Колку е оправдана Заштита на диви животни кога тие ги загрозуваат луѓето и домашните животни ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
23.485
Поени од реакции
19.325
Локација
Skopje
... зависи кој кому му има влезено во екоситемот и го наруши биодиверзитетот, ако човекот навлезе со урбанизација и лов низ шумите во екосистемот каде живеат тие диви животни со што му се скратува просторот и храната најнормално е истите тие диви животни да навлезат во екосистемот на човекот т.е. во населени места поради недостаток на храна и живеалиште и да му го одземе тоа, што тој му го одзема, животното го прави за опстанок, а човекот од експанзија и ќеф!

... дивите животни не загрозуваат, човекот нив ги загрозува!
 
Многу животни влегуваат во места каде што живеат луѓе и доаѓа до опасни ситуации. Не биле будали стотици години во минатото што ги чистат у околината на селата, сега почнаа да се праат паметни и дивината зема замав. Али кога ќе видиш како кучиња скитници не јадат живи 365 дена, малку ни е.
 
По што ние имаме повеќе права на животниот простор од дивите животни?
Некој ни го има оставено со тестамент, сме го заслужиле со некои дејанија?
Уништуваме се' околу себе, ама пак ни е тесно.
 
По што ние имаме повеќе права на животниот простор од дивите животни?
Некој ни го има оставено со тестамент, сме го заслужиле со некои дејанија?
Уништуваме се' околу себе, ама пак ни е тесно.
По највисокото право, природното. Заслужено со дејанието искачување на синџирот на исхрана и доминација. Уништуваме доволно до пред да премине во неповратно.
 
Секое животно што ќе нападне човек треба да се елиминира, без разлика дали е домашно или диво.

Ако домашното животно е нападнато во населено место или во дворот на газдата тогаш дивото животно треба да биде елиминирано.
 
По највисокото право, природното. Заслужено со дејанието искачување на синџирот на исхрана и доминација. Уништуваме доволно до пред да премине во неповратно.
Епа батка штом е по природно право, не ми цивкајте кога баба Мецана ќе ја изеде кравата. Природно таа е повисоко во синџирот на исхрана.
Макар што тоа со домашните животни е повеќе ресорт на волците и лисиците :)
Опнале пчеларници во планина, им ги растирила мечка и таа виновна, ја мајката.
 
Koј цивка? Природното правило ушто стои, земаш пушка и мецаната што ја изела кравата е убиена за останатите да пасат слободно. Не е природно право на мечката да ја изеде, туку наше природно право да тоа го превенираме врз територија што сме одлучиле да ја владееме безразлика кој бил на врвот претходно на тој еко систем. Кралот е мртов, да живее кралот. Исто и со пчеларниците па и со цели народи и држави, ако посилниот решил таму да има пчеларница, пчеларница ќе има. Ние може од врвот на синџирот да глумиме филантропи само поради тоа дека можеме и за регулација да не премине во непоправлива штета што нам ќе не чини. Но, реалноста е дека тоа се одговорите на твоите прашања:

По што ние имаме повеќе права на животниот простор од дивите животни?
По највисокото право, природното.
Некој ни го има оставено со тестамент, сме го заслужиле со некои дејанија?
Заслужено со дејанието искачување на синџирот на исхрана и доминација.
Уништуваме се' околу себе, ама пак ни е тесно.
Уништуваме доволно до пред да премине во неповратно.

Кажи со што конкретно не се согласуваш па може да дискутираме, само не ми кажувај дека не е фер бидејќи фер не постои во природата.
 
Нема што да се дискутира, се' е јасно.
Ај да не разглабаме филозофии за поведението на најсилниот. Кое треба да е племенито, а не дивјачко.
Батка, некаде сме го изгубиле осетот за линијата која означува премин кон неповратно.
Општо како човештво, не само Македонија.
Во основа мразам регулација на се' и сешто, ама примерите со пчеларникот, па додај на тоа мали хидроцентрали(минирање, неколку годишна работа на тешки машини, уништување на биодиверзитетот....), па соларни централи, па ветропаркови, се' тоа требаше да има научно истражување и законска регулатива, до кај и како може да се работи. Не да се гледа само како да се исперат украдените пари и да се украде дополнително уште нешто.
Ама бидејќи чоечето е уствари само газ, а газот нема наситка, одиме натаму накај што одиме. Дебело загрозувајќи ги природните и законските права (закони кои ние сме ги димензионирале) на дивите животни.
А вака на фон на војниве околу нас, кога ќе видиш што луѓето си прават меѓусебе. Воопшто не зачудува ставот, посилен сум ми се може!
 
Ај да не разглабаме филозофии за поведението на најсилниот. Кое треба да е племенито, а не дивјачко.
Нема тука никаква филозофија, туку чиста физика. Оди сам пред тигар во дивина, без никакво оружје, па види колку ќе ти помогне филозофијата. За десет секунди ќе те претвори во копнено суши.

Имаш премногу наивна претстава за тоа како функционира светот. Можеби тоа е последица на реториката на комунистичките партии (1945-1991), чија цел беше да го пацифицираат населението за полесно да ја задржат својата власт.
 
Зошто би одел пред тигар во неговиот животен простор?
Живееле тигри, мечки, волци и луѓе и пред комунизмот.
Ако сакаш да знаеш, баш во комунизмот маме им онадеа на дивите животни.
Од Солунска глава до Огражден, во периодот 1955 до 1970 немало ниеден волк.
Првиот се појави во 1969 и беше експресно убиен.
Ако ти смета комунизмот, оди на друга тема, овде немаш материјал за тоа.
 
Зошто би одел пред тигар во неговиот животен простор?
Живееле тигри, мечки, волци и луѓе и пред комунизмот.
Во природата, а и во многу други сфери, најсилниот го наметнува своето. Ако сакаш да биде по твое, тогаш мора да бидеш најсилниот.
Ако сакаш да знаеш, баш во комунизмот маме им онадеа на дивите животни.
Од Солунска глава до Огражден, во периодот 1955 до 1970 немало ниеден волк.
Првиот се појави во 1969 и беше експресно убиен.
Ако ти смета комунизмот, оди на друга тема, овде немаш материјал за тоа.
Реков дека една од целите на комунизмот беше да го пацифицира населението. Ако навистина ги убивале дивите животни, тоа само оди во прилог на моето тврдење. Комунизмот, како паразитски поредок, одамна заврши на депонијата на историјата, токму таму каде што и му е местото.
 
Во природата, а и во многу други сфери, најсилниот го наметнува своето. Ако сакаш да биде по твое, тогаш мора да бидеш најсилниот.
Реков дека една од целите на комунизмот беше да го пацифицира населението. Ако навистина ги убивале дивите животни, тоа само оди во прилог на моето тврдење. Комунизмот, како паразитски поредок, одамна заврши на депонијата на историјата, токму таму каде што и му е местото.
Дете, тебе на друго место те чеша.
Оди таму не ја загадувај темава. Може има некој кој нешто конструктивно ќе ми одговори, не комунизам, Маркс и Енгелс биле криви, што мечки шетале по Шар планина :cenzura:
 
Комунизмот го спомнав како можна причина за наивноста што често се среќава кај постарите генерации во Македонија. Потоа ти ја сврте дискусијата кон тоа што им правеле на дивите животни.

Да не ги спомнувам ни паразитите. Мечките слободно нека си шетаат низ Шар Планина, но во моментот кога ќе влезат во населено место и ќе нападнат човек, треба да бидат претворени во ругузина. Безбедноста на луѓето мора да биде приоритет.
 
Мечките слободно нека си шетаат низ Шар Планина, но во моментот кога ќе влезат во населено место и ќе нападнат човек, треба да бидат претворени во ругузина. Безбедноста на луѓето мора да биде приоритет.
Не можат да шетаат слободно. Кога можеа можеа, сега тоа заврши. Некомунистите им ја уништија природната средина, изградија 7 мали хидроцентрали. 5 години минираа и копаа со багери и булдожери. Сега до Лешница е автопат. Селаните од Бозовце, Вешала, Бродец избегаа во Хрватска и Италија, мечките уште не се.
Покрај привилегиите луѓето треба да имаат и одговорност, не само да се труби: безбедноста на луѓето, безбедноста на луѓето.
Ете ти наведов жив пример, зошто прво треба да се рипне па да се викне оп. Не може само да бараш од природата, треба нешто и да дадеш, а во овој случај е животен простор и спокој на дивите животни.
 
Back
На врв Bottom