Ииии, навистина. Многу интересно.
Порано не ја поддржував теоријата за потеклото на зборот Македонија од името на Божицата Ма - Мајка - Земја. Ова навистина ќе ме премисли.
Аха слушна ли
“Нема лага ,нема измама
Бора Чорба свири во живо’’
Околу потеклото на зборот земја
Реконструкцијата на овој збор во т.н. ПИЕ јазична група е изведена преку зборот *dhghom
Еден од според мене добар познавач на оваа јазична проблематика на својот го има објаснето потеклото на овој збор почнувајќи од староанглискиот збор
Guma (pl. guman) за кој вели дека ја има поврзаноста со зборовите :
- homo (pl. homines) во латинскиот
- žmuô(pl. žmónės) во старо литванскиот ,
Нив пак ги согледува како корен за зборовите со значењето земја во:
-латинскиот hum-us
старо македонскиот zemlja
литванскиот žem-ė
Авестинскиот zam
грчкиот kham-aí преку значењето ‘на земја-та ’
Според неговите пишувања ,иницијалната самогласка во сите случаи на очекуван развој на промените од ПИЕ корен е гласот реконструиран преку буквата *gh.
И тука според него би можело да биде крајот на приказната, завршувајќи ја реконструкцијата на ПИЕ *ghom-/*ghem- ‘земја’,како и на неговиот дериват *gh(e)m-on- ‘земјанин, човек, човечко битие’;доколку таа не би продолжела со еден нејзин нов јунак,што го согледал во присуството на додавката –он ,која што во многу случаи се додава на коренот кај оние зборови кои го имаат значењето на земја ,за да преку неа ,се пронајдат неочекувани развојни процеси како кај зборовите во:
грчкиот khthōn, ген. khthonós
санскритот kšam-
Хетити tekan, ген. tagnas, комп.. tagan ‘на земја-та’
Tocharian* tkam
______________________
*Tocharian- A branch of the Indo-European language family that originated in central Asia during the first millennium A.D.
Преку ова,веќе реконстуираниот корен на зборот ‘земја’ би бил*ghðom-, со иницијалното *ghð што го дава грчкото khth и санскритското kš. Понатаму се претпоставило дека звучното редуцирање од *ghð кон *gh ја твори првата семејна звучна група на меѓусебно кореспондирање за многуте други ИЕ дијалекти
Додека пак,некои И.Европејци од *ghð го изведуваат иницијалното *ghz ,како втора семејна звучна група.
Откритието на хититските и точаријанските текстови во раните год.на 20-тиот век од своја страна понудиле поинакво решение.ПИЕ корен во формата *dheghm-/*dhghom со самогласки помеѓу две позииции на граматичките јазични конструкции во кои промените на алтернативните единици се меѓусебно внатрешно променливи.(тука го имам в предвид и дуализмот за една буква пр:*дд за д ,каде што промената кај едната од нив доведува до промена на иницијалната д ,како дд-дз-ѕ)
Ова многу добро може да се примети во хетити јазикот, каде што именката *dheghm (>tekan) ‘земја,почва,подлога’ (во генитив. *dhghmos или *dh@ghmos > tagnas),од неутралност , преминала во *dhgho:m или *dh@gho:m добивајќи го значењето на ‘мноштво почва’, или во смисол collectively ‘земја’
При што со оваа подоцнежна форма е можна и персонификацијата на Мајката Земја ,која Хетитите ја нарекувале Dagan-tsipas.
Можеби ќе се запрашаме зошто послената согласка во коренот во хетити јазикот е –н наместо –м.
Причината е во фактот што ваквата промена настанува токму во овој јазик.
За да бидеме сигурни иако –н не се појавува како крајна звучна форма на зборовите како на пр. генитивниот tagnas , сепак аналогно нејзината базна форма и го овозможува нејзиното пројавување дури и тука.
Слична промена постои и во грчкиот ,во последниот дел од звучната форма на зборот khthonós, наместо очекуваното *khthomós.
И додека природната оригиналност на неутрална форма (Бог е ДУХ-неутрална форма ,Духот е Тоа ,тоа е неутрална форма ),во останатите гранки од ИЕ семејство се изагубила, формата *dhgho:m е сочувана како форма од женски род .
И покрај тешкотиите во комбинаците на согласките *dhgh, бил или едноставно поедноставен во *gh или доживеал посебни трансформации ,чии што резултати се видливи во грчкиот и санскритот....
Реф:текстот е превземен од интернет изворот на линкот
http://www.geocities.com/caraculiambro
Се фокусираме на запишаното
“...Сепак некои од т.н. И.Европејци од *ghð го изведуваат иницијалното *ghz ,како втора семејна звучна група..’’
Ако се зборува за иницијалност која што во случајот на “земја’ се дава преку *gh. -> *ghð ->*ghz,
Зошто да не постои иста таква иницијална група и во случајот на потеклото на зборот –дон ,која би се извела преку *dh->*dhz->dz
*dhom->*dhzom ->*dzom –>*dzon –>don.
Навистина зошто?
Споредиме ли пак со заклучокот што е даден за хетити јазикот :
-“...Можеби ќе се запрашаме зошто послената согласка во коренот во хетити јазикот е
–н наместо –м.
Причината е во фактот што ваквата промена настанува токму во овој јазик...’’
Најпрвин со доза на иронија ке констатираме дека тезата за промената на буквите м-н неможе да се докаже на ниту еден начин дека потекнува во хетитскиот јазик,туку дека евентуално најстарите сочувани пишани записи за таквата промена се во споменатиот и неодамна дешифриран јазик .
И наместо како што лингвистите го изведуваат на претходниов начин ,за зборот Земја изведувањето може да се постигне преку зборот Дума ,кој што го сметам за семе на сите корења.
Еве како
Дума
Дзума
Зема
Земја
Потоа ќе укажеме и на тоа дека фактот што промената м-н која исто така е присутна и во нашиот народен јазик се согледува токму на примерот со анализата за зборот
ДуМа доведува до изводот ДуНа ,
а оттаму
ДоНа
Дон
А дека Дон како збор го имал и значењето на земја ,постојат и историски референци.
Сајтот каде се дадени зборови од тракискиот јазик ,во себе ја содржи информацијата дека по своето значење –дон е ист што и грчкиот збор – chthón со значењата на “почва“ и “земја’’ :
dón ‘place, country (side)’ [Old-Ir. dú, Gen. don ‘place, country (side)’, Greek chthón ‘soil, land’].
Sources:
1. Neroznak, V. Paleo-Balkan Languages. Moscow, 1978.
2. Fasmer, M. Etymological Dictionary of the Russian Language. Moscow, 1986.
3. Georgiev, V. Ezyk na trakite.
4. Duridanov, I. Ezikyt na trakite, Sofia, 1976
http://indoeuro.bizland.com/project/glossary/thra.html
Дз о н и æ - З о н и æ - З е н и æ - З е м и æ - Земја
___________
*- За ѕ ќе појаснам дека
-според забелешките стои дека втората форма на зборот земја се развила од првата ,поточно Земја од Ѕемја ,а дека е тоа така , потвда кај Конески.
Да прочитаме.
“Исто така во литературниот јазик се изговараат со з , а не со ѕ ,како што е во некои народни говори , и следните зборови: земја ,езеро,солза-солзи,молзе,бронза, бензин.’’
Заклучокот е дека наспроти литературната форма ,народната вели вака:
ѕемја ,еѕеро,солѕа-солѕи,молѕе,бронѕа, бенѕин.’’
–Блаже Конески,“Граматика на македонскиот литературен јазик дел i и ii’’Култура Скопје 1976 год....стр 111.