KSC Tribute - Владо Јаневски

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување
Таа е Цреша, Марче. Си ги измешал малце песните.

Хрватскиот текст на Игри без граници е исто на Мирослав Рус, ама таа е оригинална песна напишана за Тоше. На македонски преведена од Весна Малинова. Од тој албум само текстот на Среќна ли си ти е преведен од Владо.
Така ми искочи на официјалниот профил на инста дека таа песна е на Владо текстот.
Гледам на нет стои дека музиката е на Рус, а текстот на Владо.
Од цел албум стои само таа песна негов текст, а останатите меѓу кој Среќна ли си ти на Весна Малинова.
 
Каде на нет? Еве ти најточно на Discogs: https://www.discogs.com/release/420...LlJQhT7EAYFtMdVPI2IhiXK9PhmMdhnMCOlKWiGM72mB4
Не е на Владо тој текст.
 
Еве инаку листа на сите текстови на Владо Јанески кои ги напишал за други изведувачи:

Драган Вучиќ - Твоите очи шараат
Меморија - Ој кревете, чудна справо
Куку Леле - Заборави (ова е римејк на неговиот оригинал, од Ластовица)
Ребека - Мачо
Дуле и Коки - Лола
Осман Хаџиќ - Гдје је сјевер...
Андријана Јаневска - Твоето писмо, моја Библија
Каролина Гочева - Љубовта е моја религија
Каролина Гочева - Срешќемо се опет
Даниел Ѓокиќ - Узми ми душу
Даниел Ѓокиќ - Волим ко и ти
Даниел Ѓокиќ - Ожиљак пораза
Даниел Ѓокиќ - Субота
Даниел Ѓокиќ - Уживам да крадем
Тамара Тодевска - 1003
Андријана Јаневска - Љубомора
Тијана Дапчевиќ - На раскршќу
Тијана Дапчевиќ - Челична песница
Александра Пилева - Сонце и месечина
Тоше Проески - Полско цвеќе
Тоше Проески - По тебе (превод од српски)
Тоше Проески - Рани на усните (превод од српски)
Тоше Проески - Слушаш ли (превод од српски)
Тоше Проески - Малечка (превод од српски)
Тоше Проески - Громови на душа (превод од српски)
Тоше Проески - Лошо ти стои (превод од српски)
Тоше Проески - Кој ли ти гризе образи (превод од српски)
Тоше Проески - Нај нај (превод од српски)
Адријана Алачки - Љубомора
Тоше Проески - Среќна ли си ти (превод од хрватски)
Верица Пандиловска - Капка пот

толку се.
Автоматски споено мислење:

Исто ја има напишано Твојте Очи која Чолиќ ја има препеано.
Ронче, во денешно време многу лесно можете да ги проверите нештата за кои мислите дека се факти, а врска нема. Владо ја напишал „Твоите очи“ во 1996 за неговиот албум „Се најдобро“, а Чолиќ се вратил во времето, 13 години пред тоа и ја препеал во 1983 за неговиот албум „Шта ми радиш“?

„Твојте очи“ е со текст на Бајага. Дури и на албумот на Владо стои credits: Момчило Бајагиќ. Тој само го има преведено текстот на македонски:
1782760555168.png
 
Некоја 2007, Рокси клуб Тетово и детските забави кои ги тераше Џина Папас Џокси. Ја изгоре од вртење. Мислам дека во тој период излезе песнава.

Моите први "излегувања", ако тоа може така да се нарече :icon_lol:
 
„Твојте очи“ е со текст на Бајага. Дури и на албумот на Владо стои credits: Момчило Бајагиќ. Тој само го има преведено текстот на македонски:
точно, но песната е од албумот Парче душа 1993 год
 
Ова е можеби првата песна на која се сеќавам од Владо
Најдобриот спот со тие VR очилата или што и да беа во тоа време.

Од како знам за Владо секогаш ми бил шмекер. Многу шмекерски шизел на Нусе кога гостувал на Водени Лудории.

Моето прво запознавање со ликот и делото на Владо Јаневски

Генерации израснаа со неговата музика, неговите автентични стихови, неговата препознатлива интерпретација. Еден од највлијателните македонски музички творци. Верувам дека неговите песни уште долго ќе живеат низ генерациите.

Ова е најубавиот спот направен за Македонија :oeoeoe:

Овој спот беше добро направен

Исто и овој
 
Back
На врв Bottom