Darling
High Value
PBS Eons, kanal za paleontologija
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Постои еден профил кој се вика The Organic Chemistry Tutor, човек кој снима речиси сѐ за природните науки. Кај него опфатени се математика, хемија (и органска и неорганска), биологија, физика. Профилот е преполн, има видеа за скоро сите теми од горенаведените области. Зборува на англиски јазикИдејата на темата е да се споделат корисни/едукативни јутуб канали од гранка која ажурно ја следите, со цел ако некој потоа го интересира истата тематика да може да си најде корисни видеа и мислења од интерес.
Покрај тоа што ќе споделите канал или повеќе канали од одредена област, би било убаво и во една реченица да напишете за што поточно е каналот, и во што се разликува од другите од таа бранша.
Целта на темава не е да си ги рекламирате своите јутуб видеа, ниту пак да споделуваме влогови и како луѓе се маваат со јајца, туку да споделиме канали на кои би се нашле корисни видеа или пак видеа кои можат да не едуцираат за некоја тематика која не интересира.
Вака нешто би требало да изгледа целата работа:
Криминолошки Youtube канали околу мистериозни убиства, исчезнувања
1. Criminally Listed - канал на кој можете да најдете видеа за документирани мистерични исчезнувања и убиства кои се случиле најчесто на териториите на Америка, но и има голем број глобални мистерии. Особено интересни се решените случаеви, како овие Bizarre Twists
добра страна:
+ детални видеа со кои нараторот се погрижува сликата комплетно да биде доловена
+ на овој канал нема мистерии од типот "марсовец на слика" сите се документирани случаи
често и од базата на fbi земени
+ за разлика од многу други канали, човекот тука сам копа, не копира од други јутуб канали и само менува содржина
лоши страни:
- реклами во некои видеа
- должината на видеата
- гласот е страшно монотон
2. Vintage Files - со овој канал и се навлеков уствари на ова. Нараторот е малку повеќе интересен од Criminally Listed , има случаи кои се детално опфатени, но има и такви за кои не е пружено голем број детали.
добра страна:
+ директно оди на темата, без интро
+ насловот секогаш одговара на тематиката што се обработува во видеото
+ исто сам работи, опфаќа случаи што не се претходно опфатени од никој
лоши страни:
- малку видеа
3. Scary Mysteries - квалитетен канал, кој опфаќа секакви видови мистерии, вклучувајќи и вонземјанци и чудни слики, поради кој и го рангирам некаде под првиве два.
добра страна:
+ постојано нови видеа, супер ажуриран
+ опфаќа секакви мистерии ако некој е љубител на мистерии има за секој по нешто
лоша страна:
- некогаш забегува со теории за вонземјанци итн
4. Top5s и Top 5 Unknows - тука веќе може да најдете се и сешто, од видеа за луѓе што живеат како племиња, до секакви мистерии и хорор приказни. Има секако и многу крими материјал интересен
добра страна:
+ шареноликост
лоша страна:
- најмалку детали во видеата од сите канали погоре
Имам уште многу, но да не претерувам, доколку некој го интересираат, со задоволство би му пратил канали, како и видеа најинтересни според мене од тие канали. Има и случаи и во наша близина, пример случај на германец исчезнат во Варна што уште не е пронајден, една од најголемите мистерии се води. Така да, радо би ве снабдил со материјали "за пред спиење" ако сте љубител на вакви работи.
Бодибилдинг и фитнес Youtube канали
1. Athlean - X - речиси и да нема некој што се занимавал со вежбање дома, на улица или во теретана, а не го знае каналот. Нема што нема да најдете тука, од корисни вежби, до корисни совети како да ги правите/да не ги правите истите вежби, до анализирање на анатомијата на телото, па се до суплементи и исхрана. Буквално се што би можело да се запрашате
добра страна:
+ опфаќа се
+ постојано ажурира нови видеа
+ видеата воопшто не се во ниеден момент досадни
лоша страна: нема
2. ScottHermanFitness - канал кој исто така многу го почитувам, предобар материјал му се видеата каде што директно споредува една вежба против друга и кажува кои се бенефити од едната, а кои од другата и советува која е подобро да ја избереме. Исто така се околу фитнес и бодибилдинг. Добра и лоша страна би било остото како Athlean - X
добра страна:
+ опфаќа се
+ постојано ажурира нови видеа
+ видеата воопшто не се во ниеден момент досадни
лоша страна: нема
Има уште многу други, но овие ми се најкул и најинтересни дечки, па затоа и не ги следам многу другиве, освен ако не налетам на нивно видео барајќи нешто конкретно.
Учење шпански јазик
За оваа намена не користев многу youtube канали, но затоа би издвоил еден што го следев доста.
1. The Spanish Dude - го следев бидејќи во неговите видеа споредува два различни збора со исто значење, и во каква ситуација се користи едниот, а во каква другиот. Пример "beber" vs "tomar", иначе значат "пие(drink)" на македонски
Добра страна:
+ дава примери со конкретни реченици и ги опфаќа сите варијации на шпански, вклучувајќи латино америка, европски шпански, островски итн.
+ мајчин јазик му е англискиот, така да разбирливи се видеата, собира информации од пријатели и од интеренет за конкретна употреба на шпанските зборови
+ пратете ги и коментарите и од таму доста примери кои се надоврузваат на видеото може да најдете.
Лоша страна:
- мајчин јазик му е англискиот, па може е подобро кога директно од шпанец би учел, па и да се мачиш со англискиот акцент на видеата
Чувстувајте се слободно да додадете едукативни јутуб канали кои вие ги следите за вашата тема на интерес, или пак да се надоврзите со некој канал на моите посочени тематики.
Подобар канал од регионов нема
![]()
Gledaj Ovo
Dobrodosli na kanal Gledaj Ovo Ovde mozete naci razne,bizarne,edukativne i zanimljive video klipove Ukoliko vam se svidi sadrzaj kanala,ne zaboravite da ostavite like i subscribe. Hvala vam punoyoutube.com
Има видеа за разно разни занимливости, едукативни видеа.. Видеата се направени како да гледаш некој документарец.
Сонцогор, учам забранета историја со Димче Ацков.
![]()
СОНЦОГОР
Подржете го Сонцогор со донација на : Dimche Ackov NLB - 210501605344714 Девизна сметка : IBAN Code MK07210501605344714 SWIFT TUTNMK22 Главната цел ми е промовирање на убавините , мистериите и заборавените места во нашата околина . Ве молам заследете ме и подржете,заедно сме помоќни .. Тука...youtube.com
Sanja Došen Savatović - психолошки теми