Колку тежи Ленче Софрониевска, поранешната претседателка на Републичкиот судски совет

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.101
Веб-сајт
www.kajgana.com
Десетина атрактивни бутици во строгиот центар на Скопје, дел под закуп, а дел во приватна сопственост, поседува семејството на Ленче Софрониевска, поранешната претседателка на Републичкиот судски совет. Најголемиот дел од нив во Централниот регистар на Македонија е заведен под името „Фешн груп" ДОО Скопје, каде што како сопственици се јавуваат сопругот на Софрониевска, Јосиф и Зоран Антиќ од Куманово. Во својот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата, но не ја пријавила фирмата на својот сопруг „Фешн груп".

Софрониевска веќе неколку дена е недостапна да одговори што содржи нејзиниот анкетен лист и зошто не ги пријавила сите фирми што се водат на името на нејзиниот сопруг.

„Окаиди", „Геокс", „Спрингфилд", „Голден поинт" „Енерџи", „Бос", „Манго" и „Бицијани" се само дел од дуќаните што семејствата Софрониевски и Антиќ ги поседуваат или ги држат под кирија во Градскиот трговски центар или на улицата Македонија во центарот на Скопје. „Време" ги поседува договорите за закуп на деловен простор од околу 320 квадратни метри склучени меѓу „Фешн груп" и АД „Трготекстил малопродажба" во 2002 и во 2003 година, според кои киријата изнесува по 3.500 евра. „Трготекстил малопродажба" по приватизацијата стана сопственост на фирмите на Драган Даравелски, поранешниот директор на царината, кој е осуден на седум години затвор и е во бегство во Србија.
Освен тоа, синџирот дуќани за детска облека „Окаиди" и „Голден поинт" (во ГТЦ и во „Рамстор") се заведени под „Фешн груп" ДОО Скопје. Според податоците од Централниот регистар, сопственици на „Фешн груп" се Јосиф Софрониевски (со вкупен влог од 76.700 денари) и Зоран Антиќ (со исто толкав влог). Управители на фирмата, пак, се зетот на Софрониевска Томислав Крстевски и Тања Антиќ, сопруга на Зоран Антиќ. Фирмите „Фешн груп" и „Леан" се регистрирани на различни адреси. Софрониевска, според законот, била обврзана двете фирми да ги пријави во својот анкетен лист.

Дуќаните „Енерџи" и „Геокс" во ГТЦ се заведени под „Еурофешн трејд", фирма лоцирана на улицата Даме Груев 28. На истата улица и број е регистрирана и „Фешн груп". Како што дознаваме, 50 отсто од „Еурофешн трејд" е основана од фирмата „Адриатик груп", а другите 50 отсто се во сопственост на некоја српска фирма. „Адриатик груп" (под која е заведен дуќанот „Спрингфилд" во ГТЦ) е фирма во целост основана од „Фешн груп", што значи дека меѓу основачите на трите фирми е сопругот на Софрониевска.

Имотот на поранешната претседателка на РСС со години ја бранува јавноста. Антикорупционерите против неа двапати поднесоа прекршочни пријави (кои подоцна застареа) бидејќи таа не го поднесе навреме анкетниот лист за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Пред дваесетина дена Управата за јавни приходи, по иницијатива на комисијата, почна да ја испитува имотната состојба на Софрониевска и на уште 13 други функционери. Епилогот од случајот се очекува идниот месец.
 
Според податоците од Централниот регистар, сопственици на „Фешн груп" се Јосиф Софрониевски (со вкупен влог од 76.700 денари) и Зоран Антиќ (со исто толкав влог).
Ова сигурно е некоја грешка...многу малце пари се тоа...да не е во евра?
Тој.
 
konfiskacija na imot
nisto drugo zatajuvanje na danok nelegalno rabotenje :(gola da seta po ulica i taa i mazi .mame im nivno lihvarsko.
 
Sto e tuka sporno?
Toj si bese vo sema uste od embargoto,a taa celo vreme zemase % od nekoi firmi.Nesto kako Jagnula.Polopovi od advokati zdravje.
 
Спорното е што таа беше избрана за председателка на Републички Судски Совет,значи од арамија директно како газда на сите арамии.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom