Last Man Standing (Barclays Premier League) vol. 2

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ок, тие што се движите по странски спортски форуми сигурно знаете за популарнава форумска игра, но да објаснам и за другите.​
Се работи за игра во која си бирате еден тим секое коло од англиската Премиер Лига за кој мислите дека нема шанси да го изгуби натпреварот, поточно би победил или најмалку би одиграл нерешено.​
Лесно? Не толку. Оваа игра има неколку правила кои мораат да се почитуваат и ја прават интересна за играње. Освен бирањето на еден тим за едно коло како што кажав, другите се:​
- Ако вашиот тим избегне пораз, одите во наредното коло. Играчите чии тимови претрпеле пораз, излегуваат од играта и ја чекаат новата тура која ќе почне откако ќе го добиеме победникот.​
- Смеете да одберете само еден тим еднаш. Што значи тоа? Тоа значи ако на пример викендов сте убедени дека Астон Вила нема шанси да загуби, ја бирате Астон Вила. Ако Астон Вила победи или изгра реми, вие одите во наредното коло каде што не смеете да ја одберете пак таа екипа и ќе бирате една од преостанатите 19 екипи. На почеток, играва изгледа лесна, но интересното доаѓа кога ќе ви останат за избор чопави екипи како Виган, Норич, Ридинг итн. Ако нема победник и по 20 кола, изборот на екипи се рестартира и членовите повторно бираат од нови 20 екипи.​
- Се пријавувате и играте до крај. Не се пријавувате ако едноставно не ја апдејтирате секоја недела вашата екипа. Ако во случај заборавите да ја пишете екипата, автоматски излегувате од игра.​
FAQ
1. Смеам ли да го одберам Челзи ако некој веќе пред мене го одбрал за колово?
- Да, можете колку луѓе сакате да одберете иста екипа. Само имајте на ум дека само еднаш се бира една екипа. Наредните кола ќе ги играте со некоја од другите 19 екипи. Дали ќе одите на „сигурно“ и ќе започнете веднаш со фаворитите или пак ќе ги оставите големите тимови за подоцна, тоа е сосема ваш избор.​
2. До кога смеам да ја пријавам екипата?
- До петок 00.00. Саботните натпревари започнуваат во 13:45 најчесто па најдобро би било до петок да се изјасните кој е вашиот избор.​
Исклучок ќе биде периодот по боксинг деј кога што ќе морате да ја пријавите екипата до 00.00 часот дента кога завршило колото, но за тоа дополнително ќе се договориме.​
Најпрво, да видиме колку би ја играле играва. Еве, до среда на полноќ нека се пријават сите што би ја играле играва, па до петок истото време нека се пријават со тим. Но, прво пријавете се за да ве сместам по username во ексел документ кој подоцна ќе го апдејтирам со екипите кои сте ги одбрале.​
Мислам дека бев јасна, не е нешто сложено ама лично мене интересна ми е играва па се надевам дека ќе има заинтересирани :)
Ако има некој што сака да започне ваква игра и за другите лиги, слободно нека си отвори тема.​

ТАБЕЛАТА СЕ НАОЃА НА ОВОЈ ЛИНК!

https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AoyhL2BLe11adEh5bEppVHJwS1NYNllyY1JzRFVGRGc&usp=sharing#gid=0
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Одлична идеја, но нели и е местото во Играчница?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Одлична идеја, но нели и е местото во Играчница?
Па и во Играчница или Игри би и било местото, ама мислев барем за на почетокот вака повеќе би ја виделе зошто некои само го посетуваат фудбалскиот дел на форумов и воопшто не одат на нови мислења, после ќе и бараме дестинација.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.343
И ја се пријавувам :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom