L'amica geniale/My Brilliant Friend

Вокерка

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.230
Поени од реакции
4.546


L'amica geniale е италијанска серија во продукција на HBO, засега со една сезона која содржи 8 епизоди. Серијата е работена по романот на авторката која пишува анонимно, под псевдонимот Elena Ferrante. Во таа серија Neapolitan novels вклучени се 4 наслови ("My Brilliant Friend", "The Story of a New Name", "Those Who Leave and Those Who Stay" и "The Story of the Lost Child") Кон крајот на годинава HBO ја ветува и втората сезона.

Дејството е сместено во сиромашно предградие на Наполи, во 50-тите години од минатиот век и ја следи приказната на двете девојчиња, подоцна девојки и жени, Elena Greco и Lila Cerullo. Паралелно со тоа се запознаваме и со политичкиот, економскиот и социјалниот живот во Италија во тој период. Првата епизода е доста спора и депресивна, но кога веќе ќе се навлечете и ќе навикнете на начинот на раскажување останатите одат полесно. Има полно фамилии и ликови меѓу кои се забележливи пред сѐ социјалните и економските разлики. Сивило, сиромаштија, депресија и насилство меѓу кои наѕира надеж за поуспешен живот во иднина.

Кастингот е одличен, режија, фотографија, музика. Атмосферата е поразлична од сѐ што сме навикнале да гледаме, решив да ѝ дадам шанса и не зажалив.

Во очекување на втората сезона би сакала да прочитам повеќе од некој што веќе ја гледал.
А ако не ја гледате, што чекате? :)
 
На врв Bottom