Last Expedition

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Пошо нема тема за овој наш култен бенд ај си реков да отворам. Last Expedition се бенд од Скопје, поточно Ѓорче 2. Нивната последна свирка била пред околу 4-5 години и оттогаш се неактивни. Имаат издадено 3 студиски албуми (Intro, Box и Изгубени ликови) и 1 лајв(Live A1-tv).
Имаат настапувано и на Таксират (мислам 1+2) Најголема слава стекнуваат со песната Шефе.
Членови на бендот:
Сецко
Енко
Диме
Огнен
Кире

[video]http://www.youtube.com/watchv=tTP9FOes4O8[/video]

[video]http://www.youtube.com/watchv=gaTEpBt0fqE[/video]

[video]http://www.youtube.com/watchv=mv8xfwUTw5w[/video]

[video]http://www.youtube.com/watchv=LF58iKxNIdc[/video]

myspace
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
ЅВЕРОВИ!!!!!!! :cuc:

П.С. Ниеден од линковите не ти работи.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Би рекол дека со оваа песна се прославуваат а не со шефе. :)

 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://www.vest.com.mk/?ItemID=8CD1FC14B44C4A48854E06A8F852D7B7
РАЗГОВОР СО ЕНКО, ВОКАЛОТ НА ГРУПАТА "ЛАСТ ЕКСПЕДИШН"
Поисплатливо е продавање компири од свирење рок
По 15 години, на "Скрим мјузик фестивал" на 11 февруари во "Метропилс Арената" во Скопје, повторно ќе засвират "Ласт експедишн". На скопските рокери кои на крајот на осумдесетите дрмаа со хитот "Шефе", последниот отсвирен риф ќе им каже дали по настапот на 11 продолжуваат понатаму. За искуствата на "Ласт експедишн", зборува вокалот Енко.
Како настана и зошто запре "Ласт експедишн"?
- Бендот почна да работи во јуни во 1986 година, на градскиот плоштад, а може да се каже дека го имавме направено уште од седмо одделение. Тогаш не можевме да си дозволиме електрични гитари, па првите песни ги правевме на мандолини и на акустична гитара. Во составот, тогаш бевме: Сецко, Идриз и Џук. Запревме зашто повеќе немаше смисол да се работи. Во времето кога го издадовме албумот "Бокс", во 1986 година, цветаше пиратерија, а комунизмот беше во полн ек. Сите големи фирми беа демек државни, и тогаш не можеше човек да се потпре на некакви спонзорства. А ако направиш добар албум, и добро го изрекламираш, ќе заработат само пиратерите. На крај излегува дека е подобро да си земеш тезга на Бит пазар и да продаваш компири. И денес времињата не се многу изменети, само што постои институцијата наречена спонзор, Држава, невладина организација или нешто петто. Овде никој не функционира од продажба на билети. Сите чекаат од некоја тетка која работи за некој мобилен оператор да им пушти 500 евра за да снимат спот, или да ги викне некоја невладина организација да свират за денот на пролетта, летото, дрвото или каменот. Тоа им се случи на сите бендови пред и по нас.
Што ве натера повторно да засвирите на 11 февруари?
- Па ми се јави една вечер Јован Јованов, и ми вика: Бате Ене, па ти си свирел. Јас му велам да. Утре дента пиевме кафе и за 5 минути се договоривме. Ми се допадна неговиот однос, бидејќи тој знаеше каков бенд сме.
Има ли во денешно време ликови како оние во спотот на "Шефе"? - Не знам точно кој лик те интересира. Дали за џандарорт или некој друг. Ако мислиш за нашата полиција таа е се поубава и поубава. Ако мислиш на ликовите што се во спотот, тогаш тие ликови се неповторливи. Постои идеа на 11 февруари да се појави целата екипа од спотот.
Размислувате ли за повторно собирање, макар и наменски?
- Искрено да ти кажам, тоа е непознато за сите. Уште на првата проба се виде дека старите песни немаат загубено од свежината. Може да се случи ова да биде последниот концерт на "Ласт експедишн", тоа ќе го знаеме кога ќе го удриме последниот риф на "Скрим мјузик фестивал".
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Омилената моја македонска рок песна , е баш нивна :)
Песнава уште како помал паметам ме има толку силно акнато во ,,епицентарот" што мислам дека уште 35423523 пати ја да ислушам, нема да ми се смачи.
Црна касета, преснимена од оригинална касета која содржеше аудио записи од последниот нивни концерт.........времиња.....
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
како сум затерал оваа вечер македонцко.. :D
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
57
Поени од реакции
320
И дали сум сам, веќе не е важно,
ти земав дел од животот
и дали ако утре умрам ќе сакаш
тоа да е денес?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Tребаше да снимаат нов албум. Некој знае што се случи? Досега требаше да е излезен. Читав во едно интервју.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom