Кошаркарски актуелности

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Radical Boy напиша:
Мираковски го заборавив. марин кажал многу пофални зборови за него. Не е Марин уште ама целата работа оди натаму.

Сега читам и Соколов несакал да се врака во македонија, па што ке им остане на работнички? :)
Не верувам дека Мираковски би сакал да дојде во Фершпед јас кога го гледав и играв и баскет и се со него па не е нешто посебно дури дојде на нашиот тренинг и тренерот ни каза за него и тој почна да говоре играл и за репрезентацијата и за ЦСКА ама на мене ме ми се свига како игре игравме баскет нашиот тренер е болје од него ама не игре во некој тим ..
 
Мираковски играл страшно добро годинава. Незнам колку си го гледал како игра кошарка али дечкото е најпаметниот македонски кошаркар после Пеце
 
Radical Boy напиша:
Мираковски играл страшно добро годинава. Незнам колку си го гледал како игра кошарка али дечкото е најпаметниот македонски кошаркар после Пеце

Абе знам за него како што казаа и прва играл во ЦСКА и све убаво за него казано ама ти велам не ми се свигаше како игре то е то , а што е добар ставарно е добар .
 
Фершпед Работнички ги враќа Ѓуров и Трајковски?

Крајот на сезоната и почетокот на преодниот рок носи нови дилеми во "Градски парк".

Можноста да заиграта во НЛБ лигата го натера раководството да ја почне долго најавуваната "реконструкција" на екипата.

Првиот потег беше промената на тренерската позиција. Иако официјалната верзија беше дека Јорданчо Давитков поднел оставка, многу поверојатно е дека тоа било направено "под принуда".

Но како и да е, Давитков веќе не е жител на Градски парк. А новото прашање е кој би можел да биде тоа во овие денови на очекување.

Спортскиот директор Горан Костовски најави дека во најскоро време ќе биде формиран новиот "костур" на екипата. Поточно кажано, составен од шест-седум домашни имиња кои важат за репрезентативни.

Последните најави кои доаѓаат од " Градски парк" е дека на таа листа се наоѓаат и имињата на Марјан Ѓуров и на Бојан Трајковски.

Неофицијално, направени се оние почетни контакти за враќање на репрезентативното крило во редовите на "шпедитерите", кој минатата сезона ја помина како играч на Вардар Осигурување.

Затоа, пак, уште почудно делува информацијата дека екс-шампионот има намера да го задржи во своите редови и младиот центар Бојан Трајковски.

И Трајковски бил на разговор во "Градски парк" на една тема "останување во екипата и во наредниот период".

Но, ако се знае дека Трајковски веќе најави една друга можност, поточно заминување во екипата на АМАК-СП, останува да се види што ќе испадне од оваа желба на раководството на Фершпед Работнички.

www.sport.com.mk

какви засилувања само за јадранска лига нека им служи на чест ако вака го ‘‘засилат‘‘ тимот
 
DoolroX напиша:
Фершпед Работнички ги враќа Ѓуров и Трајковски?


какви засилувања само за јадранска лига нека им служи на чест ако вака го ‘‘засилат‘‘ тимот

Ѓуров уопште не е лош, игра дечкото невидена одбрана и има страшни преиспозиции. Да останеше годинава во Работнички, ке играше место Србиновски и можам глава да ставам дека работнички ке беше шампион со него. Али оној Трајковски оссвен што е висок, ништо друго не сум видел од него, мада еден другар што тренира со него вика дека дечкото е добар. Можеби е добар, ама за АБА сигурно не е
 
Radical Boy напиша:
Ѓуров уопште не е лош, игра дечкото невидена одбрана и има страшни преиспозиции. Да останеше годинава во Работнички, ке играше место Србиновски и можам глава да ставам дека работнички ке беше шампион со него. Али оној Трајковски оссвен што е висок, ништо друго не сум видел од него, мада еден другар што тренира со него вика дека дечкото е добар. Можеби е добар, ама за АБА сигурно не е

тоа мислев и ја :) на работнички му требаат играчи со кои ќе игра во јадранската лига, а не играчи со кои ќе атакува на второ место во нашава :) треба убаво да се одврзе кесето и да се донесат 2-3 квлаитетни странци
 
hmmm....МАк кошарка едно друго да сменам малце јас, синоќа пред утакмицата СА-Јута имаше дебата во студиото на ESPN и имаше тел. разговор со Коби кој беше МНОГУ МНОГУ разочаран и изјави дека сака да биде продаден во некој друг клуб...и кажа дека не постои нешто што би го натетало да ја смени неговата одлука.
 
iLe напиша:
Абе знам за него како што казаа и прва играл во ЦСКА и све убаво за него казано ама ти велам не ми се свигаше како игре то е то , а што е добар ставарно е добар .
Иле ти од каде си подобро пишувај на Струмички ако не знаес Македонски отколку Скопски какви се тие зборови болје све свиѓа а Мираковски е многу добар играч скоро најдобар во ЦСКА даваше по 15 поени во просек со 7-8 асистенции а новиот тренер на ЦСКА ги избрка сите играчи остави само двајца мегу кои и Мираковски и рече дека смета многу на него во наредната сезона а ЦСКА има 5 милиони евра Буџет следната сезона
 
Изгледа дека не бев добро известен Зоран Славнич е нов селектор на Србија....дојде на местото на Шакота...кој даде оставка....пред 2 недели...од неоправдани причини...искрено мислев дека Зоран Савич немал врска со ова не бил вмешан...но и он конкурирал за селектор на Србија
 
Нова шпекулација Слободан Суботич најверојатно ке пројде во редовите на Хрватскиот Сплит...
Суботич играше во Хемофарм,2-3 години во Звезда и една година во Војводина...
 
Незванична информација, Стив Кер ке стане нов Генерален Менаџер на Чикаго Булс. Одлична вест за феноменалниот кошаркарски познавач (порано плејмејкер на Булс од времето на Џордан и Пипен), но лоша вест за оние што ги сакаат неговите аналитички способности (како мене на пример:toe: )
 
Се уште трае неизвесноста дали конечно ќе дојде до долго најавуваната "фузија" меѓу " Вардар Осигурување" и МЗТ Скопје.

"Спојување", не од оној класичен тип меѓу два клуба, со оглед на името кое кореспондираше со актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

А тука се и оние дилеми што по 31 мај, со играчите кои имаа договорни обврски кон Вардар Осигурување.

Доколку се покаже како точна веста дека " Вардар Осигурување" ќе ги пренасочи финансиските средства кон "Јане Сандански", за очекување е дека дел од играчкиот кадар на "црвено-црните" може да го смени дресот во сино-бел, оној на МЗТ Скопје.

Иако неофицијално, постои голема можност барем половина од играчите кои го освоија Купот на Македонија да "се преселат" во " Јане Сандански".

Наводно, веќе се водени првични преговори со Горан Самарџиев, со Марјан Ѓуров, Филип Кралевски и Кирил Павловски за евентуално да бидат дел од проектот наречен МЗТ Скопје - Вардар Осигурување".
 
во денешен спорт пишува фени индустри е подготвен да плати голема сума за да го доведе златко гоцевски во нивниот тим :)
 
DoolroX напиша:
во денешен спорт пишува фени индустри е подготвен да плати голема сума за да го доведе златко гоцевски во нивниот тим :)

Инфо прва рака, 3000 месечно и плус назнам какви си бенефиции
 
Александар Петровиќ е нов тренер на екипата на Свисслион Пелистер.
Петровиќ (35) на клупата на Битолчани го наследува Србинот Зоран Тодоровиќ, кој во изминатата сезона ги постигна најголемите успеси на клубот по независноста на Македонија.

- По 6 сезони на клупата на МЗТ Скопје одлучив да си заминам. Причините за моето заминување во Битола се од лична природа. Очекувам да создадам солиден тим во Битола, а целта ќе ми биде да обезбедиме место во плејофот следната сезона. - изјави Петровиќ на прес конференцијата во Скопје.

Тој ја водеше екипата на МЗТ Скопје од 2001 година, и во изминатиот период играше во финалето на плејофот и во финалето на Националниот Куп. Но, во последната сезона МЗТ Скопје заврши на 5. место и не успеа да влезе во плејофот, а во четвртфиналето на Националниот Куп загуби сензационално од Карпош Соколи 2000 во четвртфиналето.
Петровиќ ја започна својата тренерска кариера во Македонија токму во Пелистер, во 1999 година, кога клубот играше во Втората лига.

- Имаме три приоритетни прашања пред почетокот на новата сезона. Првото беше продолжувањето на соработката со нашиот спонзор, кој е задоволен од нашата работа. Затоа и ја продолжуваме соработката со Свисслион.
Вториот е наоѓањето на тренер, кој е решен со доаѓањето на Петровиќ, еден млад и перспективен тренер.
Останува третиот приоритет, кој е оформувањето на играчкиот кадар за новата сезона. Ние ја продолживме соработката со сите македонски кошаркари, додека странските играчи, кои играа за нас изминатата сезона си заминаа.
Се разбира дека мислењето на Петровиќ околу новите засилувања ќе биде релевантно, но приоритет ни е да донесеме неколку македонски играчи како засилување. - изјави директорот на Свисслион Пелистер, Васко Ковачевски.

Извор:www.basketball.org.mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom