Дивоградителот, узурпатор и урбан мафијаш од Охрид, ГОРАН ТРПЕСКИ викан ТРПЕ, сопственик на градежно крадежно мафијашката фирма ,,ТРПЕ ИНВЕСТ, обвинет во предметот ,,СИНЏИР,, го измамил сограѓанинот СПИРКО ТОПАЛОСКИ викан ТОПАЛ за 30.000 евра, па се сретнале и по кратка расправија, ТРПЕ добил ќотек...
За земените 30.000 евра од ТОПАЛ, ГОРАН ТРПЕ требало да му легализира градба на вила во населба Рача, ама го измамил и не ја завршил работата а пари му земал. ТОПАЛ, познат како човек со краток фитил, вчера го сретнал ТРПЕСКИ на паркинг кај каналот Стуентишча, на влез во кафетерија ,,МОСТ,, па му удрил ќотек, едноставно го нокаутирал...
Со плачење, ГОРАН ТРПЕСКИ се јавил кај повеќето судии и обвинители кои имаат станови на подарок до него, за да не лежи долгогодишен затвор во предметот ,,СИНЏИР,,, па низ солзи барал и издејствувал од криминалците обвинители да побараат притвор за Топалоски, а корумпираните судии подмитени со станови од ТРПЕСКИ, барањето експресно го уважиле, апа СПИРО ТОПАЛОСКИ ургентно бил сместен во 8 дневен притвор, иако за делото кое го сторил никогаш а можеби ни тогаш сторителите не ги притвораат...
Мојот извор од охридскиот суд ми јавува дека буквално комплетното БИТОЛСКО апелационо подрачје било кренато на нозе, во одбрана на ,,ГАЗДА ТРПЕ,,, вриштеле по телефон:
,,ТОПАЛ ДА БИДЕ ПРИТВОРЕН!,,
Најгласен во тие врискотници бил шефот на Вишото јавно обвинителство Битола – ПЕЦО ВЕЗИРОСКИ...
Инаку, за кривично дело насилство, притвор не се одредува, ама ТОПАЛ сепак добил 8 дена, заради напад на ГАЗДА! Може основ да биде, опасност од повторување на делото, ама ГАЗДА ТРПЕ од вчера не престанал да квичи, како којзнае колку јак ќотек да добил за измамата...