен од OpenSUSE DVD-to за корисници на KDE кои сеуште не се спремни за скок до верзијата 4 на KDE.



Compiz Fusion
Десктопот на OpenSUSE не е само прекрасен зелен видик кој одзима здив, исто така е достапен во 3D! Compiz Fusion сега е дифолт во OpenSuse 11.0. Можете да најдете неколку интересни плагини за него, исто така лесна конфигурација со Simple CompizConfig Settings Manager (CCSM) и уште подеталниот CompizConfig Setting Manager што дозволува детална конфигурација на Compiz.





Firefox 3.0
Firefox е еден од најпопуларните апликации од отворен код на планетата, а десктопот на OpenSUSE не би бил комплетен без неа.
Верзијата 3.0 има неколку нови подобрувања што ќе го направи пребарувањето на веб по удобен и сигурен, вклучува подобра идентификација на сајтот, поедноставена инсталација на додавките и менаџирање со нив, детекција на "фишинг" веб страните, можноста да ги зачуваш отворените табови при затварање на бровсерот, подобар менаџер за превземања, и нова карактеристика за зумирање на фотографиите и текстот на веб страните.



Забелешка: OpenSUSE 11.0 е спакуван со Firefox 3.0 beta 5, и апдејтите до финалната верзија 3.0 можете да ги направите со онлајн апдејт по инсталирање на OpenSUSE.

 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
SuSE: Безбедносен пропуст во пакетот kdesu



Програмот kdesu претставува графички интерфејс за програмот su за KDE околината. При стартувањето овој програм прашува за root шифрата и потоа го стартува програмот su. Ако се оклучи опцијата "keep password" kdesu се обидува шифрата да ја испрати на процесот kdesud по пат на UNIX socket. За време на оваа операција не се проверува идентитетот на целниот процес, што на напаѓачите им овозможува да дојдат до root шифрата. Новиот пакет проверува кој го поседува socket-от на целната страна.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Излезе Ubuntu 8.10

Гледам дека никој не го најавил новиот Ubuntu па се одлучив да го пишам постов...



Финалната верзија на Ubuntu 8.10, една од најупотребуваните линукс дистрибуции и најголемиот конкурент на Windows за десктоп пазарот излезе конечно за download. Целото CD можете да го преземете бесплатно, а потоа да го снимите или пак да го нарачате во оригинална верзија од сајтот. Interpid Ibex носи нова интегрирана поддршка за 3G картички и подобра поддршка за медиа уредите, заедно со уште многу нови апдејти и подобрувања.

Можете да го превземете од ТУКА.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Излезе KDE 4.2



Излезе KDE 4.2, првото издание од KDE 4 серијата кое ја продолжува славата на KDE 3.5. Од 4.1 изданието многу багови се поправени и многу нови работи се додадени, а највпечатлив е новиот оригинален изглед.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Можеби не е новост, но интересна информација

Од најбрзите 20 компјутери во светот т.е суперкомпјутери, дури 19 од нив го користат Linux како оперативен систем. Само Magic Cube кој е 15 на листата е единствениот кој користи Windows. Ова е неверојатен успех за Linux и потврда за неговите можности бидејќи листата содржи 500 суперкомпјутери, а дури 60% од нив (301 суперкомпјутери) го користат овој оперативен систем. 189 користат Unix, 2 freeBSD и само еден Windows.
Експертите велат дека Linux кој е слободен софтвер, што значи дека е со отворен и достапен код кој има потенција да се модифицира и да им служи на суперкомпјутерите за кои до сега вообичаено се креирале специјализирани оперативни системи и софтвери.

Инаку колку е брзи RoadRunner најбрзиот суперкомпјутер? „Ако секој од 6-те милијарди луѓе земат рачен дигитрон и пресметуваат со него 24 часа на ден, 365 дена во годината, ќе треба 46 години да го направат тоа што RoadRunner го прави за еден ден“ велат од Оделението за енергија на САД, кои се власници на овој компјутер.

Еве ја листата на топ 20 суперкомпјутери, целата листа на top500
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
OpenSSL и OpenSSH безбедносни проблеми

OpenSSL и OpenSSH безбедносни проблеми

Иако ова не е новост, за прв пат од „Debian“ беше објавено на 13ти Мај 2008 год, сепак не ќе е лошо да биде објавено и тука... подетални информации околку овој пропуст можете да прочитата на официјалната страна за безбедност на Debian, а упатство за корисниците на Ubuntu како да проверат и решат проблемот можат да најдат тука.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Достапен за симнување е ...

Ubuntu 9.10 Karmic Koala Alpha 4 GNOME i386




Steve Langasek has announced the availability of the fourth alpha release of Ubuntu 9.10, now including the first CD images for Ubuntu Enterprise Cloud: "Welcome to Karmic Koala Alpha 4, which will in time become Ubuntu 9.10. New features: GNOME 2.27.4 development release; Kubuntu includes its first Netbook release, Social from the Start, and the latest KDE packages; the first Karmic alpha images for the Ubuntu Enterprise Cloud (UEC) and Amazon's EC2; Ubuntu One file sharing service provides tightly integrated file synchronization with other computers and the Ubuntu One network storage service; includes the 2.6.31-5.24 kernel based on 2.6.31-rc5, ships with Kernel Mode Setting enabled for Intel graphics...."
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Ubuntu 9.10

The Ubuntu developers are moving quickly to bring you the absolute latest and greatest software the Open Source Community has to offer. The Karmic Koala Alpha 1 is the first alpha release of Ubuntu 9.10, bringing with it the earliest new features for the next version of Ubuntu.
This is an alpha release. Do not install it on production machines. The final stable version will be released on October 29th, 2009.
 
На врв Bottom