Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 48: @Zlatikevichius - Бракот како институција треба да се укине)

Бракот како институција треба да се укине

  • Вкупно гласачи
    36
Е па тоа го збориме де. Надвор од брак, купуваш стан заедно со партнерот, на нотар потпишувате дека е заеднички и that's it. Што ќе ти е брак да те штити? Па и вака, и така неговата половина ќе отиде кај негови родители, браќа, сестри.
Автоматски споено мислење:

Ете, пр, што не можеш да купиш имот сам.
Е сеа прашањето е, зошто би сакал да купиш имот сам кога си во врска сериозна како брак?
Значи сакаш да направиш нешто спротивно од тоа што го сака партнерот. Наместо да се реши конфликтот (да се донесе одлука) со ова само би го продлабочило проблемите (купување на своја рака).
Што се однесува до имотот купен во брак, на тој секогаш ќе има предност брачниот партнер / децата пред фамилијата на партнерот. Така да не е точно дека ќе заврши во нивни раце.
 
Е па тоа го збориме де. Надвор од брак, купуваш стан заедно со партнерот, на нотар потпишувате дека е заеднички и that's it. Што ќе ти е брак да те штити? Па и вака, и така неговата половина ќе отиде кај негови родители, браќа, сестри.
Апсолутно не. Во брак ако почине едниот од партнерите, неговата половина оди кај другиот партнер и кај децата, а не кај негови родители, браќа и сестри.

Надвор од брак, оди кај негови родители, браќа и сестри, а жена му со децата треба да живее во стан каде што свекорот и свекрвта или деверот, се сопственици на половина од нејзиниот дом. Ако они одлучат да го продадат станот, жената и децата ќе останат на улица. Значи, во твоето вонбрачно сценарио кај нотар, ти децата и жената ги оставаш на милост и немилост на свекорот и свекрвата. Па ти сега види дали е исто.
 
И на кој начин е погрешно тоа што си го заработил/наследил сам да не го делиш освен ако не сакаш?
Наследство за децата? Автоматско е ако и двајцата се легални старатели.
Како мислиш предмет на докажување? Тоа што си во брак е доказ дека детето е твое? :D
Каде реков дека нешто е погрешно? :)

Мислев на наследство што следува на сопружник (во брак), не за децата. Они се башка. :D
 
Сеа гледам, фино средиле нордијците коа не си во брак:
  • Имотот е поделен, освен она што е земено и заведено како заедничко, сѐ друго е индивидуално.
  • Наследсвото не е автоматско и потребен е посебен тестамент.
  • Кој е татко е предмет на докажување
  • Нема автоматизам кога се во прашање медицински или финансиски овластувања во случај партнерот да е онеспособен.
Заебанциите што може да се десат за време на (легална) миграција или што произлегуваат од правни постапки се башка.
Така де! Тука ви смета парче хартија, а не модерен воук-фашизам кај што државата (истата таа Норвешка за која зборуваш), може да дојде и да ти ги земе децата од дома, само затоа што некој социјален работник проценил така! Или наставничката кажала дека си лош родител ако не му дозволуваш на момчето да облече фустанче зошто тоа е "педерастично"!

Молим ви се :cautious:
 
Па кај нас имаш деца што секој ден гледаат мајка им/татко им е тепан/а а социјалните работници не се замараат, па сеа ќе ги судиме овие што си го средиле тој проблем.
 
Така де! Лошите бракови и родители ќе ги поправате со екстремен либерал-фашизам, место да се среди судство, полиција :cautious:
Логика "тавче"!
 
Е сеа прашањето е, зошто би сакал да купиш имот сам кога си во врска сериозна како брак?
Значи сакаш да направиш нешто спротивно од тоа што го сака партнерот. Наместо да се реши конфликтот (да се донесе одлука) со ова само би го продлабочило проблемите (купување на своја рака).
Што се однесува до имотот купен во брак, на тој секогаш ќе има предност брачниот партнер / децата пред фамилијата на партнерот. Така да не е точно дека ќе заврши во нивни раце.
Еве една хипотетичка ситуација: жената сака да се разведе од мажот, заработува повеќе од него и сака да земе станбен кредит и да си купи сопствен стан, зашто во спротивно по разводот ќе остане на улица и ќе го изгуби родителското право над децата зашто нема сопствено живеалиште. Или, друга ситуација - мажот и жената во брак се финансиски независни еден од друг. Едниот сака да купи сопствен стан со своите финансии, но не може.
Автоматски споено мислење:

Апсолутно не. Во брак ако почине едниот од партнерите, неговата половина оди кај другиот партнер и кај децата, а не кај негови родители, браќа и сестри.

Надвор од брак, оди кај негови родители, браќа и сестри, а жена му со децата треба да живее во стан каде што свекорот и свекрвта или деверот, се сопственици на половина од нејзиниот дом. Ако они одлучат да го продадат станот, жената и децата ќе останат на улица. Значи, во твоето вонбрачно сценарио кај нотар, ти децата и жената ги оставаш на милост и немилост на свекорот и свекрвата. Па ти сега види дали е исто.
Ама кој вика дека ќе биде така во хипотетичко општество во кое бракот не постои?
 
Како ја штити бракот повеќе жената? Please explain yourself.

При развод, детето и се доделува во 90% од случаите. Само по себе тоа е доволно за еден куп напатени мажи да живеат кошмари со разни караконџули и да мора да голтаат кнедли по цел живот.

Сепак, поддржувам брак како институција. Кој очекува среќа, нека си остане во забавиште.

хаха, вратете си ги лајковите :D:D:D
 
Еве една хипотетичка ситуација: жената сака да се разведе од мажот, заработува повеќе од него и сака да земе станбен кредит и да си купи сопствен стан, зашто во спротивно по разводот ќе остане на улица и ќе го изгуби родителското право над децата зашто нема сопствено живеалиште. Или, друга ситуација - мажот и жената во брак се финансиски независни еден од друг. Едниот сака да купи сопствен стан со своите финансии, но не може.
Ќе се јавиш во судот, ќе покренеш тужба за развод и ќе си дадеш изјава дека сакаш заедничката сопственост да биде прекината од моментот кога сте се разделиле. После тоа можеш да си трчкаш стан. :)))

Или ќе си зборнеш со родител, он да ти го купи станот :))
 
При развод, детето и се доделува во 90% од случаите. Само по себе тоа е доволно за еден куп напатени мажи да живеат кошмари со разни караконџули и да мора да голтаат кнедли по цел живот.
И капак на се таа да му забранува да го гледа детето затоа што лошо му влијаел додека таа се ебава со други пред негови очи.
99% од американките што се самохрани мајки се вакви.
 
При развод, детето и се доделува во 90% од случаите. Само по себе тоа е доволно за еден куп напатени мажи да живеат кошмари со разни караконџули и да мора да голтаат кнедли по цел живот.

Сепак, поддржувам брак како институција. Кој очекува среќа, нека си остане во забавиште.

хаха, вратете си ги лајковите :D:D:D
Така е.

И еден куп напатени жени, живеат кошмари со караконџули дома и голтаат кнедли за да не дојде до развод. Ама ете, се дешава нели.
 
Ќе се јавиш во судот, ќе покренеш тужба за развод и ќе си дадеш изјава дека сакаш заедничката сопственост да биде прекината од моментот кога сте се разделиле. После тоа можеш да си трчкаш стан. :)))

Или ќе си зборнеш со родител, он да ти го купи станот :))
Стварно се воздржувам од употреба на ад хоминем и навреди, секогаш, ама со секое ново мислење ми викаш - "те молам, влези ми со клизаќи".

Ако имала пример родител она, дали сериозно мислиш дека би останала на улица?

Ама ете и да имала родител, ама не можела да живее со него дека му смрделе чорапите, што ако тој не е кредитоспособен за да и го купи станот?
 
Така е.

И еден куп напатени жени, живеат кошмари со караконџули дома и голтаат кнедли за да не дојде до развод. Ама ете, се дешава нели.
Истиот одговор како кон Дарлинг! Борете се за подобри (државни) институции, а оставете ја институцијата брак настрана!
 
Стварно се воздржувам од употреба на ад хоминем и навреди, секогаш, ама со секое ново мислење ми викаш - "те молам, влези ми со клизаќи".

Ако имала пример родител она, дали сериозно мислиш дека би останала на улица?
Не, ама ете сакаш сопствен стан ти во твоето хипотетичко сценарио.

Зошто па да нема родител?

Ајде слободно, употребувај навреди, нема да се налутам. Уживај.
 
Back
На врв Bottom