La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
Ливерпул вс Реал Мадрид Кастиља 2 - 3

па и Саул е наше дете...
Ако го освоиме трофејот по некое чудо јас ќе бидам најголем иницијатор за петиција да крениме, на пехарот да стои Атлетико Мадрид и во заграда Реал Мадрид :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Според неколку медиуми ако сезоната не може да продолжи најверојатно титулата ќе се даде на Барселона. Имало наводно некое правило каде ако првенството не заврши титулата ја зема тој што бил прв на полусезона. Барса и Реал беа изедначени ама Барса имаше подобра гол разлика.

Нема врска што сум навивач на Барса, скроз сум против ваква одлука. Ако веќе сезоната не може да продолжи најферски е никој да не ја земе титулата.
 
Член од
27 јануари 2020
Мислења
232

јас читав па дека кје продолжи ако европското кје се откаже за 2021 што е најверојатно и мај у јуни кје се играло во една недела по две утакници ,ако не се откажало кје имало плеј офф
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
јас читав па дека кје продолжи ако европското кје се откаже за 2021 што е најверојатно и мај у јуни кје се играло во една недела по две утакници ,ако не се откажало кје имало плеј офф
Секако уште има опција да продолжи лигата. Европското сигурно ќе се одложи или за оваа зима или за 2021. Мислам дека сите го чекаат состанокот на УЕФА утре па после ќе одлучуваат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
Остај тоа баш имав испланирано пролетва да одам до Мадрид, сега како тргна работата таму изгледа ќе си почекам до другата пролет:(
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
Не би било лошо некогаш на дерби да одиме организирано, ако не си ги извајме очите уште во авионот :ROFLMAO:
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Не би било лошо некогаш на дерби да одиме организирано, ако не си ги извајме очите уште во авионот :ROFLMAO:
Овде неможам да ги трпам кај што ме заебаваат не па во авион...:cautious: Со колку пари се врви еден викенд во Мадрид со една утакмица на Ванда?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
Овде неможам да ги трпам кај што ме заебаваат не па во авион...:cautious: Со колку пари се врви еден викенд во Мадрид со една утакмица на Ванда?
Зависи на кој натпревар ќе одиш, и зависи од потребите кои сакаш да си ги задоволиш.
Јас бев 6 дена и ме кошташе од прилика 1000 евра туто комплето ама си дозволив некои луксузи таму :)
Конкретно само картата ме кошташе 150 евра, па тука проблем има со летот затоа што Визер нема директна линија за Мадрид па моравме од Софија да летаме со Рајан Ер и тука настанаа некои дополнителни трошоци.
2 дена спиевме во многу добар хостел, го препорачувам ако го носи некој патот натаму се вика SafeStay мислам дека станува збор за ланец на хостели низ цела Европа, не ме држете за збор, во самиот хостел имаше и како лаунџ бар со дневно мени и цените беа сосема ок за наш буџет, хигиената во глобала секаде е на врвно ниво, барем таму кај шо сум престојувала беше супер.
Има и апартмани кои се наоѓаат за 40 евра дневно, значи зборам цел апартман за две особи, во центар.
Храната не им е скапа, значи можиш да поминиш со 20 евра денот.
Значи од прилика 400/500 евра за еден викенд во Мадрид би ти биле доволни, груба пресметка, авионски билет, карта за натпревар ( освен на дерби) хотел и храна.
Исто така морам да ги пофалам и локалците таму ( освен женскиот пол ) :) ептен љубезни, ни помогнаа многу за сместување, за снабдување на храна и еден куп други работи кои ни беа во корист дури бевме таму, со некои сум уште во контакт.
Се на се јас имам предобро искуство, дури и на тренинг успеав да се дочепам некако и зедов автограми од неколку играчи, веќе имам спомнато за тоа. Препорачувам и за тие што не се фанови на Атлетико да ја посетат Ванда, феноменален стадион и чувството не се опишува, ако имаш кеш не се мисли, нема да зажалиш :) @Jack NolanProf.19
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Лет до Барселона со Wizz па со воз до Мадрид и назад не би требало да те фати повеќе од 150 евра. 150 евра карта и 200 евра за престој и храна. Вкупно 500 евра. Ова е до некаде евтино но некако на брзање ќе ти биде. Со 1000 евра можиш да си дозволиш луксз и да поседиш 3-4 дена. Ама 1000 евра па емтен се многу, шознам.:(
Автоматски споено мислење:

Заборавив + 200 евра на дрес и аксесоари:place:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
Лет до Барселона со Wizz па со воз до Мадрид и назад не би требало да те фати повеќе од 150 евра. 150 евра карта и 200 евра за престој и храна. Вкупно 500 евра. Ова е до некаде евтино но некако на брзање ќе ти биде. Со 1000 евра можиш да си дозволиш луксз и да поседиш 3-4 дена. Ама 1000 евра па емтен се многу, шознам.:(
Мене летот ми беше од Софија и кошташе 100 евра, стави тука и автобуска карта до Скопје, од Скопје Софија, се на се 150 евра и мене ми дојде само што патот го јадов за џабе.
Немаше автобуси директно од Битола за Софија преку Скопје идевме, па сите автобусот дури стигни Софија помина низ сите, буквално низ сите автобуски станици се до Софија, затоа не ја препорачувам таа варијанта, подобро ќе си фатам лет до Барселона од Скопје и ќе преноќам една вечер таму,ќе искористам и Барселона да прошетам, од Барселона со воз до Мадрид.
Ако бил некој од тука преку Барселона нека кажи да знајме за друг пат како е поисплатливо, покомотно.
Јас кога идев преку Софија и авионот каснеше 2 и пол сати па патувањето до Мадрид ми дојде како Австралија да одам :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.896
Поени од реакции
16.206
А во меѓувреме го имаме добитникот на коронаш во фудбалскиот свет
Јович не ги почитувал мерките за карантин, наводно си фатил лет и правец Србија, причина ?
Нормално ЖЕНА
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom