Lenovo Z5 [Официјална Тема]

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Па еве вака драги форумџии, сигурно ме знаете како голем фан на Самсунг, и на ништо друго. Но сега работите се сменија... Да сеуште користам Самсунг но општо да кажам во последните 2 години ама баш никаква голема иновација немаат направено(дајбоже со Note 9/10 и со S10/S10+ да видиме некоја голема промена.)
Сте приметиле ли дека S4 = S5 за дизајнот и изгледот. Истото е и со S7 и S6,а и истото е и со S8 и S9.
Во последно време многу повеќе почнав да се восхитувам и на други компании кои што последниве две години направија многу големи промени и донесоа нови и револуционерни работи. Еве на пример ќе ја земам компанијава Vivo која што за жал пред Samsung успеаа да направат вграден ласерски скенер за прст под (во) екранот. Samsung дајбоже ќе го видиме со Note 9 - ката. Но има и други компании како на пример за првиот телефон со дупол екран (2 посебни дисплеја) беше направен од кинеската компанија ZTE. Еве и за првиот телефон што се вие ( цел OLED екран што се вие) беше направен од компанијата Lenovo.
Е сега кога сме кај Lenovo, тие се спремаат за уште една ОГРОМНА иновација, а тоа е 100% екрански телефон без било какви линии, исечоци(Notch), итн...
Тоа е новопланираниот Lenovo Z5,телефон кој што ќе биде нешто револуционерно, и извонредно да се види. Дури и самиот сопственик на Lenovo кажа дека имаат 4 начини како да го изведат ова нешто. Телефончево ако искочи ке биде и од iPhone X, и од било кој друг телефон дупло посапо. А чим ќе биде 100% само екран гарант ќе биде OLED, додавајќи ја и можноста да има и ласерски скенер на прст вграден во(под) OLED дисплејот.
Еве подоле слика као ќе изгледа, и артиклот од каде е извлечено ова:
gsmarena_002.jpg
https://m.gsmarena.com/lenovo_z5_sketch_100_percent_ratio-amp-31002.php

Што мислите, ќе биде ли претркан Samsung пак со уште една голема иновација?
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Па како и што кажа погоре Самсунг прават бум на секои 2 години, не на 1, со исклучок на S3 кој си беше приказна за себе како и со Galaxy Alpha (Штета што не ја продолжија серијата остана на еден напреден телефон во своето време) Бум во дизајнот прават на 2 серии S4=S5(додаток водоотпорност) S6(Project Zero) самото име кажува дека сменет патот на Самсунг од корен па по тој пат и S7(додаток водотпорност), па БУМ - S8 - бесконечен дисплеј, бројни додатоци, совршен кога ти во рака, едноставно сакаш да е твој, така и со S9 само ги послушаа корисниците на S8 да сензорот за отпечатоци да биде на подостапно место.

Според мене дизајн одделот на Самсунг не треба да се менува едноставно си ја вршат работата, проблемот е сосема друг со овие, Update-тите им каснат бе, многу време им треба да ги пуштат на различни места на светот - тоа им е проблемот најголем, па нема ни Andorid P Beta за S9 а некои производители и ги пуштија за своите телефони, друго проблем е TouchWiz или сега ребрендиран во Samsung Experience, знае да лагира дури и на S9, проблемот со Bloatware апликациите, кога го стртоваш телефонот си пренатрупан со секакви аликации за кои немаш ни потреба ама тоа знаат да го направат најдобро ATT, Verizon... ама сепак парата си го прави своето. Се на се според мене да си го решат малце софтверскиот дел да бидат во чекор со Google и уште доолго ќе бидат на врвот, нити Apple па нити Huawei нема што да има бара во тронот.

За Леново, Виво, Оппо, Ксиаоми(Шаоми или како и се вика :D ) им давам најголема поддршка да носат и тие иновации а не да следат трендови, само така ќе им здожежи на овие моќниците да не задремат и да заостанат на врвот бидејќи ако нема конкуренција ќе останеме да гледаме Apple во дизајнот како носи "иновации" кои секоја година му додаваат по 1 милиметар поголем радиус на камерчето назад и тоа го викаат иновација се друго им е останато од iPhone 5,6, и Samsung со своите "брзи" надградби за кои за еден Security Update им треба и по пола година да го пуштат.

Јас досега сум користел, iPhone 4, 4s, 5, 5S, па се префрлив на Samsung S5 па S6Edge, незнам оти но следниот телефон дефинитивно ќе ми биде Pixel, ем чист Android ем брзи надградби, ем брз телефон.[DOUBLEPOST=1526058037][/DOUBLEPOST]Темава беше сосема друга малце избегав - извини.

Телефонот на скицата ми изгледа супер, дај боже да го направат, нема да го купам :D не сум фан на Леново ама ќе ми биде ќеф за така "помалите" смартфон компании да направат супер телефон и секако достапна цена, заслужуваат големите како Samsung, Apple некогаш шамари :)))
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
@The Wild Boy

Немој да мешаш НОВИТЕТ со ИНОВАЦИЈА. Иновација беше ајфонот во 2006(не сум фан ниту поседувам апл продукти), а 95% се надоградувања од тогаш до сега.

П.С Интересно изгледа дизајнот на телефонот за фунцкионалноста ќе видиме.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Што е разликата?
Разликата е јасна по самата дефиниција. Иновација е нешто револуцинерно во што го менува начинот на живот.

Во случајот на iPhone-от се смени текот на дотичната индустрија. За разлика од пронаоѓање на тркалото, електрична енергија или првата печатница iPhone - от е прилично небитен, но сепак е иновација.

Како аналогија на ова денес имаш дигитални принтери на секој чекор ама тие се новитет или ако сакаш наречи го надградба/упгрејд.

Смартфоните во глобала 7-8 години наназад само додаваат подобри екрани, процесори, камери ама тоа не е ништо револуционерно.

П.С Погледни ја презентацијата на првиот iPhone во 2006 и презентацијата на вториот(3G или како и да се вика) и ќе ти стане јасно дека првата верзија е иновација/револуција, а се после тоа новитет.

П.С2 Слична е ситуацијата и со компјутерите. Прв компјутер -> Графички интерфејс -> High Level Programming languages -> Интернет, ова се иновациите што ми текнуваат моментално останатото се само надградби.

П.С3 Многу е потешко да ја осмислиш првата верзија(ова е иновација), а прилично лесно е после тоа да ја усовршуваш(новитет/надградба).
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Lenovo Z5,Револуционерен Телефон!
Најверојатно би искочил 14 Јуни.
Искрено мислам дека телефонот ќе има OLED панел,и дека ќе биде нешто ко на iPhone X,каде што од долната страна нема да има рамќи,бидејки OLED дисплејот е дисплеј што може да се вие,и сигурно ќе биде свиен како кај ајфонот,под (внатре) во телефонот,а горниот дел ќе биде како кај Vivo Apex,каде што звучникот за повици и сензорот ќе бидат вметнати во дисплејот ( звучникот ќе користи технологија на вибрации за да произведе звук,исто како кај Xiaomi Mi Mix 1,а сензорот ќе биде под (во) дисплејот и ќе може да работи на сличен начин како сензорот за отпечатоци на прст што ќе биде исто така вметнат под(во) дисплејот.За предната камера,ќе биде најверојатно исто како кај Vivo Apex,и јас лично мислам дека до 14 Јуни,таков дизајн може да се постигне,т.е теоретски е изводливо.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ништо од телефонот. Нема изгледа да биде ко кај Vivo Apex - от, со камерата внатре во телефонот, туку најдоле под екранот. Тоа значи дека нема да биде 100% екран. Чекајте да дојде Vivo Apex, да видите што чудо ќе биде а не ова... Иначе и за тоа отварам тема али после паузата (После 10 јуни).
Иначе еве неколку слики подоле, како Lenovo Z5 би изгледал:
gsmarena_008.jpg gsmarena_007.jpg
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931

Kajgana Shop

На врв Bottom