La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Нема ништо конкретно ама и самиот Бургос има изјавено не многу одамна дека сака да се проба како тренер, имаше спомнато еден Аргентински клуб не се сеќавам точно за кој поточно.
Каков тандем беа со Чоло, легенда е Моно.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Каква шанса пропушти Ибица за 2-0.
Од 5-6 метри од гол шутираше во голман, а имаше чист преглед до цел гол. Неискуство.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Нека пуштаат авион за Меси на полувреме :D
Автоматски споено мислење:

За тие шо немаат арени има на Јутјуб live, Ибица си гази :) имаше еден член Ibiza Sound Барса фан на времето
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Абе Ибица... на две контри ги фативте :D
Како прв пат да играат во куп, се знае и Барса и Реал стално играа нерешено со вакви мутави во гости, после имаше домашна утакмица ќе ги наполнеа. Сега е една текма, па мора да нагазиш малце, иначе сељациве ја играат како последна да им е во животот и можат да ти повредат играчи само.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Атлетико во купот секогаш има потешкотии па дури и со клубови од Сегунда Б. Се надевам дека Леонеса ќе не исфрли па ќе биди мотив плус Чоло да размисли дали ќе продолжи кариера во друг клуб или ќе одмори една година. Единствено жал ќе ми биде што играчите од Б тимот и оние кои се во втор план нема да можат да докажат нешто.

Чоло е дефинитивно најдбриот тренер за оваа деценија. Без разлика на успесите на Пеп и Зидан. Тактички можеби не е ни во најдобрите 10, но знае како да ги мотивира играчите и од просечен тим со просек играчи да го победи и најдобриот. Е сега изгледа таа мотивација не можи да ја пренеси оти човекот дефинитивно е изморен и му треба промена. По портали пратам дека и навивачите полека се префрлаат на ставот дека тој треба да си оди. Направи што направи, фала за тоа, но ништо нема да биди како порано уште 10 сезони да е во клубот.

Клубот во целина има страшен напредок последниве 8 години. Финансиски можат да се носат речиси со сите клубови а тоа треба да се искористи. Симеоне има плата од 24 милиони евра и тоа му е најголемото благодарам за тоа што направи за клубот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Прашањето е кој би седнал на неговото место, не ми текнува на некој во моментов кој би го однел клубот кон нови успеси, сите докажани тренери се зафатени.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom