- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.484
- Поени од реакции
- 11.539
Гаранцијата не покрива штета предизвикана од виша сила, ќе мораш да им глумиш лудило во сервисот и да им кажеш дека едноставно телевизорот престанал да работи наредниот ден или попладнето или вечерта кога си се вратил дома.Ај некој да не имал ваков проблем
Мавнат гром во близина. телевизор земен и се уште под гаранција од Нептун
https://www.neptun.mk/categories/televizori/FUEGO-32-FG-3305
Снемало струја после громов ама кога дошла телевизоров цврц ни диши ни прета.
Па сега дали некој има искуство со тоа дали гаранцијата покрива поправки (ако воопшто се поправа) или замена. Денеска не работат за да се праша кај нив па до утре слушајно да не има некој преживеано исти маки. Фала
Се разбира, не треба да го носиш телевизорот во Нептун, туку во соодветниот сервис кој ја издал гаранцијата, вообичаено е` Сервис Македонија, но сепак провери убаво како пишува во гаранцијата.
А да, и испратницата или фискалната сметка задолжително мораш да ги имаш при рака, бидејќи во спротивно нема да ти ја признаат гаранцијата.