La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Играва и поставеноста на Барса ме потсетија на Ван Гал во Јунајтед, 3-5-2, посед на топка, безброј подавања, меѓутоа ништо конкретно во нападот. Разбирам Алба да има поголема слобода во нападот, а на сметка на тоа Роберто да останува поназад, ама играњето на Роберто како 3 штопер ми е тотално нон-сенс, Фати е осамен десно и прелесно е да го затвориш, кој било да е, потребно е дуплирање по страните и помош од бек за да може да има некаков продор, нема во 16-никот играчи кои можат да играат со глава па да се оди на центаршутеви. Средината е премногу згусната, по страна лесно е да затвориш простор за продор према внатре, и оттука таа безидејност и немање решение во нападот. Додатно на тоа е спориот проток на топка, и слабата динамика во играта, пред се на средниот ред. Проблемот не е само во тренерите, ниту пак во играчите, проблемот е во раководењето на клубот изминативе години, што донесе клубот да падне на ова ниво. Има многу работа за да се исправи работата
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Ок Покетино ти е слободен ама ти си викаш не, ќе го земеме Сејтан или како кур и да се вика... ај може му треба да се навикне на лигата... oh wait.
Затоа што им требаше нова марионетка на управата. Од 2017 година и настаните во Каталонија клубов служи само за политички цели, не им гајле нит за ЛШ нит бутур, битно е да го победуваат Мадрид и да го злоупотребуваат клубот за сецесија на Каталонија. Затоа ќе ги гледаме истите играчи во Барса, играчи кои одамна не се за во Барселона. Човек со пречки во развојот може да увиди на кои позиции во Барса треба да се засили, ама не ќе ги гледаме Роберто, Пиќе и Бускетс се уште само затоа што се Каталонци и Ракитиќ за кој сум сигурен дека му го дудла на некого (друго објаснување немам) иако моментално не би фатиле место во Еибар. Купуваат играчи чисто колку да се попалат одредени Барса фан бојс како Гризман (непотребен трансфер според мене) којшто игра на иста позиција со Меси, го купуваат Де Јонг за да го играат лево сметало на сметка на Бускетс, Кутињо исто така го утепаа играјќи на неприродна позиција, Малком не ни доби некоја шанса, а тие минути што ги играше беше релативно добар. А одбиваат да ги пополнат позициите каде што треба засилување.
Пишуваа медиуми демек Покетино ги одбил, не знам колку е вистина.
Сигурно се глупости тоа, Иско беше за Барса, па отиде во Реал, Нејмар беше за Реал, а играше во Барса, Мајкл Овен беше во Ливерпул, па во Манчестер и мал милион други примери. Фудбалот е бизнис, нема многу место за емоции. Зошто некој што моментално нема работа би пропуштил понуда којашто за неговата кариера ќе е квантен скок? Најверојатно лажат од управата демек еве се обидовме да го потпишеме, за да можат да си ја оправдаат новата марионетка.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Штета шо не играше гејемрската кражба на векот..најталентираниот играч на универзумот..можеби ќе постигнеа гол.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.840
Поени од реакции
24.272
Сигурно се глупости тоа, Иско беше за Барса, па отиде во Реал, Нејмар беше за Реал, а играше во Барса, Мајкл Овен беше во Ливерпул, па во Манчестер и мал милион други примери. Фудбалот е бизнис, нема многу место за емоции. Зошто некој што моментално нема работа би пропуштил понуда којашто за неговата кариера ќе е квантен скок? Најверојатно лажат од управата демек еве се обидовме да го потпишеме, за да можат да си ја оправдаат новата марионетка.
Затоа реков дека не знам колку е вистина тој муабет дека ги одбил Барса.
Иначе и ја не верувам во изјавата дека не би бил тренер на Барса поради почит за Еспањол. Да му тропне на врата Барса со една вреќа пари, конкретен план и одврзани раце без око да му трепне ќе прифати.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Не верувам да не му понудиле. И ако сакаше Покетино да се продаде како пичка, одамна ќе заминеше од Тотенхем. Мислам дека е изгоред на оди во Реал.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Не верувам да не му понудиле. И ако сакаше Покетино да се продаде како пичка, одамна ќе заминеше од Тотенхем. Мислам дека е изгоред на оди во Реал.
според мене Покетин е печен за Атлетико, ако си оди Симеоне
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Штета шо не играше гејемрската кражба на векот..најталентираниот играч на универзумот..можеби ќе постигнеа гол.
Не дека го бранам Дембеле по секоја цена ама мислам дека да е здрав и во форма ќе се вклопи добро во овие тактички експерименти на Сетиен. Ама што да му правиш кога е стаклен во нозете...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Јес да и јас сум гневна понекогаш на Симеоне, разбирам лоши резултати, не исфрли од купот второлигаш ама па мислам дека ја претерваш малце со хејтот кон Чоло.
Повеќе од половина тим си замина летоска, го изгубивме најдобриот играч кој пола голови тој ги даваше, одбраната која не красеше низ годините беше веќе за ремонт, во не цели две години си заминаа Габи, Годин, Хуанфран, Гризман, Фелипе, костурот на таа златна генерација која не однесе на врвот, си заминаа и Торес, Тиаго, играчи кои во последно можеби не придонесуваа многу на терен ама знаеме нивното пристуство и искуство колку беа значајни за клубот.
Клубот е во таква фаза, смена на играчи, смена на генерација, си замина старата гарда ама дојдоја нови играчи, млади, се фрлија многу пари, да точно, ама не можи за 6 месеци да очекуваш да се среди се и да газиме се пред себе, не е ова фудбал менаџер.
Не го бранам Чоло ама мислам дека се претерува со критиките кон него.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Абе во ред е. Ама тие што ги наброја со 33 години играја и гинеа на терен за разлика од младиве што требаше да ги заменат и лапаат по 10 милиони плата. Разбирам да ти оди тешко и да не си ефикасен ама три паса да неможиш да врзиш? Му бега топката од нозе, се плеткаат ко пијани!

Истото беше и 2 сезони уназад.Арно ама Гризман ги носеше сите на грб. Креираше игра, ствараше шанси, помагаше во одбрана, асистираше, даваше голови. Е сега го нема него. Спореди го тимот со Македонска ракометна репрезентација. Го нема Лазаров нема ништо. Саул, Коке, Хименез, Трипие, Савич, Облак, Мората и ред други играат сериозен фудбал уште од 17-18-та година. Срамота е да играш како со тегови на нозе и да немаш сила против општинска екипа камоли против Леганес и Еибар.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.607
Поени од реакции
5.118
Имаат пари Атлетико, прераснаа за нивна среќа у голем финансиски клуб. Нов стадион и појаки договори за ТВ права ќе ги напраи уште побогати у наредните години.
И им треба више нов систем, овој на Чоло го изживеа своето, ние сме клубот на сиромашните идете гинете на терен за нив...
Нов тренер и нова филозофија само ги спасува. Играчите се топ, ама не се поклопуваат со тој "стар систем".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom