Корисни/едукативни Youtube канали

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMKD007
  • Време на започнување Време на започнување
Benchmark - И овој е српски канал за IT технологија. Имаат добар квалитет видеа. Рецензии на телефони, лаптопи, монитори, гаџети, телевизори и се што спаѓа во IT.
 
https://www.youtube.com/user/JayLenosGarage

Jay Leno's Garage - популарен во автомобилистичките кругови како пасиониран колекционер на стари и нови автомобили. Мислам дека скроз наивно ја почна странава, а веќе видеата му се со професионални камери и опрема. Студио е неговата гаража, а коментира и презентира негови и мотори и возила на негови пријатели. Мене ми се интересни некои егзотични модели што може да се видат, а Лено е цар за муабетење, посебно за коливе што му се пасија, така да, видеата се лесни и забавни за гледање.
 
https://www.youtube.com/user/Teodosijevic/featured

Одличен канал и уште поодличен лик. Корисни видеа од психологијата и справување со разни ситуации и личности.
Најголем впечаток ми остави за енергетските вампири и манипулаторите. Искрено не ни знаев дека ги има постјано околу мене.
Српски канал.

И https://www.youtube.com/channel/UC4rlAVgAK0SGk-yTfe48Qpw мислам дека веќе сите го знаат
 
Не сум нешто по пратење канали, ама Nolifer . ми излезе случајно и си го пратам редовно.
Има нешто за игрици(не ме интересира тој дел) и за храна. Во принцип шета по Белград и по цела Србија и ждере по клупи, сендвичари, пицерии, бурекџилници и некогаш (ретко) внатре во ресторан. Прави некои налудничави рецензии кои 90% му се гласно шматање и стенакње, а останатите 10% јаде гомна без везе, ментиш- црн појас . Не знам што човек сум да ми е интересно вакво нешто, ама ете.

Исто така Тифо Фудбал би го препорачал, нормално се бави со фудбал(од скоро и баскет) и обработува воглавном системи, тактики, финансии и општи фудбалски трендови.
 
TV ARHIVA MKD... фактички голем дел од ризницата на МТВ, документарни, пејсажи, спотови, концерти, села, па дури и подзаборавени детски емисии како Црвено Жолто Зелено и Автограми... и сето тоа со џам слика.

Нема да ме чуди ако каналов го водат некои од вработените во МРТВ (y)
 
каде би нашол ваков gem на друго место :D

Шо е најтрагично, у црнилава на сегашнава телевизија, ќе седнам и гледам некоја репортажа за некои тројца останати 90 годишни селани, снимена пред 30 години...
 
Тоа е интересното, каналов вади емисии кои со години и години наназад не се емитувале на МТВ, а овие ги вадат во кристално јасна слика.
Мора да е некој вработен во телевизијата, нема друго објаснување :D
 
Не мора да значи. Некој на магента може, ги конвертира или само пребацува (не знам како иде, ама сигурно може) - треба само да сака чоек да се замара.
 
Cyan Civilian - канал за туторијали од областа на градежништвото. Најмногу се опфатени тексас графичните калкулатори и софистик, софтверот за статичка анализа.
Видеата ги правиме јас и еден колега од факс. Се надевам ќе помогнат некому.
Намерата ни е да продолжиме и со други теми, како што се механика на флуиди, геомеханика, односно со решавање на задачи пред камера.
 
Каналот содржи интервјуа со личности кои имаат психички заболувања, снимани во различни периоди од минатиот век. Особено го препорачувам документарецот "The Faces of Depression". Исто така има и други интересни видеа со опфат на некои заразни болести.
 
Многу корисен канал за домашни поправки Буквално нема што не пипа србулево, oд струја, до ѕидање, до поправки на мауси од 200 денари. Алал да му е стварно.

https://www.youtube.com/channel/UCMP3-OuUG4AAvivyXlEOLVQ
 
Не мислев дека ќе видам вистински Тарзан/Могли, ама човеков има успеано во тоа.

Back
На врв Bottom