La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Кај сВе бре ? Да не речите само кога кикснува Реал и Барса се појавувам :p
Табелата горе долу остана иста после изминатото коло, е сега шо заклучивме од натпреварите кои изминаа, Алавес засега е позитивно изненадување, не знам до кога ќе ги држи ова темпо ама дефинитивно се за почит за досега прикажаното, Атлетико како шо е десеткуван во составот ништо чудно да не изрезилат на Метрополитано. Коста оди на операција и нема да биди на располагање два месеци, нека ја чукаат сега таа црпката шо не донесоа асален напаѓач туку Калинич и Џелсон неспособниот, плус го пуштија Торес кој ќе имаше три пати поголем придонес од овие двата умрејнците.
Валенсија и Билбао го допреа дното дефинитивно, тука негде и Виљареал ама барем покажуваат троа игра жолтите.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Богами Атлетико како клетва да го фати со овие повреди. :)

Барса се врати на врвот, мада играта уште не е таа што ја посакуваме фановите. Очекував дека Алавес ќе им скине бодови на Севиља. Секоја чест за тоа како играат до сега. Ако го задржат ова темпо Лига Европа не им бега во најмала рака.

Севиља па покажува дека нема константност за да се бори за врвот. Тоа што беа лидери на два пати беше пошто никој не доминира и резултатите им одеа во прилог. И покрај се очекувам Барса, Реал и Атлетико со тек на време да си ги заземат првите три места.
 
Изгледа клетвите мои за напаѓачите за да има повеќе минутажа Торес дури сега почнаа да фаќат :pos: Гамеиро и Вието слепците дури беа, Коста ни крив ни должен си го папа, карма ми се деси :place:
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Штета што Гарсес нема да добива шанса пред Николче. Гелсон треба да игра прва постава без разлика дали е некој повреден или не. Кореа и Лемар не се на ниво.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Штета што Гарсес нема да добива шанса пред Николче. Гелсон треба да игра прва постава без разлика дали е некој повреден или не. Кореа и Лемар не се на ниво.
Whaaat ?? Кореа игра моментално сезона живота ти викаш не е на ниво:) кога да влези од клупа се осеќа разлика ОГРОМНА на теренот, Николче да не се расони Мадрид, дај Господ уште сега Кина нека зафати, не знам кој беше толку ретардиран во клубот шо го зуцна неговото име воопшто, златен Стуани беше на располагање ем поефтин башка Уругваец :love: онај мртовецот ќе го гледам кај шо ми се влечка на терен па уште деветката назад кога ќе му ја видам :tapp: ми иди до Мадрид да одам и да му го слечам дресот
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Еве го братот Калиниќ го отвори колото со гол. Џабе му ја јадат душата на човекот. :P

Интересно коло ќе биде ова. Чоловци на ниво денес, очекував малце потешко да им биде со Алавес. За вечер се јадам што не можам да го гледам градското дерби ама мора да се рока на Таксират. :D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Ова шо го прај Чоло со тимот години наназад е нестварно, денес со десеткувана одбрана, со Саул бек и пола играчи од кантерата не им дозволи на Алавес да прднат на терен, а има уште на форумот шо го викаат орангутан шо знај да скока само, 99 % го посакуваат за тренер да им биде во клубот за кој навиваат.
Монтеро искина од кога влезе ИСКИНА, мора да добива повеќе минутажа кини детето.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom