La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Август 19 започнува новата сезона во ЛаЛига, а Барселона е бранител на трофејот, дали после две сезони ЛаЛига ќе има нов шампион се надевам дека ќе дознаеме дури во последното коло (21/Мај/2017)

Откако искочи информација дека Баскиската банка (ББВА) повеќе нема да биде спонзор, имаше најави дека ЛаЛига ќе го добие новиот спонзор/суфикс Мазда, Тебас преварантот искочи со изјави дека ЛаЛига е доволно јака финансиски и нема потреба од спонзори, за пред недела дена да потпише спонзорски договор (послаб од оној со ББВА) со Сантандер (уште една Баскиска банка) :D, иначе Сегунда од следната сезона ќе го носи името ЛаЛига2 (колку глупо.... :confused:)

За следната сезона помалите тимови конечно успеаа да се “изборат“ за поголемо парче од колачот.


сепак за да успеат да ги задржат овие цифри и за следната сезона, мора да се погрижат да имаат барем 70% посетеност на својот стадион (можеби грешам за процентот ама таков услов постои)

Сезоната ќе ја отворат реформината Малага и Осасуна на Росаледа. Малага со Хуанде Рамос кого навивачите на ЛаЛига долго го чекаа да се врати во Шпанија и новите крила Кеко и Џони (за мене омилените од помалите клубови) како и новите напаѓачи Сандро и Мичел Сантос. Кога сме кај Малага и Ла Росаледа по теркот на Валенсија, па Севиља го офарбаа стадионот во нивните бои (Ла Росаледа и порано си беше плава ама излитено плава :)).


Осасуна после две сезони се враќа во ЛаЛига, лани беа 6то пласирани во Сегунда ама совладуваќи ги Химанстик и Жирона во плеј-офот обезбедија место во елитата. Исто така Баскискиот Алавес е уште еден повратник после многу години. Додека малиот мадридски клуб Леганес за прв пат ќе игра во ЛаЛига, нивната приказна и стадион потсетуваат на Еибар.

останатите дуели во првото коло:

целиот распоред за сезоната го има на овој линк:
http://cdn1.sefutbol.com/sites/default/files/pdf/calendario/calendario_1_2016-17_TW_GP.pdf

20те тренери што ќе ја започнат новата сезона:


ќе видиме колку од нив ќе останат до крај, зошто во ЛаЛига брзо паѓаат “глави“ :)

а ова е новиот/редизајниран трофеј што ќе го подигне новиот шампион


околу трансферите реално ме мрзи да пишувам :) (да оставам и место за дискусија, јбг да не се збори за новата фризура на Меси)
само ќе кажам дека летниов трансфер период во ЛаЛига ме потсетува на Серија А :D (секој од секого купува)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Jaс во Шпанско сум за зелените од Севиља.

Real Betis Balompié :icon_lol:;)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Со засилената клупа , очекувам лаганица да биде. Само уште 1 напаѓач ни треба и да го сефтосаме новиот модел на трофеј. :D
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
Сакате Паласио да ви го дадеме?
Одкако не се реализираа Гамеиро и Вието, Енрике го сакал Манџата за замена на Суарез :drk:
Колку само ќе гриза кога ќе го пуштат еј, трча као луд, плус ни фали играч за прекини.
Ништо чудно да се оствари трансферов, боље замена на МСН одколку на Игуаин. :D
Се споменува цифра од околу 18 милиони.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.828
Одкако не се реализираа Гамеиро и Вието, Енрике го сакал Манџата за замена на Суарез :drk:
Колку само ќе гриза кога ќе го пуштат еј, трча као луд, плус ни фали играч за прекини.
Ништо чудно да се оствари трансферов, боље замена на МСН одколку на Игуаин. :D
Се споменува цифра од околу 18 милиони.
Кур ќе накршите со него.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.762
Одкако не се реализираа Гамеиро и Вието, Енрике го сакал Манџата за замена на Суарез :drk:
Колку само ќе гриза кога ќе го пуштат еј, трча као луд, плус ни фали играч за прекини.
Ништо чудно да се оствари трансферов, боље замена на МСН одколку на Игуаин. :D
Се споменува цифра од околу 18 милиони.
Сашко Пандев е поевтин, нема потреба од Манџукич.[DOUBLEPOST=1470180290][/DOUBLEPOST]Иначе, Вието постигна гол на дебито за Севиља, во пријателска против Гранада.

И да, енглезите се попалија дека ги собрале најјаките тренери во ПЛ, јајца отекоа со тоа.
Од ова што го гледам на сликата во првиот пост со тренерите, факт е дека и Ла Лига оваа сезона ќе има многу квалитетни тренерски имиња. Горе-доле истите од лани се, само 5 екипи ги сменија тренерите од крајот на претходната сезона до сега и може да се каже дека (скоро) сите тие назначија подобри тренерски имиња од претходните, со кои се збогуваа.

И шо е ова на сликата, Сампаоли како некој мафијаш од GTA, уопште не си личи?!?
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Форца Осасуна :roker: :uzi:
Една од најгнасните екипи од Ла Лига се врати. :D За Реал сигурно едно од потешките гостувања со нивните гнаси од навивачи.
Иако h2h да гледаш биле демолирани во повеќе наврати имаат доста бодови земано во последните 4 сезони во лигата.
Се надевам после сезонава експресно ќе си се вратат во Сегунда.

btw Реал лагано до титула сезонава.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.762
Една од најгнасните екипи од Ла Лига се врати. :D За Реал сигурно едно од потешките гостувања со нивните гнаси од навивачи.
Иако h2h да гледаш биле демолирани во повеќе наврати имаат доста бодови земано во последните 4 сезони во лигата.
Се надевам после сезонава експресно ќе си се вратат во Сегунда.

btw Реал лагано до титула сезонава.
Аууу, Раул Гарсија во дрес на Осасуна, дупла опасност :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Као се викаше стадинот нивни?

Пеколна екипа на домашен терен, исто као да играш на Хасанбег против Фортуна. :uzi:
Башка со Раул Гарсија кинеа тогаш :pistoldz:

Ама сеа се слаби ваљда нема да бидат ко порано.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Теренот права ораница му беше..сега веројатно уште таков му е..кога играше Барселона или Реал Мадрид кај нив се сеќавам два паса неможеа да сврзат од целиот терен што беше дупка до дупка....па и плус овие напалени до коска и клоцаа како ненормални.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Завршија 6то место во Сегунда , успејаа преку бараж да се пласират. Тешки гостувања се маме им ебам , и они и овие терористите Реал Сосиедад. Барса ако не се лажам нема победа во Сосиедад од 2007.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom