La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Супер Куп финале требаше Барса - Валенсија, наместо тоа Реал - Атлетико.
каква глупост :facepalm:
ни шампион на лига ни на куп.
не дека ми е битен суперкупов потешко ми падна од на Бензема голот за 1-1 во '95 отколку оваа глупост

бонус клип.
https://mobile.twitter.com/ESPNFC/status/1215363274608390147
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
По каков формат се игра ова :pos:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
Супер Куп финале требаше Барса - Валенсија, наместо тоа Реал - Атлетико.
каква глупост :facepalm:
ни шампион на лига ни на куп.
не дека ми е битен суперкупов потешко ми падна од на Бензема голот за 1-1 во '95 отколку оваа глупост

бонус клип.
https://mobile.twitter.com/ESPNFC/status/1215363274608390147
До негде си во право, и јас бев против новиот формат, плус џенем се игра купот само заради пара, ама никој не им е крив на Валенсија што играчите синоќа излегоја на една нога и изиграа како на пријателски натпревар.


За разлика од тој наторевар денеска се играше вистински меч, барем од тоа што можев да видам затоа што бев со гости и не го следев натпреварот целосно.
Автоматски споено мислење:

:ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
100+ милиони мислам дека добива шпанската федерација и затоа е ова глупирање со полуфинале-финале. Дебилно е, екипите што требаше да играат испаднаа али јебига кога се врти кеш и публицитет многу не се замараат со тоа дали има логика ваков формат да биде супер купот и да се игра надвор од Шпанија.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
100+ милиони мислам дека добива шпанската федерација и затоа е ова глупирање со полуфинале-финале. Дебилно е, екипите што требаше да играат испаднаа али јебига кога се врти кеш и публицитет многу не се замараат со тоа дали има логика ваков формат да биде супер купот и да се игра надвор од Шпанија.
Сега го слушав баш Рубиалес, дупло земаат од лани со новиот формат плус 170 милиони не 100 :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Море вака збориме сите, ама од аспект на федерацијата треба да се целосни идиоти да не прифатат вакво нешто.

Не би се изненадил догодина да направат Ел Класико во Катар за јака сума па да го извадат као "Ете хехе да се навикнат играчите пред светското малце сепак и на нив мислиме да не им дојде шок, ќе пристингат пар недели пред Светското хаха"
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Гледав хајлајтс од утакмицава, Барса изиграле страшно, ама сами се криви што изгубиле. За одбраната не зборувам, ама да беше Тер Штеген, лесно ќе ја добиеа утакмицава.
Двата поништени гола, правилно поништени, раката на Меси беше рака, не си прајте бајрам на паметот тие што викате дека рамо било, му удри во капитенската лента, тоа не е рамо, рака е, со раката успеа да си ја смири и намести топката. А офсајдот на Видал, мал, али сепак офсајд, јбг, тоа е вар.

Цела вечер читам плачки и поплаки, демек ептен ги украле, ама ништо ново од Барка Кидс..
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Цела вечер читам плачки и поплаки, демек ептен ги украле, ама ништо ново од Барка Кидс..
Цела вечер? Изгледа ептен бавно читаш ти, бидејќи освен 2-3 мислења какви што кажуваш, јас други не видов.
И таа фразата "барка кидс" (ебате глупиот изум) е само генерализирање и јадење работи кои не се наменети за јадење.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
Цела вечер читам плачки и поплаки, демек ептен ги украле, ама ништо ново од Барка Кидс..
Ниеден коментар ама баш ниеден нема плачки и поплаки дека не украле во последниве 5страни од кога почна утакмицата.
Да не си се помешал нешто?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
844
Поени од реакции
1.748
Цела вечер читам плачки и поплаки, демек ептен ги украле, ама ништо ново од Барка Кидс..
Веруј дека на никој од "Барка кидс" ич не го боли за поразов. Плачките се ради тоа што вар на два пати пресуди, и криво ни е зашто управата ке ја гледа таму кривицата а не кај Валверде. Сите највеќе сакавме Реал да не плеснеше во финале на небитен куп само да го тргнеа кловнов што се нарекува тренер.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Провоцирам малце... :D
Шала настрана, од форуми, до фејсбуци, до твитери, до инстаграми, зборувам општо за фановите на Барса, и овоа се случува после секој ебан кикс, плукате против шпанската федерација, или фифа, или уефа, или цел универзум, како сите се против вас, како мадридските екипи се фаворизирани, како ВАР работи против вас, бла бла бла, буквално имате 1000 изговори, и на крај Валверде не го бива, епа не го бива.
Тим што врзал едвај 200 паса, ви даде 3 гола...што повеќе да се каже?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Можам да најдам фанови на Реал, Атлетико, Ливерпул, Баерн, Арсенал, Андерлехт, Зенит, Поханг Стилерс и кој било друг клуб на планетата како се жалат после пораз на нивната екипа и како развиваат теории на заговор против нивната екипа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Тешко курназиште е Валверде. Си има предобар став со играчите, поготово со најбитните- Меси па пет места Суарез, Пике... и си тера со нивна подршка.
Е сеа ако сака да пресече управата, што и треба, и да го шутне. Којзнае колку плачки ќе има или негодувања од истиве... дупли заебанции. Па барај некој од Аргентина тренер после, па и тој како ќе се уклопи со играчиве.

Тежок сарказам е најдобриот играч у историјата на Барса, да му го спасува газот на најлошиот тренер на Барса. Со играта пред се, а исто толку и со подршката. На штета на тимот и имиџот на клубот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom