Немаме правено некои бељи со штета на инвентарот, ама затоа цела година лани вриевме, не нервираше една професорка и годинава дојде времето за освета

Има 2пати неделно кај нас час, и тоа 7ми.7ми ко 7ми, на сите преку глава им е дојдено, окапале на школо.Ние веќе збеснати не знаеме што да правиме, професорката од претходните класови извадена од такт и уште ние и фалиме.А оваа година и сме слаба точка.И секој час правиме работи што ја нервираат, се дереме на час, смеење, викање, пцуење, трескање со клупите и столчињата.Ова последново ја пореметува целосно.Еднаш толку ни беше смачено од неа и решивме целосно да ја збудалиме.Резултат: жената целосно се поремети, почна да вика и да пишти, скокаше како да е во лудница, се дереше и на крај ги зеде клучевите од дома и почна да гребе со нив по катедрата и ѕидовите.Тој ден нема да го заборави

Пред некое време додека беше светското во ракомет, не фати еуфорија и игравме со шише од сок ракомет во ходникот баш пред нејзината училница

И доаѓа таа пишти како нездрава, го зеде шишето и еден ученик во канцеларија демек ќе го казнувала.И почна да ни се дере и ние и аплаудиравме.Отвори пак уста, ние пак аплауз.Пак проба да зборне, пак аплауз.И на крај пак се скрена и почна да пишти пак.
А во основно, имавме еден наставник кој воопшто не се грижеше што се случува на часот.Доаѓа тој на час и почнува да предава ние сите собрани играме вистина или предизвик

Тој пишува на табла, таман завршил се и пробува да објасни станува некој и брише се што е напишано.На тест ќе се соберевме сите кај едно дете на клупа, пошто беше генијалец и сите од него препишувавме

Имавме еднаш физичко и игравме фудбал, а овој доаѓа баш тогаш на работа и сите му се стрчавме ќе правевме пирамида врз него
