Овде неможам да ги трпам кај што ме заебаваат не па во авион...
Со колку пари се врви еден викенд во Мадрид со една утакмица на Ванда?
Зависи на кој натпревар ќе одиш, и зависи од потребите кои сакаш да си ги задоволиш.
Јас бев 6 дена и ме кошташе од прилика 1000 евра туто комплето ама си дозволив некои луксузи таму
Конкретно само картата ме кошташе 150 евра, па тука проблем има со летот затоа што Визер нема директна линија за Мадрид па моравме од Софија да летаме со Рајан Ер и тука настанаа некои дополнителни трошоци.
2 дена спиевме во многу добар хостел, го препорачувам ако го носи некој патот натаму се вика SafeStay мислам дека станува збор за ланец на хостели низ цела Европа, не ме држете за збор, во самиот хостел имаше и како лаунџ бар со дневно мени и цените беа сосема ок за наш буџет, хигиената во глобала секаде е на врвно ниво, барем таму кај шо сум престојувала беше супер.
Има и апартмани кои се наоѓаат за 40 евра дневно, значи зборам цел апартман за две особи, во центар.
Храната не им е скапа, значи можиш да поминиш со 20 евра денот.
Значи од прилика 400/500 евра за еден викенд во Мадрид би ти биле доволни, груба пресметка, авионски билет, карта за натпревар ( освен на дерби) хотел и храна.
Исто така морам да ги пофалам и локалците таму ( освен женскиот пол )
ептен љубезни, ни помогнаа многу за сместување, за снабдување на храна и еден куп други работи кои ни беа во корист дури бевме таму, со некои сум уште во контакт.
Се на се јас имам предобро искуство, дури и на тренинг успеав да се дочепам некако и зедов автограми од неколку играчи, веќе имам спомнато за тоа. Препорачувам и за тие што не се фанови на Атлетико да ја посетат Ванда, феноменален стадион и чувството не се опишува, ако имаш кеш не се мисли, нема да зажалиш
@Jack NolanProf.19