Колку е оправдана Заштита на диви животни кога тие ги загрозуваат луѓето и домашните животни ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Во Австралија, Перт, пред 20 години голема бела изеде во 2 напади 2 ца пливачи, воблизина на градската плажа...Официално соопштение бешедека јанадбљудуваат, по Закон кај нив б8ло до тројца даизеде њама проблем, по тоа се ОДОБРУВА ликвидација на големата бела...а ако нападне помала ајкула, мако, бик или друга сорта,може одма да се елиминира...Околу волците, заштитени се речиси секаде, ама Урсулчето се Налути и нареди одстрел, пошто волци го изедоа нејзиниот омилен пони....во Хрватска имаат други мангуплуци, волк ако застрелан затвор мислам, а ако не го застрелаш не ти признава штетата, државниот вештак секогаш измислува дека стоката ја заклал ВукоПас, здивени кучиња, кој не се заштитени, но тие не се подвижни како волкот и не одат во населени места....значи треба прав волк да нарипа на некој политичар или судија па да се сфати сериозно работат:..
 
Последно уредено:
Комунизмот го спомнав како можна причина за наивноста што често се среќава кај постарите генерации во Македонија. Потоа ти ја сврте дискусијата кон тоа што им правеле на дивите животни.

Да не ги спомнувам ни паразитите. Мечките слободно нека си шетаат низ Шар Планина, но во моментот кога ќе влезат во населено место и ќе нападнат човек, треба да бидат претворени во ругузина. Безбедноста на луѓето мора да биде приоритет.
Јузе ова твоево е многу покомунистичко од она што го пишува Фенел.
Како Мао што ги истребил сите врапчиња зошто јаделе од нивите, им краделе на луѓето и од комунистичка глупоќа предизвикал беда и глад.
 
@Justae Verum Мечките во Македонија се заштитен дивеч. Сум се сретнал со мечка, а бев со боева муниција и пиштол 7.62. Вадење петардите, пукање и меца фати магла. Ако решив да ја стрелам две дрва ќе пробушев.
 
Мечките се заштитени животни, од нив само едни животни се позаштитени во Македонија :mad:.
И тие имаат присвоено непишано право да ги убиваат, не само мечките.
 
Мечките се заштитени животни, од нив само едни животни се позаштитени во Македонија :mad:.
И тие имаат присвоено непишано право да ги убиваат, не само мечките.
Па види и тие позаштитените добија прилично 7.62 место петарди :icon_lol:
 
Епа батка штом е по природно право, не ми цивкајте кога баба Мецана ќе ја изеде кравата. Природно таа е повисоко во синџирот на исхрана.
Макар што тоа со домашните животни е повеќе ресорт на волците и лисиците :)
Опнале пчеларници во планина, им ги растирила мечка и таа виновна, ја мајката.
Пчелите се многу побитни од баба Мецана. И друго каде би ги опнале пчеларниците во Сити Мол?:cautious:
 
Пчелите се многу побитни од баба Мецана. И друго каде би ги опнале пчеларниците во Сити Мол?:cautious:
Таму кај што живее Мецана не им е место на пчелите. Таму тие си имаат свој систем, на кој Мецана може да им плукне под улиштето.
 
Таму кај што живее Мецана не им е место на пчелите. Таму тие си имаат свој систем, на кој Мецана може да им плукне под улиштето.

Мислам забегувате со ова животно љубие. Ги гледам дури на видеа како имаат работа со дивеч и мислат дека имаат некои натприродни сили да ги припитомат, пред да бидат нападнати.
 
Мислам забегувате со ова животно љубие. Ги гледам дури на видеа како имаат работа со дивеч и мислат дека имаат некои натприродни сили да ги припитомат, пред да бидат нападнати.
Ронче, јас сум од село. Израснат меѓу животни, што домашни што диви, знам да правам разлика и знам каде е чија граница.
Дивеч е дивеч и таков треба да си остане, човек е човек, ако е човек, таков исто треба да остане.
Во таа корелација, човекот е тој што напиња и ги поместува границите со сила. Планинарски дом овде, планинска куќичка онде, пешачка патека УПМ, да се релаксирал од Скопјето и гужвите. Па со онаквото ли ве тераше некој да се бутате во џунглата? Да си седевте Гостивар или Кича, ќе бевте на чекор од природата и ќе разбиравте кој е кој и каде припаѓа.
Не сум јас кротител на лавови, напротив. Ама тоа дека човекот е на врвот на синџирот на исхрана, сфатете еднаш, покрај права, носи и обврски.
Наша обврска е да ги оставиме дивите животни да си го живеат животот. Ако налетаме на Мецана, значи погрешна математика, беш га си паднал на испитот :toe:
 
Многу животни влегуваат во места каде што живеат луѓе и доаѓа до опасни ситуации. Не биле будали стотици години во минатото што ги чистат у околината на селата, сега почнаа да се праат паметни и дивината зема замав. Али кога ќе видиш како кучиња скитници не јадат живи 365 дена, малку ни е.
Имало и умни ко тебе во средновековието со разбирањето дека мачките се вештерки и гласници на Ѓаволот и после ги изела црна чума од стаорци затоа што немало баланс во природата.
По највисокото право, природното. Заслужено со дејанието искачување на синџирот на исхрана и доминација. Уништуваме доволно до пред да премине во неповратно.
Се согласувам делумно. Секое животно што доминирало (без глупиот човек) не уништувало пасишта и хабитати на другите животни, и не ги убивало послабите онака, туку ги користело за храна. Не им правело геноцид до истребување за кур ќеиф и профит.
 
Има една историја за волците во Јелоустон.
Еве ја на јутјуб. Погледајте, може ќе ви светне сијаличката!
 
Точно, можеме да бидеме и сме биле огромни штетници, но сме ултимативниот природен предатор за секој вид и сме онаа регулација која @fennel ја мрази. Да, сме уништиле пасишта, но во споредба со природата сме аматери која истребила илјадници видови и еко системи уште пред ние да се појавиме. Не може да велиме дека треба да ги оставиме дивиот свет нерегулиран бидејќи пречесто имало ситуации каде ако еден вид нема природен предатор знае да стигне до истребување на многу други а евентуално и самите себе. Ние сме природната регулација, одговор на секој вид што претендира да доминира, наше природно право е сега да ставаме пчеларници во мечкино дувло и да се осигуриме дека ќе нема проблеми да просперира ако имаме потреба од тоа или ако сакаме да воведеме прирордна регулација. Природата е многу побрутална ако споредуваме, нема она заштитени национални паркови како нас, не одлучува да спаси цел еден вид ако некој природен процес почнал како нас, итн. И од кур ќејф да истребиме нешто, имаме архива да го вратиме и во моментот single handedly одржуваме во живот цели видови. Многу е аматерско она на @fennel да сме оставиле мецаните и волците да си живееле животот, па кога гладни се спуштиле во населено место, ах па тогаш tough luck, си паднал на испитот. Не, паѓаш на испитот по природа ако дозволиш мечка да те изеде а претците те качиле на врвот на исхраната.

Повторлива е дискусијата, сумирано е сѐ во прашањата од @fennel и моите одговори за нив поназад.

Има една историја за волците во Јелоустон.
Еве ја на јутјуб. Погледајте, може ќе ви светне сијаличката!
Умни волци. Во заштитен сендбокс глумат нешто. Ај изгаси ја на момент сијаличката и кажи нешто од историјата која ја споменуваш за волците и нивното припотомување од наша страна или што ќе се случи ако илјадници мечки можат да мигрират во Јелоустоун и ги испоубијат во борба за храна и ресурси волците. Абе види, се согласувам дека премногу се мешаме некогаш, но е сепак "контролирана експлозија", во споредба. Како што ти реков, уништуваме до степен, тоа ни е и слабата и јаката страна истовремено.
 
што ќе се случи ако илјадници мечки можат да мигрират во Јелоустоун и ги испоубијат во борба за храна и ресурси волците.
Види вака, италјанците викаат нема поглув човек од тој што нејќе да слушне.
Прво, пушташ можност дека не уништуваме "контролирано", ама пак го тргаш газот настрана, па хипотетички отвараш опции дека мечките ќе ги изеле волците и тука луѓето се пасс.
Мечките во Јелоустоун може да има +/- 10% не повеќе, тие се размножуваат според ресурсите во околината. Волците не се нивна храна, ако не си знаел 80% од менито на мечките не е месо. Менито на волците и мечките не се вкрстува баш. Отпаѓа таа теорија.
А за испитот, мој став е дека си паднал и тоа јако, ако дозволиш мечка да те изеде. Јак си ми ти ултимејт предатор, кога си дозволил да те победи некој таму 120 на ранг листата.
 
Може нема да те изеде мечка но може да те унакаже тотално. Менување личен опис, губење нога или рака. Мечкиве денешни се многу намножени и стигнуваат многу блиску до населени места на неколку стотини метри па ноќе и низ улици некаде.
 
Види вака, италјанците викаат нема поглув човек од тој што нејќе да слушне.
Прво, пушташ можност дека не уништуваме "контролирано", ама пак го тргаш газот настрана, па хипотетички отвараш опции дека мечките ќе ги изеле волците и тука луѓето се пасс.
Мечките во Јелоустоун може да има +/- 10% не повеќе, тие се размножуваат според ресурсите во околината. Волците не се нивна храна, ако не си знаел 80% од менито на мечките не е месо. Менито на волците и мечките не се вкрстува баш. Отпаѓа таа теорија.
А за испитот, мој став е дека си паднал и тоа јако, ако дозволиш мечка да те изеде. Јак си ми ти ултимејт предатор, кога си дозволил да те победи некој таму 120 на ранг листата.
Па не знам што има толку да се чуе, препишуваш некој успех на волците како природен предатор на еден вид кој правел многу штета, а занемаруваш дека луѓето ги донеле таму како начин за контрола. Ти се дивиш што волците напрaвиле а они биле само оружје на вистинскиот предатор и сејвиор во случајот (да, не се mutually exclusive) човекот. Насловот треба да е како човекот менува реки и ја формира природата и спасува видови, бидејќи волците таму во 95та ги донеле U.S. Fish and Wildlife Service in close collaboration with the National Park Service and Canadian wildlife agencies. :toe:

И ти дадов хипотетичка ситуација за мечките ако ги донесеме како предатор на волците, не е битно колку % се во моментот и знам дека волците не се храна на мечките и дека имаат различно мени, не знам зошто потроши цел пост на тоа кога примерот е валиден сепак, мечките може да ги убијат волците, и ги убиваат, во борба за територија и храна. :toe:

И ако се доселат илјадници по природен пат (ХИПОТЕТИЧКИ) и волците, и вегетацијата и птиците во ценетиот ти Јелоустоун ќе го пишеме историја така, без наша регулација баш како таа што ја постира од минатото?

Прифати си ја улогата во светот, емотивно пристапуваш со муабетите да оставиме дивината да си живее и да не јаде како да не сме ние тие што измислиле нуклеарни и балистички ракети. ;)
 
Back
На врв Bottom