La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Да не пишам во темата за трансфери, посекако оваа тема мувла фаќа, сега со бегањето на Меси уште поќе,
ај тука реков :)
Атлетико работи многу паметно на трансфер пазарот, со ќутенката си го потпиша Де Пол, на пат е и Влахович да го земи најверојатно, ако го задржат Саул најверојатно тоа ќе биди тоа со трансферите.
Најбитно си продолжи договори на засега тројца играчи кои во иднина се очекува да бидат столбот на тимот.
После Савич и Хименез договор продолжи и Љоренте, еден од играчите кој имаше клучна улога за титулата лани. Имам кажано и порано многу ми е мерак за детето, се надевам ќе го истурка договорот до крај и ќе остани шо подолго кај нас.

ПС како викаа фарсашите, Атлетико мало клубче, еднаш освојува титула на сто години, ќе се распаднат како и стално, Чоло ќе си оди, кучките со маст нема да ги јадат ... Бај д веј и Симеоне продолжи договор до 2024
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
Па мало е де, 8 години чекавте лигашка титула. Пред 2014 Господ знае колку. :unsure:
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Мислам дека и оваа сезона имаме реални шанси. Мора да се искористи кризата на Реал и Барса.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Мислам дека и оваа сезона имаме реални шанси. Мора да се искористи кризата на Реал и Барса.
Реални шанси? Па Атлетико треба да е фаворит за одбрана на титулата по сите параметри. Едино доаѓање на Мбапе у Реал или некој од слична класа у Барса би го сменило тоа.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
Реални шанси? Па Атлетико треба да е фаворит за одбрана на титулата по сите параметри. Едино доаѓање на Мбапе у Реал или некој од слична класа у Барса би го сменило тоа.
Во Барса нема ни теоретски шанси да дојде никој, а Мбапе најверојатно наредна година без пари, така да срамота ќе е ако не го искористат ова.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
Ае, бод по бод Лига Европа ќе лапни Барса од нигде никаде, смејте му се вие :)
Да не биде и оваа година како лани кога се донлиживме до вас "Јас гледам фудбал од љубов, не се замарам", "Ќе одам у кафана, тоа ми е поботно од Атл.Мадрид"...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Да не биде и оваа година како лани кога се донлиживме до вас "Јас гледам фудбал од љубов, не се замарам", "Ќе одам у кафана, тоа ми е поботно од Атл.Мадрид"...
Каква врска има од која причина гледам јас фудбал со тоа што Барса ќе пипни дно и оваа сезона :unsure:
Лани уште пред да почни сезоната ви кажав дека ќе се обесам ако завршите пред нас, оваа сезона исто
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Кое играчиште е Морено! И кога не забива игра важна улога во тимот. Штета што не замина бар во Севиља. Кога сме кај Севиља, очекувам да се замеша во борбата за титулата ако не замине некој поважен играч. Никогаш не биле клубовиве на олку "исто" рамниште. Од друга страна Атлетико ќе треба да купи саглам напаѓач зошто знак прашалник е дали Суарез ќе има добра сезона како лани. Пред неколку дена се спомна дека е се договорено со Влаховиќ ама Сити се замеша со +10 милионска понуда. Јас преферирав некој од Морено, Ен Несири, Исак, но сите тројца остануваат во клубовите. Во средниот ред мислам дека сме дури и прешироки и дека треба да се оди еден. Ако не Саул, Херера сигурно.
 
Како мислиш сите клубови се на исто рамниште ??? Барса не е ни на Атлетик Билбао рамниште моментално.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Како мислиш сите клубови се на исто рамниште ??? Барса не е ни на Атлетик Билбао рамниште моментално.
Мислам дека ја потценуваш Барса малце, или форсаш.
Паднати се ама уште имаат состав за лаганица топ 4 да си фатат.
Солиден тим имаат на хартија, ако фатат добра форма можат да се замешаат и во борба за титула.
Според мене барем очекувам сезонавада биде
1. Атлетико
2. Реал
3. Барса
4. Севиља
Со доста мала бодовна разлика
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Мислам дека ја потценуваш Барса малце, или форсаш.
Паднати се ама уште имаат состав за лаганица топ 4 да си фатат.
Солиден тим имаат на хартија, ако фатат добра форма можат да се замешаат и во борба за титула.
Според мене барем очекувам сезонавада биде
1. Атлетико
2. Реал
3. Барса
4. Севиља
Со доста мала бодовна разлика
Солидни фудбалери ... во слободен пад е клубот, збирштина на доодени фудбалери со исклучоци нормално.
Севиља ќе заврши пред Барса оваа сезона кладба кој сака и по шо сака :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Солидни фудбалери ... во слободен пад е клубот, збирштина на доодени фудбалери со исклучоци нормално.
Севиља ќе заврши пред Барса оваа сезона кладба кој сака и по шо сака :)
Јас сакам. Еве во пакет пиво. :) Премногу форсаш и потценуваш без причина. Колку да е падната Барса не може да падне под трето место, дури и во ваква ситуација. Каква Севиља, какви бакрачи... Тројката на врвот се знае, прашање е само како ќе се подредат.

За синоќа, не знам што толку мудрувате. Нерешено со Билбао во гости не е никаков понижувачки резултат. Со најсилен состав некогаш не победувала Барса таму. Никој не вели дека тимот не е паднат ама дека е на ниво на Билбао или Севиља мало морген тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom