La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
Лено и Нето ги спомнав како во контекст дека се пример за добри и стабилни голмани што ми оставиле впечаток.

Кога настапуваш со ваков став тогаш нема шо да се разбериме...играта на Барселона и Атлетико Мадрид е небо и земја ,квалитетите на Штеген доаѓаат повеќе во израз од квалитетите на Облак...не дека е Облак лош ама Штеген е поагилен,побрз,како мачка е, подобар пеналџија,подобар технички.....освен високите топки каде Облак е веројатно подобар со оглед дека е повисок и таков му е стилот.
Автоматски споено мислење:



Ти никој неможиш да испашкаш со небулозите и пресубјективноста што ја пишиш...начека една грешка и одма Облак подобар е...за жал работите во спортот не функционираат така како што замислувате...иста си како овие децата од фан клуб Барселона што величат Фати, а за Фелиш велат дека е преценет...ќе видат оваа година кој е преценет само да остани здрав.
Ко прво саркастичен ми беше постот со видеото од синоќешната бламажа на Штеген,ако ја читаш темата почесто ќе знајш какво мислење имам за Германецот а тоа е дека е еден од топ 5 голмани во светот.
За мене Облак,Штеген и Ноер се најдобри голмани моментално.
Ама ти го извеличи Штеген како да е во секој сегмент подобар од Облак а не е така. Штеген е повеќе склон на грешки од Облак, Облак знае подобро да се позиционира и е подобар во воздушни дуели, концентрацијата на Штеген му е слаба страна.
За пеналите ти напишав погоре дека Облак има повеќе одбранети пенали зошто упорно викаш дека е подобар пеналџија ?
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
За пеналите ти напишав погоре дека Облак има повеќе одбранети пенали зошто упорно викаш дека е подобар пеналџија ?
Статистиката не ја отсликува целата суштина , иако е битен сегмент....да ги гледаш пеналите на Штеген скоро сите ги чита и е тука некаде да го одбрани пеналот,кај Облак не е така.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
Статистиката не ја отсликува целата суштина , иако е битен сегмент....да ги гледаш пеналите на Штеген скоро сите ги чита и е тука некаде да го одбрани пеналот,кај Облак не е така.
Добро ете и тоа нека стои, ама 14 одбранети пенали не се лоша бројка за лош пеналџија.

Друг погоре спомна дека кај Атлетико голманот не е изразен оти имаат јака одбрана, и ова не е точно.
Барселона има голем посед на топка а со самото тоа противниците не им доаѓаат често во шанси, Атлетико игра дефанзивен фудбал и противникот напаѓа цело време, Облак и те како е зафатен на голот и сите одбрани му се онака невозможни да се одбранат, буквално од линија ја вади топката.

Еве и статистиката вика дека Атлетико е повеќе изложен на удари во рамки на голот од Атлетико, ќе речиш батали статистика ама јас го гледам скоро секој меч на Атлетико и знам дека тоа е така, Облак ни е најдобар играч последниве две години тоа кажува се за оваа дискусија.

Лани одбраната беше попара, исто и преклани, Облак не вадеше од гомна секој натпревар.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Неблагодарна професија е голман, еден ден си најдобар, друг ден те плукаат. Се забораваат сите одбрани само поради една грешка или лош период. Штеген последните години од какви глупости ги вадеше Барса, за сега за една грешка да биде на тапет. Дури потешко е последниве години да бидеш голман на Барса, него ли на Атлетико.

Штеген има проблеми со искачање, го нема тој инстикт како Ноер да знае кога и како треба да се излезе, ама тоа не го прави топ голман. Сите имаат некоја мана, Алисон дрибла премногу, Облак со нога е слаб, исто и Лорис, Лено е слаб на високи топки, на Куртоа му ги пикаат кроз нозе.

Има па голмани што се топ ама не се спомнуваат никад. Донарума, Навас, Шмајхл, Шчесни.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
Баталете статистики и тоа кој е најдобар, живи ќе се изедат навивачите шо дојде такво време да не смее на стадион да се оди поготово оваа сезона која им се смешка титула после толку години.
Можите да замислите каква ќе беше атмосферата, ќе гореше Метрополитано синоќа да не беше короната, вака без публика ич ми нема шмек натпреварот какво сака дерби нека е.
Се надевам барем на пролет дека ќе почнат со публика и конечно крај ќе се стави на ова лудило, фудбалот без навивачи нема смисла
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
.

Има па голмани што се топ ама не се спомнуваат никад. Донарума, Навас, Шмајхл, Шчесни.
Навас во Реал Мадрид беше едно друго ниво...прав пантер...ниту една мана немаше...не го пратам во ПСЖ каков е ама реално најпотценет голман во светот беше , а реално играше во Реал Мадрид...чудна работа.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Педри го пратиле на пресот бе Педри од 17 години :pos: Со Реал кога изгубија Дест го пратија, не се нормални
Nothing new for this club. Доказ дека се гомно од клуб, труло е кај нив дури и кај чистачките. Не покажуваат никаков респект кон ништо, мислат дека се над сите.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Лено и Нето ги спомнав како во контекст дека се пример за добри и стабилни голмани што ми оставиле впечаток.

Кога настапуваш со ваков став тогаш нема шо да се разбериме...играта на Барселона и Атлетико Мадрид е небо и земја ,квалитетите на Штеген доаѓаат повеќе во израз од квалитетите на Облак...не дека е Облак лош ама Штеген е поагилен,побрз,како мачка е, подобар пеналџија,подобар технички.....освен високите топки каде Облак е веројатно подобар со оглед дека е повисок и таков му е стилот.
Лено и Нето си ги спомнал, му замеруваш на Облак дека не знае да брани пенали, а Хандановиќ којшто е доктор за пенали не си го ни спомнал.
Лено е океј голман, Нето е резерва и ништо поише.

Облак у ништо не заостанува зад Тер Штеген којшто сеуште не може да му припари на Ноер. Од друга страна имаш ист случај со Де Геа и Касиљас. Ноер нога искрши ако не се лажам, имаше една опасна повреда, се врати од истата и пак е број 1 у Германија. Де Геа го избаци Касиљас доека овој сеуште беше у врвна форма.
Облак е постабилен голман од Тер Штеген. Упорно форсираш дека Штеген само вчера кикснал а дечкото има компилација глупости направени. Од центар прими гол.
Облак освен првата сезона каде имаше сериозни проблеми со адаптација, во другите е сигурно топ 5 голмани оверал.

За Навас се согласувам со тебе. Рака на срце морам да признаам дека Куртоа почнува да покажува опасни голмански квалитети.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Киксна вчера Штеген, знае да направи такви утки одвреме навреме, ама стои тоа дека лани ни беше втор најдобар играч после Меси. Со Ноер и Облак се топ 3 голмани моментално. Пред грешката му го скина шутот на Саул а топката одеше право во аголот.

Инаку синоќа заборавив да пишам. Коментаторот на СК кои бламови ги имаше, поготово со имињата на играчите. Хименез упорно го викаше Гименез. Ама момент на вечерта му беше "За најбољи млаџи играч је проглашен Холанд из Барселоне". :facepalm:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Штеген е многу добар "зицераш", брани буквално невозможни работи. За глупости се расправате, двајцата се врвни голмани.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Ако ги земиме во обзир последниве 3-4 сезони. Облак е за нијанса пред Штеген. Ако ја земиме ланската сезона, Штеген беше неверојатен, буквално на секој натпревар бранеше по 1-2 невозможни одбрани.

Топ 3 дефинитивно оди и Куртоа од ланска сезона. Ако земаме во предвид последни 3-4 сезони можеби Алисон или Навас.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Ако ги земиме во обзир последниве 3-4 сезони. Облак е за нијанса пред Штеген. Ако ја земиме ланската сезона, Штеген беше неверојатен, буквално на секој натпревар бранеше по 1-2 невозможни одбрани.

Топ 3 дефинитивно оди и Куртоа од ланска сезона. Ако земаме во предвид последни 3-4 сезони можеби Алисон или Навас.
Можеби Алисон?
Ако се тргнат повредите на страна, Алисон е во секоја комбинација за топ3, можеби и број 1.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Ноер,Штеген се сигурно во Топ 3..не е ова само мое мислење...а и да е мое не е за во канта туку затоа што имам аргументи...а и пеналите се битен сегмент со оглед дека денес се судат и тоа доста поради ВАР....Штеген во секој момент е пред Облак....Облак и Куртоа се тука некаде, не го пратам Навас од ПСЖ ама и тој беше прејак голман своевремено...Алисон е звер,Лено е добар од Арсенал,Нето вториот на Барселона е одличен голман.
А Куртоа е за во Шкендија да брани?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom