La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Не е баш дека немаа шанса, барем во првото полувреме неколку пати убаво комбинираа и имаа прилики, поготово преку Ансу Фати, ама завршницата најчесто беше лоша и неколку пати се заврши и без удар на гол. Далеку е ова од најдоброто од Барса, ама глупава е споредбата со Валверде дека овие утакмици лагано ги добивале со 5-1, меѓудругото и лани со Гранада заврши со истиот резултат на Камп Ноу. На Барса и беше потребна промена, свежина, нова енергија, бидејки со Валверде немаше никаков напредок и тапкаа во место, има новини во играта и се врати малку препознатливиот стил кој го имаа и кој се изгуби последниве неколку години, ама рано е да оценуваме. Не сум најубеден дека Сетиен е правиот човек за Барса, ама има позитивни промени во играта и во најмала рака ќе гледаме позабавни натпревари :) Инаку, баш ме интересира статистика за претрчани километри, пред се од Бускетс и Меси, и споредба со просекот од досегашниот дел од сезоната, па и прошлите сезона-две. И да, овој среден ред не може да се носи со денешниот модерен фудбал, Ракитиќ и Бускетс се прееееспорти и тромави, ме интересира како би изгледала Барса со Де Јонг и Артур во средината, и Дембеле на местото на Фати
Се што пишавте неможи да биди некаков репер бидејќи е ефект на нов тренер кај секоја екипа..и плус видикот веднаш ви се менува дека нов тренер..со Валверде да изигравте ваков натпревар ништо немаше да пишите..ќе пишевте во стилот "На Камп Ноу вообичаено играме добро,на гости лошо"...за да го евалуираш некој тренер треба да помини подолго време па ќе се види што како...вака на еден натпревар секој фан за тимот си пиши "притискаа подобро,беа подобри,беа порастрчани"
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539

Апсолутно, и самиот пишав дека е прерано да оценуваме. Иако, мислам дека е прилично јасно дека ќе има малку поинаков пристап, по самите изјави и плус претходните клубови кои ги воделе, целосно различен стил на игра имале Сетиен и Валверде, така да сигурно ќе претрпи промени играта, што не ветува ништо во поглед на резултатите. Ама како распаливте со коментари, мислиш Барса била надиграна :D
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Се што пишавте неможи да биди некаков репер бидејќи е ефект на нов тренер кај секоја екипа..и плус видикот веднаш ви се менува дека нов тренер..со Валверде да изигравте ваков натпревар ништо немаше да пишите..ќе пишевте во стилот "На Камп Ноу вообичаено играме добро,на гости лошо"...за да го евалуираш некој тренер треба да помини подолго време па ќе се види што како...вака на еден натпревар секој фан за тимот си пиши "притискаа подобро,беа подобри,беа порастрчани"
Епа тоа сите го кажуваме. И самиот Сетиен уште вчера кажа дека ПРОМЕНИ ПРЕКУ НОЌ НЕ СЕ МОЖНИ.
Од Сетиен очекуваме поубав, напаѓачки фудбал со многу посед и многу кратки пасови.
Вечерва победивме со рекорден посед (најголем кој една екипа го имала после 2011та) и рекорден број на пасови. Играта беше задоволителна, резултатот не баш (оти е минимална победа).

Ако некој очекувал дека ефектот на Сетиен ќе се почувствува после само 5 дена и дека против Гранада ќе одиграат како во најдобрите денови на Гвардиола, очигледно бил во заблуда.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Јас да прашам, Гризман играше напред на местото на Суарез ? Или уште не можат да му ја пронајдат вистинската позиција :D
Не го гледав натпреварот инаку.
Лев бек играше. Никој не помина позади. Се што можеше расчисти
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Последно уредено:
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
ау Еспањол после Раул де Томас го земаа и Кабрера од Хетафе, му ја платиле клаузулата 9мил
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Смеј се колку сакаш, не очекувам ти да го разбереш тоа, сепак навиваш за Атлетико.
Во Барселона не се битни само победите и титулите, исто толку битно е и тие да се освоени со убава игра. Тоа подразбира посед, пасови, тики-така фудбал.

Вие кои не сте запознаени со таа фудбалска филозофија, тоа го сфаќате како пишување и зборување глупости од страна на фановите на Барселона, но отказот на Валверде е потврда дека и највисокото раководство на клубот мора да се држи до таа филозофија. Му врачија отказ на тренерот во време кога екипата е на прво место, затоа што резултатите сами по себе не се доволни. Потребна е и убава игра.
Да беше Атлетико или Интер во ваква ситуација, одма нов договор на тренерот ќе му понудеа.
 
Отказот на Валверде требаше да дојде после бламот со Ливерпул затоа што втор пат испаднаа на сличен начин, едно време не знаевте за победа на гостински терен, екипи како Гетафе и Гранада ве доминираа на терен кога игравте во гости, да не речам в шише ве пикаа и чиста среќа на неколку натпревари Меси го имавте да ве вади од ла..а во последни минути.
Ете затоа Валверде доби отказ а не заради тоа што не практикувал тики така филозофија.
Тка имаат играчите кривица ама најчесто тренерот го јади најмногу
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
тики-така и 1000 пасови не значи убав фудбал...Барса имале 1000 утакмици досега каде со 90% посед и безброј пасови, немале шут на гол...ама важно играта била убава за око...ебате играта...Пиќе играч со највеќе пасови, од кој 95% ги враќа на голман...ама играта е убава за око...
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.613
Поени од реакции
5.122
Да не беше поклонон црвен кратон, ќе видев дали ќе го фалевте за пасоите :D
Или ќе беше, "дома изгубени бодови од факинг Гранада, Покетино уште е слободен" :)
Автоматски споено мислење:

Иначе мое мислење за дебатава титули или стил на игра.
Тимов на Барса има потенцијал за секоја титула годинава, ради Меси афкорс. Али ако не освои ништо до крај на сезона Сетиен лета од Барса.
Стилот на игра освен тренерот, го градат и играчите, друго беше тика-така да праиш со Чави и Иниеста како главни мотори, и млад Бускец. Друго е со Видал, Серџи и дедо Бускец. Плус Пике и Меси помлади со поише енергија и трчање. Цел тим беше мн мн подруг, покреативен и побрз.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Валверде не бил крив за рак фудбалот шо сме го играле, играчите биле. :pos:

Далеку од тоа дека Сетиен е идеална замена и воопшто класа за да биде тренер на Барса, ама промената на канцерливиот Хасан беше потребна како вода во пустина.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.613
Поени од реакции
5.122
Валверде не бил крив за рак фудбалот шо сме го играле, играчите биле. :pos: Дај бе одјебете од фан клубот ...

Далеку од тоа дека Сетиен е идеална замена и воопшто класа за да биде тренер на Барса, ама промената на канцерливиот Хасан беше потребна како вода во пустина.
Сеа незнам дали мене ми реплицираш. Али ја стојам на мислењето дека и играчите и тренерот го градат стилот, заедно.
И дека за тимои ко Барса титулите се на првото ниво, па после играта и ред др ствари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom