Ај сега од ко заврши сезоната порастеретено да коментирам.
Барса ваква таква ја заслужи титулата, Чави колку и да се критикува, во зезнат период кај шо му предвидуваа колапс на тимот успеа да освои титула.
Реал некако незаинтересирано цела сезона а Атлетико касно запали.
Смена на генерација, Бензема си замина а најверојатно се прави простор за напаѓач од типот на Мбапе или Кејн. Мислам дека Перез ќе го одврзи кесето за наредна сезона.
Барселона ако не пазари летово тешко дека ќе го повторат истиот успех наредна сезона.
Атлетико ако успее да го шитни Феликс и со тие пари да пазари бек и напаѓач ќе биди топ
Се шпекулира за трампа Мората со Влаховиќ и доплата.
Го смена Чоло пристапот на игра, поофанзивен фудбал се игра а за тоа говори и фактот што оваа сезона постигнаа 70 гола.
Со ваков Гризман и Влаховиќ напред ќе нема зима за нас
Кога сме кај Гризман, убедливо најдобар играч во лигата оваа сезона, 15 голови и 16 асистенции
Испаднаа Ваљадолид, Еспањол и Елче, шо значи две филијали на Реал помалку за наредна сезона
За судењето оваа сезона кажано е се, брука од светски размери.
Секоја екипа беше оштетена, а Еспањол мислам дека го изеде најповеќе.
На натпреварот со Атлетико пред некое коло најверојатно топката не ја помина линијата, срамота е да нема технологија за гол во една од најдобрите лиги во светот.
Нема ни за наредна сезона да има оти скапо му било на Тебас, пу.
Да беше тој гол поништен Еспањол ќе избореа најверојатно опстанок.
И ова морав да го искоментирам
Делот кај шо седат гостинските навивачи на Ел Мадригал, брука
Најскапи карти во Европа а стадиони крш.
Замисли да платиш карта над 100 евра и овај поглед да го имаш. "Отвориии гоо пенџерчетооо "
