Така да, кој ви е крив што имате модератор што и по сто години на полу-мртов подфорум со една активна тема, не знае да постави тема на KSC, па мора уште еден модератор да долетува со објаснувања..
Овој подфорум има потенцијал, се’ што треба е да ставиш песна: копи-пејст на линк, а притоа може да се организираат натпревари, како на пример темата Пронајди го бендот/песната, може да има уште една тема „Денот звучи како...(наменска)“, каде една недела ќе се постираат само песни согласно намената на темата (лето, пар/непар година, рок...). 30 дневниот предизвик беше интересен. Може албум на неделата/месецот (сепак не секој има време да ислуша еден албум во текот на денот). Па и „Бенд на тапет“, каде ќе се запознаеме со повеќе бендови, можеби нешто ќе ни се допадне. Дури и може да се направи и прашалник, така ќе се развие и дебата. Секој ден (или на неколку денови, небитно) да има различно прашање, иницирано од модераторот, на кое ќе се даде одговор и ќе се продискутира. Независно дали прашањето е поврзано со субјективната природа на поединецот, или од него ќе се бара општ став поврзан со тематиките на овој подфорум. Дури и на темата “10 песни со...“, би ставал песни, а не би пишувал наслови од песни. Така е поинтересно. Па и полесно. Дури има и музички документарци, може и за тоа да има тема. Комбинација на музика и филм во едно...
За жал на форумов остана само еден модератор кој вложува во својот подфорум, се обидува да го одржи во живот, со нови теми и интересни предизвици. Другото тапа џонсон.
Проблемот е во тоа што модераторот, на Музика, е ужасно-ужасен, но одговорен. Тука си отвора редовно теми, барем припазува оваа традиција да не замине во историјата, за тоа мора да и се даде кредит. Ова не е навреда, ова е критика.
Јасно ми е дека има се помалку и помалку членови, меѓутоа и да се вложи одреден мал, минијатурен напор, тој многу ќе се цени. Меѓу другото и за тоа се ставени, да иницираат дебати, а не само да бидат сообраќајци, пред се на ваков подфорум каде има точно нула пријави. Ете и идеи, нека си направи организација, можеби има и нешто најзино, поинтересно, можеби ќе не изненади со нова тема. Можеби.
