Јас не знам како воопшто помислувате на такви работи без да фатите убаво да го осмислите бизнисот што го планирате.
Значи, за колокација треба да ти дадат струја, 24 часа дневно секоја минута од секој час, 30 дена во месецот. А тоа чини пари. Само на струја да седи компјутерот чини одредена сума.
Треба простор да ти изнајмат на ракот. И тоа чини пари.
Серверот да си го купиш, чини многу пари. Зборуваме за МАШИНА, не зборуваме за компјутерче на кое ќе плескаш кантер 2 часа дневно, 3 пати неделно.
Конекција према интернет....
Не е ефтино и не може да биде ефтино. Е сега, дека нема логика и 1000 евра месечно да чини, нема. По светот цена на колокација со 20A ел. енергија, 10 или 100Mbps full-duplex конекција, одреден bandwidth (1-2-5TB месечно)... чини околу 100 евра месечно. За dedicated bandwidth (конекција која е само твоја и не ја делиш со никој друг во дата центарот) сметај цена од ~3 евра месечно по мегабајт. Значи тоа се светски цени. Кај нас (телеком, други не знам) 5Mbps full-duplex dedicated bandwidth чини околу 120.000 денари месечно или 2000 евра.