La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Ај сега од ко заврши сезоната порастеретено да коментирам.
Барса ваква таква ја заслужи титулата, Чави колку и да се критикува, во зезнат период кај шо му предвидуваа колапс на тимот успеа да освои титула.
Реал некако незаинтересирано цела сезона а Атлетико касно запали.

Смена на генерација, Бензема си замина а најверојатно се прави простор за напаѓач од типот на Мбапе или Кејн. Мислам дека Перез ќе го одврзи кесето за наредна сезона.
Барселона ако не пазари летово тешко дека ќе го повторат истиот успех наредна сезона.
Атлетико ако успее да го шитни Феликс и со тие пари да пазари бек и напаѓач ќе биди топ
Се шпекулира за трампа Мората со Влаховиќ и доплата.
Го смена Чоло пристапот на игра, поофанзивен фудбал се игра а за тоа говори и фактот што оваа сезона постигнаа 70 гола.
Со ваков Гризман и Влаховиќ напред ќе нема зима за нас :)

Кога сме кај Гризман, убедливо најдобар играч во лигата оваа сезона, 15 голови и 16 асистенции :kruna:

Испаднаа Ваљадолид, Еспањол и Елче, шо значи две филијали на Реал помалку за наредна сезона :kuracc:

За судењето оваа сезона кажано е се, брука од светски размери.
Секоја екипа беше оштетена, а Еспањол мислам дека го изеде најповеќе.
На натпреварот со Атлетико пред некое коло најверојатно топката не ја помина линијата, срамота е да нема технологија за гол во една од најдобрите лиги во светот.
Нема ни за наредна сезона да има оти скапо му било на Тебас, пу.
Да беше тој гол поништен Еспањол ќе избореа најверојатно опстанок.

И ова морав да го искоментирамДелот кај шо седат гостинските навивачи на Ел Мадригал, брука
Најскапи карти во Европа а стадиони крш.
Замисли да платиш карта над 100 евра и овај поглед да го имаш. "Отвориии гоо пенџерчетооо " :ROFLMAO:
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Најверојатно Леси се враќа кучи...

Ромеро, а и многу други новинсри од Шпанија тврдат дека ЛаЛига го одобрила финансискиот план на Барселона.
Што е финтата со него, најверојатно знае само Лапорта и тие околу него.
Од тоа што се шпекулира, ќе треба да се остварат приходи од продажба на играчи од најмалку 100 милиони и драстично да се намалат платите.
Од лани лето сме без платите на Пиќе, Депај, Белерин, Бускетс и Алба... што не е малку, а ќе си одат уште најмалку 3-4 меѓу кои најверојатно и Кеси, Фати, Феран...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Не му дојде умот сега пак ќе банкротираат ради Меси.
Шо курац му е Меси жити се допрва ?
Да е некој играч во неговиот прајм ајде де ќе ги разберам,ама плати да намалуваат и да прават распродажба заради играч пред крај на кариера е апсурд па и за Меси.
Презаситен е со трофеи, очигледно не му е до фудбал освен ради маркетинг да го земат.
Наместо да градат тим со амбиции и млади играчи тие види ги шо прат.
Чекор назад е ова мислам за Барса
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272

Моја претпоставка е, нормално може скроз да не сум во право, дека мислат дека им фали малце за освојување на ЛШ.
Им треба инстант успех, во ред е да ги чекаат младиве, меѓутоа им треба ЛШ во наредниве 2-3 сезони.
Дека на моменталниов тренер и состав им треба X факторот за да освојат ЛШ, а тоа го гледаат во Меси.
Мислам дека не се во право, не дека не може Меси да ти донесе ЛШ и на овие години, чим можеше СП да и донесе на Аргентина може и ЛШ на Барса, али ќе видиме.
 
Каков ЛШ, врвот на Чави е ЛаЛига..
За ЛШ ти треба тренер, тренериште, а не пичка.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272
Каков ЛШ, врвот на Чави е ЛаЛига..
За ЛШ ти треба тренер, тренериште, а не пичка.
Паааа, и во право си, ама и не си.

Не се сложувам дека врвот на Чави е Ла Лига.
Сеуште е рано да му се суди. Кај него мислењето што ми го остави во овие сезона и пол е скроз спротивно на тоа што мислев дека ќе биде.
Очекував одличен стратег, а не толку добар мотиватор. Излезе спротивното, тактиката да му е послаба страна, меѓутоа да знае како да ги измотивира играчите.
Сеак во овие сезона и пол успеа да направи две подолги серии на победи.
Барса во последниве две сезони беше во очајна, катастрофална состојба. Да беше Чави пичка немаше да се нафати на цел тој притисок и негативен медимски доем што кружеше околу клубот да ја води и + да им донесе титула.
Сезонава што иде мислам дека ќе биде make it or brake it за Чави.

А за ЛШ дека ти треба тренеришта па и не сум баш сигурен.
Премногу фактори се, од кои тренерот е еден од факторите, но не е пресуден во тоа дали еден тим ќе освои ЛШ или не.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Не му дојде умот сега пак ќе банкротираат ради Меси.
Шо курац му е Меси жити се допрва ?
Да е некој играч во неговиот прајм ајде де ќе ги разберам,ама плати да намалуваат и да прават распродажба заради играч пред крај на кариера е апсурд па и за Меси.
Презаситен е со трофеи, очигледно не му е до фудбал освен ради маркетинг да го земат.
Наместо да градат тим со амбиции и млади играчи тие види ги шо прат.
Чекор назад е ова мислам за Барса
За Меси правиме муабет.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
За Меси правиме муабет.
И свети Меси нека е.
Она што му фалеше на Меси за да ја заокружи кариерата беше светското. Сега све е лежерно до крај.
Ќе си го лади на терен, нишај врата земја плата. Ама, едно големо ама, ако го изменаџира Чави со минутажа, во смисла да го штеди во Ла Лига против слабите екипи и да го чува за ЛШ тогаш пеки, не мислам дека е скроз завршен играч.
Ама ова со намалување на плати и правење чистка само за да го вратат назад ми е нон сенс.
36 години има патем.
Ама ајде и за Суарез викавме стар дооден па титула ни донесе.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Иначе, далеку е уште од готова работата за Меси да се врати, многу далеку.
Единствено што постои е желба (од 2те страни) за такво сценарио.
Тоа што фали е пари, многу пари.
Плус времето не работи за Барселона, баш напротив.
Со денешната средба Лапорта само купува време. Уште немаат добиено гаранција од Ла Лига дека трансферот е возможен. Во моментов се работи на продавање на 2ца или 3ца играчи од Барселона.
Доста сложени операции треба да изведат Лапорта и компанија за кратко време за да успеат да го вратат Меси.

Меси веќе има 2 официјални понуди на маса. Едната од Интер Мајами и другата од арапите (околу 500 милиони по сезона). Од Барселона сеуште нема официјална понуда, затоа што нема услови за такво нешто.
Останува на Меси дали ќе сака на време да донесе одлука (т.е. да прифати заминување во САД или Саудиска Арабија) или да чека уште некое време Барселона да создаде услови за негово враќање.
Од друга страна, Фабрицио и уште неколку други релевантни новинари пишуваат дека и други европски клубови ја следат ситуацијата и спремни се да реагираат.
 
Ако е ова точно треба да е луд да дојди во Барселона.
Све по можеше да освои освои и на клупско и на репрезентативно ниво.
Нека оди таму нека јава камили и нека си го драпај. Или ако нудат Америте уба понуда уште подобро
Единствено тука таа неговата ако замеша прсти па да ја избери Барселона пред другите понуди, така некаде прочитав.
А жена ко ќе науми и посака јбг :D
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Напишав километарски пост за Меси, и зошто да доаѓа и зошто да не доаѓа, и финансии и арапите и плати и се кликна глупиот форум го избриша постот и ај у курац, ич да не доаѓа све му ебам.

Средете го форумот бе на таа луда пара ебаве, не само гумени куреви да продавате.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Новото лого на Ла Лига, мизерија.
Интересно е шо со смената на логоа одат на полошо, не се сеќавам да направиле некое лого подобро од претходното, општо зборам и за клубовите.
Атлетико бараат референдум за да гласаат за враќање на стариот амблем, шо е стварно десет пати подобар одколку ова сега.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Ве поздрави Мората :rolleyes: 20230605_201822.jpg

33 натпревари изиграни, 1906 минути вкупно.
13 голови и 2 асистенции:свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom