Лидерот на Хезболах му објави војна на Израел
Бејрут/Њујорк/Ерусалим, 14 јули (МИА) - Лидерот на просириската либанска шиитска Божја партија (Хезболах), Хасан Насрала денеска му објави војна на Израел, јави АФП.
Како што пренесува МИА, заканата на Насрала уследи набрзо откако израелските сили го нападнаа неговиот дом, кој воедно е и седиште на Хезболах.
- Баравте војна и ќе ја добиете... Тоа ќе биде војна на сите рамништа - порача Насрала во аудио записот што го емитуваа либанските медиуми под контрола на Хезболах.
Насрала истакна и дека припадници на Хезболах уништиле израелски брод што учествувал во нападот врз неговиот дом во јужниот дел на Бејрут.
- Изненадувањата веќе почнаа. Близу брегот се гледа бродот кој гори и тоне - истакна Насрала.
Израелската полиција потврди дека две ракети истрелани од јужните делови на Бејрут погодиле брод на Воената морнарица на Израел, кој пловел покрај брегот на либанскиот главен град. Други детали не се соопштени.
Претходно, како што јави израелската приватна телевизија Канал 2, израелски сили вечерва ги ракетирале домот на Насрала во јужниот дел Бејрут, откако разузнавачите добиле информации дека тој се наоѓа во седиштето
на терористичката организација Хезболах.
Poveke