- Член од
- 7 март 2010
- Мислења
- 8.839
- Поени од реакции
- 24.266
Океј, ти го почитувам мислењето, поготово првиот дел кај што ме имаш мене цитирано.Една сезона беше Барса без титула, ова многу веројатно ќе биде втората, ако Реал успевал да освојува титули што да се каже за Барса, барем Ла Лига еден куп собраа изминатава деценија, ако така гледаш со Паулињо освоија титула кога сите ги имаа отпишано. Во моментов би се сложил дека Реал е нешто подобар, пред се поради тоа што ги нема структурните проблеми кои ги има Барса во управа, избори, заминувањето на Меси и слично, плус и проблемите со тренери, филозофија, пронаоѓање на игра и идентитет. Од играчки кадар не би рекол дека се нешто далеку од Барса, горе-долу на исто ниво би ги ставил.
Воопшто не би се согласил. Би се повторил со тоа што го пишав погоре, единствената предност на Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во проблеми највеќе поради турбуленциите во раководството на клубот, финансиската криза, неизвесноста која трае околу иднината за тоа кој ќе го води клубот, нови структури, тренер и остало. Од играчки кадар воопшто не е Реал понапред, ниту пак би рекол дека има подобра основа, единствено финансиите може да им дадат предност во следните години, не знам најточно како е во Реал состојбата со кризава, го реновираат и стадионот, ама сигурно не се во проблемите на Барса на тој план.
Кое јадро го има Реал, без Рамос остануваат на Варан и Милитао, Начо е во години плус далеку од сериозен квалитет, а првиве двајца досега без Рамос покрај нив не покажаа дека може да бидат носители во одбраната. Еден куп млади бекови испуштија, иако лево засега Менди делува солидно. Средниот ред им беше најсилната алка, а тука Модриќ и Крос полека влегуваат во залезот, поготово Модриќ кај кого сериозно се приметуваат годините. Го имаат Валверде, ама барем од моја гледна точка, не е тој играч што може да биде главна алка во средниот ред (не го спорам неговиот квалитет, чисто како тип на играч), Одегард веќе наполни 22 години, а сеуште се мачи сериозно да се наметне како класа играч. Иско е тотално ван форма. Во нападот сеуште немаат ни приближно замена за Бензема, Асенсио би го ставил во ист кош со Дембеле, за Азар не знам дали вреди да коментирам, а да бидеме реални Родриго и Винисиус иако се млади, не покажуваат потенцијал да бидат светска класа каква што би очекувал тим како Реал.
Не дека во Барса е најсјајно, ама почна и таму да се менува јадрото, Дест и Араухо покажуваат потенцијал, запнале за Гарсија од Сити па ќе видиме тој како ќе се покаже како партнер за Араухо, Пиќе има уште една-две сезони да послужи како помош. Лев бек очајно им фали и е една од нај проблематичните позиции. Во средниот ред полека Де Јонг и Педри се истакнуваат како носители, Педри скоро наполни 18 години, а веќе игра на високо ниво и покажува огромна фудбалска интелегенција. Фали и во средниот ред играч, Пјаниќ и Бускетс тешко се носат во модерниов фудбал и веќе се во години. Тука е и Рики Пуиг кој засега не добива сериозна шанса, ама кога добиваше покажуваше квалитет и потенцијал. Нападот дефинитивно е најголемиот проблем, највеќе ради недефинираните позиции, ама и тука го имаат Фати кој со 18 години исто покажува огромен потенцијал, и би го рангирал пред Винисиус и Родриго како споредба.
Имаат Барса проблем со заминувањето на Меси, недефинираните позиции на Гризман и Кутињо, ќе биде тешко да се ослободат од овие, ама ете и Реал на некој начин е заглавен со Азар. Пак ќе кажам, најголемата предност кај Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во тотален хаос на тој план.
ЕДИТ: @ElNinho во детали објасни све што мислам за составот на Реал, во целост се слагам со се што напиша
Ама во врска со играчите и вториот дел од мислењето, апла се гледа дека ти е напишано од перспектива на фан на Барса, и тоа е во ред, сепак за нив навиваш.
Објективно гледано, не можеш да кажеш дека Де Јонг е класа, а Одегард и Валверде не.
Не можеш да кажеш дека Педри и Фати покажуваат огромен потенцијал, а Винисиус и Родриго не.
Не можеш да ми кажеш дека Варан нема карактеристики да биде лидер (со што се согласувам), а Араухо со пола одиграна сезона дека покажувал потенцијал.
Не можеш да ми кажеш дека Дест се наметнувал во екипата и дека покажал потенцијал, а да се иземе фактот дека Менди е етаблиран прв лев бек во екипава и да го окарактеризираш како "солидно."
Е сега, исто вакво мислење можам и јас да напишам, како фан на Реал и да се вртиме во круг.
Тоа што го имаш напишано, НЕ Е објективно гледање на работите.